Македоника е за Македонците тука и во странство

Зоран Спасов- Ѕоф. Скопска легенда. Можеби се сеќавате на „М Експрес“ и „Огласник М“ медиумите кои тој ги основа во 90-те години од 20-от век. По периодот поминат во „туѓина“, Ѕоф како што го познаваат речиси сите, се врати во родното Скопје и создаде нов проект. Фондацијата Македоника а со неа и он лајн библиотеката која треба да претставува ризница на македонска литература наменета за сите вљубеници на пишаниот збор, и која веќе зеде учество на Саемот на книги во Скопје.

Идивиди имаше задоволство и чест да поразговара со Зоран Спасов - Ѕоф за мотивите, целите и идните планови поврзани со Македоника.

Кој беше мотивот а подоцна и целта која сакавте да ја постигнете со он лајн книготеката Македника. Со овој специфичен начин на издавање на книги во Македонија.

-Веќе година две размислував за тоа. Мотивот е донесен од моето живеење во дијаспората (Канада). Од таму потекнува тоа. Живеев 4 години без пристап до ниту едно македонско дело, доаѓав во Македонија, а таму носев по еден куфер книги, и од тој куфер 90% не вредеа. А за другите се грабаа сите околу мене. Под-мотивот беше мојот литературен првенец „Тибам Штркот“ за кој се продаде првиот печатен тираж од 2000 копии, но повеќе од 100.000 луѓе ја прочитаа таа книга, што беше и показател дека–не е дека Македонија не чита, туку основата на Македоника- остапноста и бесплатноста на литературата. Има повеќе цели во целава приказна. Најпрво да се зачуваат сите дела кои повеќе ги нема ниту во книжари, ниту во библиотеки, бидејќи одредени дела не се печатени со децении. Второ да се зачуваат преродбениците и да се стават на едно место со лесен пристап за сите, поготово за учениците. Трето за да се заштити македонскиот јазик преку создавање на ваква е-библиотека. Понатаму се зачуваат дијалектите на македонскиот јазик, затоа што на Македоника се објавуваат дела и на разни дијалекти. Важно е и да се поттикне читањето кај младите, преку доближување на модерни текстови, лектири...Една од целите е да се промовираат нови писателски пера, затоа што постојат многу писатели кои немаат пристап до издавачки куќи, а тука кај нас е едноставен и бесплатен процесот на промовирање. И за крај важна цел за мене е достапност на овие дела за дијаспората. За Македонците кои се малцинство во останатите земји. Ние почнавме буквално од буквари и сликовници за децата од дијаспората кои немаат допир со кирилицата и литературата на македонски јазик.

Од основањето на Македоника до ден денешен колкава е бројката на објавени книги на е-книготеката?

-Мотото на фондацијата е „книга дневно“. Се обидуваме да го задржиме тоа темпо, а издаваме и повеќе од тоа. Ние постоиме од 1-ви ноември 2013-та година, и за овие неколку месеци, имаме објавено 155 книги, а уште 100 во процесот на објавување. Од различни жанрови, категории, периоди... Почнувајќи од 10-от век до новите литературни дела.

Каква беше реакцијата (фидбекот) на посетителите на Македоника, но особено не интересира и реакцијата на издавачките куќи, бидејќи технички Македоника претставува еден вид на конкуренција. Како што кажавте вие сте отворени и за издавање на дела од млади не-афирмирани автори.

Издавачките куќи беа „наелектризирани“, меѓутоа во непосредни контакти се обидуваме да им објасниме дека ние не сме конкуренција. Ние се надополнуваме, ние сме комплиментарни. Ние сме два круга кои немаат допирна точка, затоа што ние не издаваме книги што се под договор, не издаваме книги кои ги има на рафтови. Нема опасност. За било каква конкуренција.

Од каде имате најголема помош при објавувањето на книгите на Македоника? Имате ли соработка со МАНУ, библиотеки, Министерство за култура при конвертирањето на книгите од хартија на интернет и дали се случило и самите автори да ви пристапат за објавување?

Помош имаме. Морална. Всушност не е тоа помош, туку поддршка од сите институции. Од МАНУ, Иститутот за Македонски јазик и национална историја, факултети... Да, имаме поддршка бидејќи препознаваат дека ова е проект од национален интерес. Во врска со авторите имаме сигурно преку 20 автори кои сами ни пристапиле. Имаме некој таргет од автори кои мора да ги имаме, но и тие помалку афирмираните автори сами ни ги носат книгите. Дел во електронска, дел во хартиена форма. За тие хартиените имаме армија на дактилографки кои неуморно ги препишуваат за да ги издадеме книгите.

Македоника користи свој сопствен софтвер кој е достапен и за лицата со визуелна попреченост. Објаснете го самиот софтвер за читателите и како тие можат да го ракуваат, т.е. преку него да дојдат до посакуваната книга на Македоника.

Софтверот е основата на Македоника. Се користи едноставно. Само е потребно да се регистрирате (бесплатно) на неа. Тоа е еден модерен е-читач на македонски јазик кој што користи формат на книги кој е заштитен од нас и не може да се чита на други „читачи“. Тој дава неограничени можности за уживање во читањето на книгите. Може да се одбере големина и вид на фонд на кој сакате да ги читате книгите, позадина, може да се дефинираат маргините. Кога го создававме софтверот бевме водени од идејата тој да биде лесен за употреба за секого, дури и за лицата кои претходно немале допир со компјутер. Поделен е на два дела. Во едниот дел е целата библиотека, т.е. сите книги, а во вториот дел ( кој се вика Мои книги) читателите може да си ги префрлат омилените дела од првиот во вториот дел и да си направат сопствена лична библиотека. Со сопствени полици на кои се ставаат омилени книги. Софтверот се отвора едноставно, лесно се движите по книгата, содржината, а веќе ја лансиравме и мобилната апликација на овој софтвер соодветна за читање на книги на таблети, мобилни телефони, дури и оф лајн... Да не мора да сте поврзани на интернет туку можете да читате книги и на плажа, во село, автобус... Ние сме мал тим и зад нас не стои ниту една голема институција, „голем човек“... Се е оставено на нас.

Кои се критериумите според кои одлучувате да ги објавите книгите на Македоника? Квалитетот, достапноста, популарноста? Затоа што во Македоника има дела кои ги нема во книжарниците или пак акцентот се става на нови млади актери кои сеуште си го немаат најдено „местото под сонцето“?

Имаме комисија од литературната фела која одлучува за кое дело би можело да биде објавено, а кое не. Зборувам од аспект на книги кои се нови и до сега необјавени. Но, генерално имаме 4 категории на дела. Најпрво дела од средниот век и преродбата до Втората Светска војна. Втората група се повоените класици. Мора да создадеме класици. Ние сме единствената земја во светот што немаме дефинирано класици. Третата група се дела од нашите современици и четвртата категорија е детската литература. Најмногу заради лектирите, делата за обработка и за децата од дијаспората.

Споменавте дека финансиски не сте поддржани. Како успевате да опстоите со глед на фактот дека книгите ги нудите бесплатно и не работите за профит од нив?

Ова е највисок стадиум на ентузијазам кој може да се сретне. Ние сме 4 лица, членови кои безрезервно внесуваме ресурси од секаков облик. Пари, време... и сите пари кои всушност ни се потребни,  се за препишување на овие дела. Многу мал дел од книгите ги добиваме во електронска форма и преку 80% од нив ги пишуваме. Тоа што ја прави само-одржлива оваа фондација на некој биолошки минимум се дел од пријателите на фондацијата што препознаваат благородна идеа и помагаат со одредени средства, и е за поздравување што се наоѓаат такви луѓе.

Имате ли евиденција кои се најчитаните книги на Македоника? Што сака македонската публика да чита?

Самиот сајт овозможува било кој корисник да пристапи и да види кои се најчитани книги. Најчитани дела на Македоника се модерните текстови и лектирите нормално. Модерните текстови кои се напишани во последните 2-3 години, па дури и нови книги од непознати автори за пошироката публика. Во првите 10 најчитани книги имаме и книги кои се ексклузивно објавени само кај нас. Лектирите се исто така доста читани, меѓутоа за поздравување е податокот дека дела класици од писатели како Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски се меѓу првите 15 најчитани книги.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...