Творница

Најудобно се седи на врвки од патики

Подеднакво не интересира приказната која предметот, т.е. делото ќе ја раскажува

Третото издание на интернационалната недела на дизајнот Skopje Design Week е зад нас. Пред нас се реакциите и впечатоците од понудата која изобилуваше со идеи, концепти и ставови кон дизајнот. „Творница” понуди најоригинален приод кој буквално „штрчеше” со понудените дела.

Кој стои зад Творница?

Хари Дудески-графички уметник, Никола Војнов-графички дизајнер и Александар Дудески-вајар и керамичар. Тројцата се споивме со идеја да ја создадеме работилницата „Творница”. Пред две недели за првпат ги презентиравме нашите идеи реализирани во облик на ламби и столици, а и нашата првична идеја која што сеуште не го добила финалниот облик на готов керамички производ.

Од каде потекна идејата за Творница?

Потекна од нашата лична потреба да создадеме нешто што самите сме го измислиле и реализирале, а истото ќе има употребна намена и уметничка вредност. Различното уметничко и техничко искуство ни помогна да дојдеме до некаков спој на минималистичкиот визуелен концепт со традиционалните техники и материјали со надеж дека ќе создадеме уникатни и визуелно издржани предмети за секојдневна употреба.



Колку Вашите производи се уметнички дела и обратно?

Целта на индустрискиот дизајн е да создава предмети кои изгледаат убаво (допадливо) и истовремено ја извршуваат функцијата за која предметот е наменет. Нас подеднакво не интересира и приказната која предметот, т.е. делото ќе ја раскажува. Во тоа е и суштинската разлика меѓу дизајнот и уметноста, односно дали тој предмет ќе поттикне на размислување. Доколку направите естетски совршен и притоа безрезервно функционален предмет, чиј дизајн има рационална издржаност и основа, сте завршиле добра работа. Тогаш се губи границата меѓу тоа што е уметничко дело, а што производ со чисто употребна вредност.

Несомнено, Вашата „бесилка”, т.е. ламбата која експлицитно асоцира на бесилка предизвика особен интерес и беше многу коментирана. Дали таа беше Ваше прво дело по кое следуваа нови?



Да, и искрено кажано, бесилката провоцира и никого не остава рамнодушен. Кога ја смислувавме бесилката се трудевме подеднакво да ги запазиме сите аспекти, па така се појави првиот експонат кој го изложивме на Ghost project во рамките на Миксер фестивалот во Белград, на Дан-Д во Загреб и на Sofia Design Week. Реакциите на публиката беа доволен поттик за нас да продолжиме со создавање на модуларната столица и останатите производи кои ги изложивме на Skopje Design Week.

Кои материјали ги употребувате за Вашите дела?



Изборот на материјали најчесто зависи од идејата, а неретко и идејата произлегува или се менува во зависност од материјалите со кои располагаме. Ако кај модуларната столица инспирација беа патики, тогаш како избор на материјал се наметнаа врвки кои може да се врзуваат на било кој начин, а сепак да се чувствувате удобно иако седите на нив. Ако некој материјал делува неадекватно во однос на функцијата, тогаш тој станува уште повпечатлив откако ќе се уверите дека беспрекорно ја завршува работата.

Сметате ли дека нашиот пазар е подготвен за „Творница” и концептот кој Вие го градите?

Дозата на несигурност со која влеговме во оваа акција е веројатно нормален процес. Но, во ниеден момент не ја потценуваме македонската публика. Сепак, изненадени сме од интересот кон нашата работа. Луѓето имаат желба,и се повеќе потреба за нови работи. Ги прифаќаат со леснотија и очигледна симпатија. Ја добивме посакуваната реакција. Од почит кон неа ја продолжуваме симбиозата од индустриски дизајн, уметност и занаетчиство.

Дали Вашите дела се прво функционални, па впечатливи или обратно?



Не би сакале да се повторуваме и да звучиме самобендисано. Но, како што веќе кажав, инсистираме еднакво внимание да им се посвети на сите аспекти. По некоја логика, функционалноста би требала да е на прво место, меѓутоа така би добиле банален, единствено функционален предмет. Впечатливоста е во уметничкиот аспект кој е подеднакво важен во нашата приказна при изработката не секој предмет, т.е. дело. Работилницата „Творница” го отвора правецот на една нова „неелитистичка“ применета уметност која е достапна, а сепак може да задоволи високи естетски критериуми. Тоа се постигнува третирајќи го дизајнот како јазик со свои специфики. „Творница” доаѓа до решенија кои се резултат на сублиматот од дизајнерска логика, култура и традиција.

За крај, освен на настани како Skopje design Week, каде може да се најдат Вашите дела?



Засега тие се достапни online преку нашиот профил на Фејсбук. Во план е нашите дела да бидат достапни во некој соодветен салон каде заинтересираните ќе можат да ги видат и директно да се запознаат со нив.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...