ИНТЕРВЈУ СО ЛЕОН РИСТОВ

Борете се за своите соништа

Голем предизвик оваа учебна година за сите матуранти од поглед на нивното понатамошно образование е каде да го продолжат. Некои ќе направат компромис со родителите, други ќе тргнат онаму каде што е друштвото, трети ќе го следат својот сон. Леон Ристов денес е матурант, но неговиот прашалник одамна е решен, тој е актер и филмски режисер.

Леон оваа учебна година има само едно прашање и тоа „на кој Универзитет?“, бидејќи Леон изминатите години беше посветен на филмската уметност. Автор е на неколку краткометражни филмски форми, учесник на домашни и интернационални филмски фестивали, каде што е добитник на неколку награди и признанија, но и актер во два професионални филмови. Остварувања за коишто сонува секој средношколец, но сепак тоа е сон што само што започна.

Твојата генерација во овој момент се соочува со голем предизвик. Да одлучат каде да го продолжат своето образование. Чувството да знаеш што сакаш од твојата иднина сигурно е голем мотив за понатамошниот развој. Што беше пресудно, кога заклучи дека те повикува филмската уметност да ја „зграпчиш“?

-Во однос на ,,пресуден момент” – немав таков. Ништо ,,разумно” не ме привлече кон филмот. Еден ден дознав дека татко ми поседува камера и без престан го молев да ми ја даде. Сакав да направам филм и помислата дека ќе направам филм (кога си го замислував беше многу јак) ми беше доволна. Оттогаш, иако еден период се прашував што е уметноста, никогаш сум немал сомнеж дека сакам да бидам филмски режисер, а со тоа и уметник.

Што би им препорачал на твојата генерација? Да го следат сонот, разумот или родителите?

-Дефинитивно сонот, но да внимаваат да се развиваат и ,,подобруваат” во истиот. Доколку навистина сакаш нешто препорачливо е постојано да го истражуваш и да го преиспитуваш својот однос со него.

Во однос на родителите, многу сум среќен и благодарен што имам мајка која ме поддржува и верува во мене беспрекорно. За оние кои немаат ваква поддршка би ги посоветувал исто така да го следат својот сон бидејќи сепак станува збор за нивниот живот, а не оној на родителот.

Неодамна го реализираше твојот нов краткометражен игран филм „Виктор сонува да изгуби“. Во самиот наслов се препознава апсурдноста на темата што ја обработуваш. За што конкретно се работи?

-Темата на филмот е своевиден одговор на прашањето погоре (и подобар, бидејќи подобро се изразувам преку филмот). Се работи за момче кое ги има исполнето скоро сите очекувања на својот родител и општеството. Овде почнува филмот, понатаму го проследуваме резултатот од потиснатите соништа.

Иако имам создадено многу други крати филмови и видеа, ,,Виктор”, го сметам за почеток на мојата филмографија. Ова не е само поради темата и соодветната приказна, туку и ,,големината” на продукцијата. Првпат работев со вистинска екипа и опрема којашто не вклучува само DSLR-камера. Едно огромно благодарам до сите кои ми веруваа и беа вклучени во процесот. Тука би сакал да ги издвојам моите актери, Драган Мишевски и Теодора Ангелевска кои се посветија цел месец пред снимање со мене да ги градат своите улоги, како и мојот ментор и продуцент, Дејан Џолев кој ми помага да се развивам како уметник постојано додека соработуваме.

Те познаваме и од „ Кога денот немаше име“ новиот игран филм на Теона Митевска што треба наскоро да ја доживее својата премиера. Се работи за главна машка улога која ја реализираше на твои 16 години. Сонот станал реалност! Како дојде до оваа соработка? (за кастингот, за процесот - ова е многу важно да ги мотивираш сите сонувачи, мислам на твојата генерација).

-Улогата ја добив после повеќе круга од кастинг кој траеше неколку месеци. На почетокот не верував дека имам талент за глума, но после вториот круг почнав многу сериозно да го сфаќам процесот. Ги учев и вежбав своите реплики додека не ги знаев перфектно и верував дека можам да ја добијам улогата. Знаев како го замислував ликот и се водев по мојата имагинација и инстинкт. Кога добивав критики давав сѐ од себе да се коригирам. Клучното нешто што го научив беше да ги препознавам своите квалитети, но и своите маани. Понатаму се обидував да излезам од својата комфорна зона за да си ги поправам недостатоците. Самодовербата и свесноста беа клучни за мене.

Како нашите сонови да станат реалност?

-Ни моите сонови сѐ уште не се реализирани, но знам дека ќе се борам додека тоа не се случи за мене. Препорачувам да се борите и вие!

За што сонуваш денес, што е твојот следен чекор?

-Во моментот сонувам за прием на факултет за филмска режија во странство. Главната цел ми е да можам да заработувам доволно за скромен живот од режирањето филмови. Сега ме чека пеколен месец од апликации и училишни обврски, но верувам дека ќе се снајдам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...