д-р Слободан Гурмешевски

Иако е во подем, машката неплодност успешно се лекува

Мажите кои се неплодни треба да имаат редовни сексуални односи

Генетски или хормонални проблеми, пушење, дебелина, злоупотреба на опојни средства, изложеност на отрови, лекување на рак, повреди...во најголем дел се одговорни за машкиот стерилитет кој во глобални рамки, но и кај нас зема се поголем замав. За поголема свесност кон овој проблем и барање навремено решение, ИДИВИДИ разговараше со Д-р Слободан Гурмешевски, уролог од ЈЗУ УК за Урологија од Скопје.

Како стручно се дефинира поимот машки стерилитет?

Стерилитет или инфертилност се дефинира како неможност да дојде до бременост кај партнерката по 12 месечни континуирани сексуални односи без примена на контрацепциони (заштитни) мерки.

Колку е чест овој проблем?

Од вкупниот број брачни парови, 10-15 % воопшто немаат деца, а околу 15 % имаат помалку деца од очекуваното. Мажите, исто како и жените се одговорни за 40 % од неплодните бракови. Во останатите 20 %, одговорни се и двата брачни партнери. Загрижува фактот што машкиот стерилитет последниве години е во пораст во однос на женскиот.



Кои се причините за негова појава?

Сите причини можеме да ги поделиме во три групи:

1. претестикуларни(ендокринопатии);

2. Тестикуларни-крипторхизам, варикоцела, заушки и хипоадрегенизам;

3. Постестикуларни-абнормална ејакулација, опструкција на ејакулаторни канали (инфективна и јатрогена), алкохолизам и никотинизам, ирадијација и како и секојдневен стрес. За жал, во 50 % од случаите, инфертилноста не може да се објасни, поточно се работи за идиопатска инфертилност.

Постојат ли симптоми кои може да укажат на машки стерилитет?

За најголем број од мажите единствен знак за малиот број сперматозоиди е неможноста да забремени нивната сопруга. Други симптоми се: хипогонадиам, дизморфии, системски заболувања. Ако станува збор за хормонален проблем, тогаш мажот има намалена влакнетост и сексуални дисфункции. Морам да напоменам дека ејакулативната и еректилната моќ не значат дека мажот е потентен.

Во секој случај, потребна е анализа на спермата?

Точно. Критериум за анализа на спермата е земање примерок по периодот на апстиненција од сексуални односи 3-5 дена. Примерокот се дава во стерилно стаклен или пластичен сад. При стандардното испитување на спермограм се добиваат информации за волуменот на спермата, бројот на сперматозоиди и процентот на активни, дефектни и мртви сперматозоиди. Се изготвува анализа на нивната морфологија и подвижност, виталност и се проверува и бројот на леукоцити, еритроцити и присуството на аглутинати.

Што по добивањето на резултатите и анализата на спермограмот?

Тој ја одредува натамошната процедура на третман. Сакам да истакнам дека малиот број на сперматозоиди (олигоспермија) како една од причините за машката неплодност не треба многу да ги загрижува мажите. Потребен е само еден сперматозоид за да ја оплоди женската јајце клетка. Она што загрижува е фактот што можноста тој еден сперматозоид да стигне до јајце клетката е многу мала. Што помал е бројот на сперматозоиди, толку поголеми се шансите да се нема потомство.

Како се поставува дијагноза?

Прв чекор е земање добра анамнеза преку отворен разговор со пациентот и андролошки физикален преглед. Особено е важно да се внимава на знаци на хипогонадизам. Се прави спермограм, односно анализа на семената течност или ејакулатот. Неопходно е да се направат два спермограми во период од три недели за да се даде конечна дијагноза. Потоа се прават хормонални испитувања: ФСХ, ЛСХ, ЛХ, пролацтин и тестостерон. Следува ултразвук на тестисите. Понекогаш е потребно да се направи биопсија на тестисите, за дефинирање на опструктивна од неопструктивна причина за азооспермија.

Како тече лекувањето на машкиот стерилитет?

Пред се, лекувањето бара тимски, мултидисциплинарен пристап на екипа составена од: ендокринолог, уролог и гинеколог. Во некои случаи, со лекување е опфатена и жената. Лекувањето со медикаментозна терапија, т.е. хормонална, антибиотска и кортикостероидна. Хируршкиот, т.е. оперативниот третман е исто така начин на лекување на машката стерилност. Опфаќа: варикоцелектомија, вазовазостомија и вазоепидидимоанастомоза.



Дали ин витро или биолошки потпомогнато оплодување може да биде лек за машката неплодност?

Асистирана фертилизација: инсеминација, ИВФ, ЕТ, како ИЦСИ (интраплазматична сперм инжекција) исто така може да го решат проблемот.

Каква е прогнозата за мажите кои се стерилни?

Последниве години значително е подобрена прогнозата и на најтешките форми на азооспермија. За тоа придонесуваат споменатите современи методи на лекување. Значи, можности постојат и треба да се искористат. Најважно е мажите редовно да доаѓаат на рутински преглед, отворено да зборуваат со докторот и да продолжат редовно да имаат сексуални односи.

Дали возраста е важна за плодноста ?

Здрави  мажи во нивните 70-тите и пошироко може да се уште плодни, но сепак времето потребно за да предизвика бременост е подолг од средниот век па натаму. Причините за ова вклучува намалување на  сексуалната  активност, волумен на спермата, мотилитет на сперматозоидите (движење), вкупниот број на подвижни сперматозоиди, ДНК... Повеќето мажи се шокирани кога ќе дознаат дека се неплодни. Се уште постојат неточни верувања дека неплодноста е женска состојба. Затоа, кога на  мажите  ќе им се  каже  дека постои проблем со спермата, често тие се доста неподготвени и доста стресно ја доживуваат таа состојба. Зборувајќи со лекар и ако е потребно секс терапевт или советник може да им се помогне на овие луѓе во  тешкиот период низ кој поминуваат.

Може ли машката неплодност да  се спречи?
 
Пушењето цигари , алкохол, сексуално преносливи болести, топлинскиот стрес од тесни фитинг долна облека, и анаболни стероиди може да бидат штетни за производство на сперма и треба да се избегнуваат

Пестициди, тешки метали, токсични хемикалии и зрачење може да влијае на квалитетот и квантитетот на спермата. За мажите кои работат во професии кои можат да влијаат на плодноста, важно е да носат заштитна облека и да ги следат сите професионални насоки за здравје и безбедност .

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...