Ако си готвач научи да готвиш како што треба!

Гордон Ремзи е човек кој нема влакна на јазикот, ниту кога станува збор за храната, ниту кога станува збор за животот.

Британскиот готвач, чии ресторани се имаат закитено со 16 Мишелин ѕвезди, е воедно и еден од најпознатите ТВ ликови во светот на храната.



Неговите шоуа како „Masterchef“ и „Hell’s Kitchen“, привлекуваат милионска публика ширум светот, па сосема разбирливо е зошто Ремзи и понатаму останува на тронот на популарност.

-Започнав од ништо. Имав погрешни карти и воопшто не требаше да стигнам до тука, Но се држев до мојот сон и бев фокусиран. Секогаш бев насочен кон најдоброто, што се покажа како многу мудра одлука. Треба да знаеш дека не се раѓаш како најдобар готвач, мораш да работиш на тоа. Татко ми беше алкохоличар, а мајка ми работеше како готвачка и како медицинска сестра. Често се селевме, сменив 17 училишта за неколку години и сето тоа поради татко ми. Мошне рано сфатив дека мора да излезам од таа ситуација и да ја заштитам мајка ми, раскажува Ремзи.

Во готвењето нашол своевидна утеха од лошата животна ситуација, па се потрудил да го извлече максимумот од тоа. Денес, многумина го сметаат за значајно ТВ лице, но тој потенцира дека тој е само готвач, кој случајно влетал во бизнисот.

-Пред телевизијата, јас си го научив занаетот. Има илјадници ТВ готвачи кои немаат палета на вкусови, не знаат да направат сендвич, а уште помалку да водат ресторан. Јас не сум ТВ готвач и покрај тоа што работам на телевизија. Само продуцирам многу емисии и точно знам што сакаат гледачите.

Шеснаесетта сезона на „Hell’s Kitchen“, само што започна, а на Гордон не му се верува дека поминаа точно десет години откако ова шоу за прв пат беше прикажано на малите екрани.

-Кога јас бев на нивни години и полека се искачував кон врвот, немаше вакви нешта. Ова е неверојатна платформа на која може да создадат нешто подобро за себе си. Никогаш немаше да поверувам дека серијалот ќе има толкава популарност, кога го започнував во 2006-та година. Од друга страна, истиот мора да остане интересен. Од креативна гледна точка, ова е голем предизвик за мене, признава Ремзи во интервју за CineMovie.

Остриот јазик на Гордон, не ретко ги револтира учесниците, но тој вели дека на крајот на краиштата сè е најдобронамерно.

-Некогаш претерувам и многу им се лутам. Заборавам дека се натпреварувачи, дека има конкуренција, размислувам на тоа дека водам ресторан и треба да испорачам храна на 150 гости, најдобро што може. Затоа морам да најдам талентиран поединец кој на крајот од шоуто ќе биде награден со парична награда. Јас така гледам на работите. Имаме некои ситуации, но на крајот сè функционира како што треба.

Различните концепти на неговите шоуа за готвење му овозможуваат да соработува како со обични луѓе, кои сакаат да научат да готват како професионалци, така и со професионалци, кои сакаат да покажат дека се единствени и први во кулинарската игра.

Сепак, она што им го толерира на аматерите, во никој случај не може да им го прости на професионалците.

-Не ги толерирам нивните грешки. Треба да го знаат тоа пред воопшто да ми се приближат. Треба да знаат како се зачинува, како се приготвува риба и слично. Ако си главен готвач и за тоа земаш многу пари треба да знаеш како се готви.

Долгогодишното искуство си го прави своето, па кога пред Ремзи ќе се најде нов готвач, доволни се само 60-секунди за тој да ги скенира неговите вештини.

-Веднаш знам дали се добар материјал или не. Тоа го гледам од начинот на кој готват, од начинот на кој сечат, како стојат и воопшто како се однесуваат со самата храна. За 60-секунди точно знам колкав потенцијал поседуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...