ПАМЕЛА АНДЕРСОН ИСКРЕНО

Годините не ми можат ништо - љубовта допрва доаѓа

Иконата на култните серии од 90-тите и Playboy зајачицата, Памела Андерсон се уште е бомба, која буди фантазии. И на 48 години кога ќе облече бикини изгледа многу посекси во споредба со некои 20 годишни девојки. Оваа година работеше на неколку филмови, во кои освен како актерка се појавува и како режисер. Токму претходниот месец гордо зачекори на премиерата на краткометражниот филм „Connected“.



Исто така, се потпишува и како режисер на филмот „The People Garden“, каде што се раскажува приказната за една девојка која сака да замине во Јапонија за да раскине со нејзиното познато момче, при што сфаќа дека се изгубила во шумата. Во самиот трејлер од филмот, може да го видиме голото тело на Памела.

Памела има основано фондација со која ги заштитува животните и животната средина, како и собира фонд кои подоцна го донира во соодветно развиените организации, како што се PETA, Mercy for Animals и Waves for Water. Но, да оставиме самата да ни каже за нејзината успешна година.

Во последните две години, се поактивна си со твојата фондација Pamela Anderson Foundation. Кои се целите на оваа фондација и како планираш да ги исполниш?

-Со фондацијата почнав да се занимавам пред 10 години, но токму последните две години целосно се посветив. Целта на фондацијата е да евалвира, како што јас евалвирав како активист. Имам интелигентни и едуцирани пријатели, од кои учам секојдневно. Се трудам од луѓето кои работат да го извлечам најдоброто и да им објаснам колку треба да се трудиме за околината и за животните.

На официјалната страна стои: Мора да се каже гласно и храбро..на провокативен начин. На каков вид провокација мислиш?

-Мислам дека провокативноста е клучна за мојот живот во секој аскпект. Не сум амбициозна и пресметлива, но знам добро да слушам. Сочувствувам со речиси сè, а сега во мојот живот се трудам да ја одржам љубовната врска со планетата и сите живи суштества. Жените се добри во организациите.

Формираше и свои компании со кои сакаш да ја заштитиш животната средина?

-Да, имам неколку, меѓу кои и веганска изработка на чевли и други продукти изработени од рециклирана електроника и слични материјали. Исто така имаме компанија за шишиња, при што ги заменуваме обичните шишиња со подобри био-разградливи шишиња.

Дали и твоите синови се вклучени во овие акции?

-Да, и двајцата се активисти. Беа на Фарските острови за да ја подигнат свеста на тамошното население за ужасното злосторство со китови кое се случи во таа област. Посвоив и трет син, кој постојано е со нас и на кој сум многу горда. Тој има мисија да ги заштити делфините. Сите се креативни и паметни уметници, па возбудена сум да видам каде ќе ги одведе животот.

Твојот приватен живот постојано беше изложен во таблоидите, но не може да кажеме дека ја знаеме вистинската Памела. Како би ја дефинирала љубовта?

-Љубовта за мене значи да сакаш без да си приврзан, да си ги подржувате соништата и да не сте себични егоисти. Тешко е и на моменти полудуваме, но  тоа е благослов на човештвото. На никого не му должиме ништо. Секој знае дека јас сум диво цвеќе и тешка сум за скротување. Но, исто така сум верна и старомодна.

Постои ли љубов во твојот живот?

-Не сум сигурна дека има маж кој може да го опишам со тој збор. Но, си ги сакам моите момци, фамилијата и кучињата.

Што бараш во една врска? Дали уште те привлекуваат лоши момци?

-Сите сме добри и лоши. Лошото обично е штит за несигурност, а штом еднаш ќе има сигурност, лошото го снемува. Потоа треба да се надеваш дека се уште ќе биде интересно.

Кој ти бил најромантичен момент во животот?

-Па целиот живот ми е исполнет со романтика. Сакам цвеќиња, но не чекам други да ми ги поклонат. Сосема во ред е да си сам, при што го користам времето за да пишувам романтични приказни, бидејќи многу фантазирам.

Baywatch беше еден од најдобрите филмови со тебе. Кои се твоите чувства денес токму за таа улога?

-Ах, тоа беше мојата омилена улога! Бев секој ден на плажа со моето куче и уживав во океанот и на плажата. И онака ќе бев таму, па уште па и ми плаќаа за тоа!

Што се случи со фамозниот црвен костум за капење?

-Го продадов за мојата фондација. Не ми требаат работи да ги чувам кои нема да ги облечам. Постојат многу поважни организации кои треба да се поддржат.

А како си задоволна од улогата во „Connected“?

-Тоа е мојата прва сериозна улога. До сега можевте да ме гледате како трчам гола или во бикини, но овој пат навистина сум драматична.

Дали мислиш дека годините те газат?

-Всушност, го сакам стареењето и не се плашам од тоа. Има многу повозрасни жени во мојот живот, вклучувајќи ја и мајка ми, која е жена со гламур, стил и забава и кои ми служат како пример Не е крај ако стареам. Знам дека имам многу работи на кои треба допрва да им се радувам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...