ИНТЕРВЈУ СО ЗЛАТКО ТАНЕВСКИ

Таневски: Ги поддржуваме фудбалските ѕвезди на иднината

Златко Таневски е поранешен фудбалер во редовите на ФК Вардар, дефанзивец кој одиграл 121 натпревар во дресот на црвено-црните.

Тој својата кариера како фудбалер ја заврши во 2016-та година во најтрофејниот македонски фудбалски клуб “Вардар“, каде денес работи како тренер на подмладокот во фудбалската академија во рамки на клубот. Таневски и самиот потекнува од фудбалската школа на ФК „Вардар“, што денес беше повод да му поставиме неколку прашања.



1. Од неодамна фудбалската академија на ФК „Вардар“ е во потрага по млади таленти кои ќе имаат можност да ги остварат своите фудбалски соништа и да освојат една од 50-те стипендии кои ги доделува Македонски Телеком. За кои дечиња се наменети овие стипендии и како може да се пријават за нив?

-Во последните неколку години во Македонија се зголеми свесноста за спортувањето, а особено радува фактот што со спорт почнуваат да се занимаваат дечиња од најмала возраст. Некои деца имаат услови да тренираат и да се едуцираат од страна на стручни лица, но за жал постојат млади кои што покрај желбата и талентот, не можат да го остварат својот животен сон. Токму затоа ова е одлична можност за секое дете што сонува да стане фудбалска ѕвезда и има талент за овој спорт. Се разбира, можноста не треба да ја пропуштат талентираните дечиња на кои фудбалот им е најважната работа на светот, децата што трчаат и шутираат топка на маалскиот тревник секој ден или оние кои покажуваат страст кон овој спорт, а не би постигнале фудбалска кариера без финансиска и клупска поддршка.

Можеби ја знаете животната приказна на Меси за развојот на неговата кариера. Тој бил исклучително талентирано дете и уште на петгодишна возраст покажувал извонредна страст за фудбалот, но се соочил со сериозни здравствени проблеми што го спречиле да го продолжи својот пат. За среќа, младинската академија на фудбалскиот клуб Барселона го препознала талентот на Меси и неговата огромна љубов кон фудбалот и решиле да му ја дадат шансата што ја заслужувал. Фудбалскиот клуб му ги платил сите медицински трошоци, му овозможил на неговото семејство да се пресели во Шпанија, а младиот Меси да изгради кариера за која никогаш не ни сонувал. Замислете колку во тие мигови била важна институционалната поддршка што ја добил Меси за да стане фудбалер број еден во светот.

И во Македонија постојат многу талентирани деца, но не добиваат шанса сите. Токму таква шанса на младите фудбалски таленти ја пружа кампањата „Ги поддржуваме ѕвездите на иднината” на Македонски Телеком со која младите добиваат можност да го негуваат својот талент во Младинската академија на Вардар.

2. Нема многу време за пријавување за стипендиите кои што ќе се доделат на младите надежни фудбалери. Кажете ни на кој начин скаутите ќе ги изберат најталентираните меѓу пријавените?

-Да, времето за пријавување е навистина кратко и трае до 1 јули. За стипендии можат да аплицираат деца од 7 до 12 години и тоа од цела Македонија. Сè што треба да направат заинтересираните талентирани млади фудбалери е да снимат видео од 3 минути со своите вештини како жонглираат, како ја водат топката меѓу замислени препреки и шутираат во замислен гол. Потоа ќе треба да се регистрираат на веб-страницата www.footballstars.mk, каде што ги има сите детали за процесот на аплицирање и селекција на најталентираните.

Што се однесува до изборот на стипендистите, тоа ќе го направат тренеритe односно скаутите од Фудбалската академија на ФК „Вардар“. Од пристигнатите видеа ќе се одберат најдобрите таленти коишто ќе бидат повикани на голем настан во Скопје, што ќе се одржи на 7 јули 2018. На настанот ќе се организираат повеќе фудбалски натпревари на кои младите фудбалери ќе можат да го покажат својот талент во живо. По ова, на крајот ќе се одберат најмногу 50 најталентирани дечиња кои ќе ја добијат стипендијата од Македонски Телеком.

3. Колку е важно децата уште од мали нозе да работат на развивањето на својот талент и како академијата на ФК „Вардар“ им помага во сето тоа?

- Фудбалската академија „Вардар“ е местото каде што се остваруваат детските фудбалски соништа и од каде излегоа некои од нашите најуспешни фудбалери. Станува збор за една од најстарите младински фудбалски школи, спортска средина со традиција и реноме. Ние, во Вардаровата школа вложуваме многу енергија и ентузијазам за да ги насочиме децата кон вистинска фудбалска кариера и големи успеси во најпопуларниот спорт на светот. Особено во последниве години, со новите вложувања во дополнителни терени, опрема и стручни лица, ја издигнавме академијата на европско ниво со најдобри стандарди за развивање на младите таленти. Тоа придонесе голем број деца, од најрана возраст, со огромна страст и желба да тренираат и да напредуваат во спортот.

4. Несомнено е дека поддршката на семејството е најважна за децата. Кој е најдобриот совет кој што можете да им го дадете на родителите кои сакаат да им помогнат на своите најмили да ја следат страста за фудбалот?

Сакам да ги охрабрам родителите кои во своите деца препознаваат потенцијал за напредок во фудбалот, без размислување да ги пријават на отворениот конкурс затоа што тренирањето на овој спорт овозможува низа предности. Децата кои тренираат фудбал разбираат што е дисциплина и позитивна рутина, развиваат тимски дух и работна етика, а особени придобивки имаат од физичката и менталната подготвеност.

Дополнително, фудбалот ги опушта децата, ги учи на помирливост и истрајност, преку играта тие осознаваат дека во животот има победи и порази, што е особено важно во светот на возрасните. Ги оспособува да се снаоѓаат во различни ситуации, да ги контролираат емоциите и стресот. Независно дали децата тренираат фудбал во некој клуб, или едноставно се само талентирани и уживаат да играат со другарчињата, неопходно е родителите да ги поддржат и да им помогнат да заиграат на големите стадиони, остварувајќи го својот животен сон.

Н.В.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Професор прашува студент по медицина:
- Колега, како ќе познаете дали некоја жена е бремена?
- Па, ќе има голем стомак и пеги по лицето.
- Аха. А јас имам ли голем...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1835.- Во Париз умре Винченцо Белини,...
1905.- Шведска ја призна независноста на...
1908.- Во Солун, во кафеаната "Бошњак-ан",...
1941.- Во Лондон, на конференцијата на...