Марија Стефанова, психолог психотерапевт

За нормален сексуален живот збогувајте се со вознимиреноста

Социјалната анксиозност се појавува и кај деца и кај возрасни

Иако живееме во свет полн со информации кои ни се достапни со едно кликнување или на допир, сепак потребно ни е подлабоко знаење. Во контекст на современото живеење во кое доминираат виртуелните наспроти личните контакти, многу важно е да се разбере поимот социјална анксиозност.

Што е социјална анксиозност?

Поимот се карактеризира со интензивен страв во социјален контекст, каде личноста има ирационални мисли дека во одреден момент ќе биде искритикувана, обезвреднета или на било кој начин негативно оценета. Овој страв посебно доаѓа до израз во ситуации кога на личноста и е од особена важност мислењето на другите. Личноста може да биде свесна дека за тоа дека нејзиниот страв е ирационален, но сепак да не може да се избори со истиот.

Која возрасна категорија е најпогодена?

Социјалната анксиозност се појавува и кај деца и кај возрасни. Коренот на нејзината појава може да биде од различна природа, од презаштитнички родители, до премногу критични родители кои даваат само критики, а не и пофалби, со што нема услови да се појави или изгради самодовербата, па се до некој трауматски настан поврзан со обезвреднување или омаловажување од страна на некој авторитет или група на врсници.

Во кои или пред кои ситуации се манифестира?

Социјалната фобија се карактеризира и по тоа што се јавува анксиозност и страв пред значаен настан и тоа еден ден, а понекогаш и една седмица порано. Личноста чувствува физички симптоми на фобија од „претпоставениот” страв некое време пред настанот. Ситуациите или настаните можат да бидат различни, од испит на факултет, средба со потенцијален партнер, интервју за работа или пак јавен говор пред поголем број на луѓе.

Со кои симптоми се манифестира социјалната анксиозност?

Постојат низа симптоми на манифестација на фобијата: треперење на гласот, појава на црвенило на кожата на лицето, забрзана работа на срцето, потење на челото и дланките итн.

Во која фаза клиентот треба да побара стручна помош?

Во оној момент кога стравот или фобијата стануваат толку големи што ја попречуваат личноста во извршување на секојдневните активности и во ситуации кога личноста се повлекува и избегнува социјални контакти. Тогаш функционалноста на личноста е засегната. Доколку личноста нема да успее сама да се избори со овие потешкотии, потребно е да побара стручна помош.

Што опфаќа третманот?

Социјалната фобија најлесно е да се излечи ако се дијагностицира на време. За жал, голем број клиенти доаѓаат дури откога ќе настане дополнително отежнување на состојбата. Најчесто на социјалната фобија се калеми клиничка депресија или зависност од алкохол или дрога. Третманот опфаќа психотерапија, и по проценка на психијатар и фармакотерапија. Она што ние во Терапевтски центар Еквилибриум го работиме (и по тоа сме единствени во регионов) во врска со справување со овој вид на фобија е Виртуелна реалност терапија. Притоа, клиентот систематски се десензитизира на стресниот стимулус, односно, изложување како во реална средина што пак дава нови можности за проценка и третман. Клиентот го водиме низ целиот процес со влегување во виртуелна средина која е налик на реалната средина во која се соочува со истите стравови и нивните манифестации. За целиот процес се мониторира вознемиреноста и однесувањето. Овој метод овозможува интервенција во даден, клучен момент, со што се зголемува увидот во проблематичните ситуации.

Какви здравствени проблеми може да предизвика социјалната анксиозност ако соодветно не се третира?

Ако личноста премногу долго се бори со овој проблем, без притоа да го третира, состојбата може да помине во клиничка депресија. Понатаму, поради потребата од смирување и неутрализирање на напнатоста, можно е личноста да создаде зависност од алкохол и дрога, како и да предизвика низа психосоматски тегоби. Најчесто во услови на фобија, доаѓа и до зголемен крвен притисок предизвикан од напнатоста и стравот. Затоа, сите кои се борат со овој проблем, потребно е да побараат стручна помош за негово навремено решавање.

Дали социјалната анксиозност се однесува и на партнерските односи, вклучително и сексуалните?

Да, оваа појава најчесто доведува до отежнато влегување во партнерски односи. Стравот од тоа како личноста ќе биде перципирана од другите, оневозможува реализација на личноста во контекст на партнерско-сексуални односи. Ниската самодоверба која личноста ја има во услови на социјална анксиозност е клучен фактор и за сексуалната нефункционалност како недоволна ерекција, прерана ејакулација или неможност да се постигне оргазам кај жените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...