ФИФИ: ЌЕ НАПРАВАМ ОПЕРАЦИЈА ЗА ДА БИДАМ ЖЕНА

Сакам да имам ќерка која ќе биде мојата принцеза!

Сузана Лазаревска / Бојан Бошковски

Филип Јаневски- Фифи, е една од најинтригантните личности на македонската музичка сцена која во последните неколку месеци го привлече вниманието на јавноста со талентот, но и со специфичниот изглед и стил на живот. Таа одлучи да поразговара со Идивиди и отворено да продискутира за последниот бурен период. 

Да се навратиме малку на твоето детство. Јавно се декларираш како траснџендер (а тоа го правиш од 12-годишна возраст), но која е најраната возраст кога забележа дека се чувствуваш како личност од женски род во тело на маж?

- Откако знам за себе дека постојам, јас знам дека сум женско. Посвесна станав кога имав околу 5 години, но секако се уште бев многу мала за да знам што не е во ред. Како растев станував се повеќе и повеќе свесна дека сум девојка заробена во машко тело и знаев дека во животот ќе се соочувам со многу непријатни ситуации и дискриминација.

Од светската сцена, во изминатите неколку години внимание доби синот на пејачката Шер кој беше роден како жена, а подоцна со операција и хормонска терапија стана маж. Ако еден ден и ти се одлучиш да го сториш истото, дали во Македонија има услови за такви потфати или сепак ќе мораш да одиш во странство? Секако нè интересира и колку чини целиот процес за транзицијата од машки во женски пол

-Јас сум сигурна дека ќе се прилагодам кон својот род и ќе ја направам таа операција, само го чекам правилниот момент. Колку што јас сум информирана во Македонија нема услови да се направи таа операција, ниту пак има хирурзи кои се образовани за да го направат тоа. Моментално центар за правење на тие операции е Белград, каде што хирурзите се едни од најдобрите во светот. Операцијата во Белград колку што разбрав е од 2000 до 3000 евра од кои државата сносува две третини од трошоците, но само доколку си српски државјанин. Исто така е и во Данска, трансродовите лица имаат бесплатни терапии, а минимално плаќаат за операциите. Јас се уште не знам каде ќе ја правам операцијата, дали тоа ќе биде Тајланд, Белград или некаде на друго место.

За твојот живот и аспирации беше снимен и краток документарец „Би се викал Барбара“. Во него ти зборуваше за дискриминацијата со која се соочуваш на дневна база, комплицираниот однос со фамилијата и името кое би сакала да го имаш наместо Филип- Барбара. Што треба фановте да дознаат за тебе, а што не беше вметнато во филмот? Агендата за иднината, дали еден ден би сакала да оформиш семејство, моменталниот љубовен статус...

-Краткиот документарец за мене го снимаше режисерката Ана Јакимска. Имам план да снимам долгометражен филм во кој ќе излезат повеќе детали за мојот живот, за моите фанови да можат да ме запознаат подобро. Сметам дека има уште многу работи кои треба да бидат прикажани во јавноста за да се крене свеста кај луѓето и да се стави крај на дискриминацијата. Во иднина секако дека би сакала да имам семејство, а најмногу од се би сакала да имам ќерка која ќе биде мојата мала принцеза. Моментално не сум во врска и не сум вљубена. Целосно сум посветена на себе и својата кариера. Љубовта не се бара, таа доаѓа сама во правилен момент на правилно место.



Кога сме веќе кај предрасудите, можеш ли да ни ги посочиш проблемите со кои се соочуваат лицата од ЛГБТ заедницата во Македонија?

-ЛГБТ лицата во Македонија се соочуваат со многу проблеми. Најчесто се дискриминирани, гледани како фрикови, омаловажувани поради својата определба. Јас лично како трансродова личност во Македонија не можам да работам нормална работа бидејќи начинот на кој изгледам е неприфатлив за нашето ограничено општество. Но, сепак има надеж за напредок и подобрување на целата ситуација. Луѓето кај нас стануваат се поотворени за оваа тема и сфаќаат дека воопшто не е никакво зло, ниту пак е настрано да си ЛГБТ. 

Кога ги спомнавме ЛГБТ лицата, како најблиски до тебе, колку ги има трансексуалците во Македонија (тие што јавно се декларираат и што се кријат) ? Ако добро се сеќавам, минатата година македонската публика имаше можност преку ликот на Васил Зафирчев во „Соба со пијано“ подобро да се запознае со овие лица и да ги согледа нивните проблеми.

- Јас не знам точно колку трансродови лицности има во Македонија, секако никогаш не би можела да знам, а и не ме интересира таков податок. Верувам дека има многу кои дури сега се откриваат и им е се полесно и полесно.

Драчево, Скопје, Белград... Во последно време си на  три локации, па поради тоа која е разликата помеѓу овие три места во кои си живеела?

- Сите три се сосема различни. Драчево е мојата населба и јас секогаш ќе се враќам таму, бидејќи целото мое детство и сите спомени кои ги имам потекнуваат од таму. Таму ми се сите најблиски пријатели и луѓе кои први ме прифатија, затоа само можам да кажам цела Македонија може да учи од Драчево што е толеранција.

Kолку ти остави впечаток победата на Кончита на овогодинешната Евровизија и дали наредната година би го земала в предвид настапот на изборот за песна на Евровизија во Австрија?

- Јас ја поддржувам Кончита и ми се допаѓа пораката која Европа ја испрати кон целиот свет преку нејзината победа. Доколку Македонија се одлучи да ме прати мене на Евровизија јас секако ќе прифатам да одам и ќе се потрудам да ја претставам најдобро што можам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...