Драгица Зенделовска, доктор на хемиски науки

Откриена тајната како до здраво срце

Дијабетесот е едно од најчестите хронични заболувања чијшто предизвикувач се почесто е оксидативниот стрес. Компликации и оштетување од дијабетесот се кардиоваскуларните болести кои се водечка причина за смртност на глобално ниво и во Македонија. Затоа е многу важно тие да се превенираат. Тоа е можно со примена на додатоци во исхраната.

Кој е причинител за поврзаноста меѓу кардиоваскуларните заболувања и дијабетесот?

Причинителот за кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот како и другите дегенеративни заболувања е оксидативниот стрес. Последните години за него се зборува многу во научните кругови. Тој може да е причина за појава на повеќе од 100 заболувања меѓу кои покрај кардиоваскуларните заболувања и дијабетесот спаѓа и канцерот.

Кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања, какви болести може да предизвика оксидативниот стрес?

Може да предизвика појава на атеросклероза, покачен крвен притисок како и исхемични коронарни заболувања како ангина пекторис, акутен инфаркт на миокардот итн.

Од Вашето интернационално искуство дали додатоците во исхраната ги препорачувате кај споменатите заболувања?

Додатоците во исхраната се применуваат во превенција од овие заболувања, но и во нивно лекување, се разбира во комбинација со класичните конвенционални лекови. Кај нас на Балканот тоа малку побавно се развива за разлика од високоразвиените европски земји, но сепак имаме напредок на ова поле. Додатоци во исхраната може да се употребуваат кај сите заболувања.

Конкретно, кои додатоци даваат најдобри резултати?

Според моите познавање и искуство најчесто слушам за употреба на витамин Ц, витамин Е, ресвератрол, коензим Q10, органски германиум. Конкретно, како формула ќе го псоменам Ге132 натурал кој е комплексен препарат кој може многу да помогне кај овие заболувања. Една од компонентите на овој препарат е реиши печурката која што Јапонците ја нарекуваат чистач на крвните садови и е позната уште пред 4000 години. Богата е со соединенија од типот на стероли, полисахариди, органски германиум кој што е многу важен олигоелемент потребен за правилно функционирање на кардиоваскуларниот систем, меѓутоа многу се важни и терпените од реиши печурката и тоа ганодермната киселина. Правени се испитувања на медицинскиот факултет во Токио, во Русија и Кина. Со употреба на реиши печурката при кардиоваскуларни заболувања, резултатите покажаа одлична активност при примена во тек на 12 недели до 6 месеци. Притоа доаѓа до намалување и регулирање на крвниот притисок, намалување на холестеролот и инхибиција на слепувањето на тромбоцитите, како и подобрување кај сите кардиоваскуларни заболувања.

Колку Македонците имаат навика редовно да користат додатоци во исхраната за превенција и лекување на болести?

Во последно време навиките на луѓето се менуваат и тие веќе ги користат во своето секојдневие. Сепак, поголем дел сеуште тоа го прават малку доцна, односно кога веќе ќе се појави проблем, а поретко како превенција. Во овој зимски период од годината многу луѓе за имунитет користат цинк како изолиран препарат. Морам да напоменам дека цинкот ја намалува концентрацијата на германиумот во нашето тело. Тие се антагонисти и не треба да се земаат во долг временски период и потребно е да се консултираат стручни лица.

Има ли вистинска потреба да се користат додатоци во исхраната или пак тоа е само тренд?

Апсолутно има потреба од користење на антиоксиданси и тоа не е тренд, туку е потреба само што треба да се користат паметно. Не треба да се заборави дека редовно треба да се внесува свежо овошје и зеленчук. Кон тоа треба да се додадат физичката активност и здравиот сон.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...