Биба Додева, пејачка

Ако не бев пејачка, ќе возев Формула 1

Ние уметниците без резерва и заштита се соголуваме на сцена

Пред неколку седмици, Биба Додева по втор пат победи на фестивалот „Макфест” во Штип. Баладата „Врати се” го одбележа 29-тото издание на најстариот македонски фестивал на забавни мелодии, исто како и „Кажи љубов”, 12 години претходно. Ако љубов е второто, победа е третото „јас” на Биба.

Честитки за победата! Во какво расположение ја дочекавте?

Ви благодарам, да си дочекате, хаха. Во исто време бев изненадена, возбудена, среќна и ја смирував ќерка ми да не плаче, хаха. Чувствата беа измешани, целата екипа со која бев на „Макфест” заедно со мене, и се радуваше на победата.

Очекувавте ли победа со оглед на стартниот број 2, реакциите по полуфиналната вечер и поддршката која несомнено ја имавте?

Секој потајно се надева дека неговата песна ќе добие награда...Токму поради тоа и учествуваме на вакви фестивали со натпреварувачки карактер. Секогаш веруваш дека еве баш овој пат си го погодил вкусот на публиката од која најмногу зависи наградата, но никогаш не можеш да бидеш сигурен до крај. Верував во мојата песна, иако имаше и други песни кои ми се допаднаа на фестивалот. А, што се однесува до стартниот број, тоа може да влијае на одлучувачкиот исход, меѓутоа за мене ете се покажа како среќен.

Како настана песната „Врати се”. Дали е случајна или доживеана приказна?

„Врати се” е и случајна и намерна приказна. Иако, во еден момент се прашуваш зошто... зошто се потребни такви болни приказни, ама сепак ретко човек има среќа да доживее такво нешто, па да може дури и да направи и да пее песна за тоа.

Првата награда значи паричен износ од 20 илјади евра. Ги добивте ли парите и на што ќе ги потрошите, хаха?

Хаха, ајде јас да ве прашам дали ја добивте платата и на што ќе ја трошите, хаха? Ајде вака! Прво не се 20 000, затоа што никој тука не спомнува дека тоа е бруто награда, значи персоналниот данок ние си го плаќаме. Како второ наградата се однесува за песната заедно со изведувачот, така што тука имаме и аранжер на песната, нели? И трето, еве кога ќе ги добијам ќе ви поднесам список каде се ги имам потрошено парите заедно со фискални сметки и наративен и финансиски извештај, хаха. Може?



Да, може, прифаќам.

Нешто друго да прашате?

Да, да, ќе прашам, имам и други прашања. Со оваа втора победа на „Макфест”, се потврди дека сте пејачка која публиката ја сака, ви лежат фестивалите и конечно, енергијата која ја носите на сцена допира и размената на позитивни вибрации е обострана!

Мислам дека сето ова што го напоменавте е едно од најважните нешта кои секој автор и изведувач би сакал да го чуе и да го доживее, затоа што сепак, ние сме уметници без никаква резерва и без никаква заштита ви се соголуваме на сцена со сите емоции кои ги носи музиката. Притоа, вие секогаш може или да не дигнете на пиедестал или пак доколку не сме ви по вкус тој ден, да не критикувате и каменувате до бесвест...И без оглед на тоа колку сме свесни дека тоа е дел од нашата јавна професија, тоа боли... Сепак, сметам дека доколку енергијата е искрена, бидејќи никогаш не можеш да ја излажеш публиката, таа ќе те награди. Тоа ќе се забележи и публиката ќе те награди. Не мислам дека оваа победа го потврди моето постоење како пејачка која ја сака публиката. Без оглед на тоа што не сум нападна на сцената, цело време ме има и никогаш целосно не сум се повлекла. Од мојот прв настап во 1993, не сум престанала да настапувам. Пеам за луѓето. Не е битно дали е на свирка, концерт, фестивал...Ако немам фитбек од мојата публика и ако нема енергија, тогаш и не би постоела Биба Додева толку години. ќе се занимавав со возење Ф1, хаха.

Што после победата?

Исто што и пред победата.

Во песната „Врати се” велите, цитирам: „Ако љубовта е грев...”, затворен цитат! Дали и колку за вас љубовта е грев или напротив, љубовта е подарок и благодет?

If love is a sin, I’ll be the sinner…

Повеќе сакате да сакате или да ве сакаат?

Цело е кога има сè!



Gодини наназад сте многу активни и ангажирани во Здружението за борба против рак „Борка”.Што добивте, а што загубивте со тој ангажман?

Хммм...Јас никогаш не гледам така на работите. Или сакаш нешто и се посветуваш максимално на тоа, или воопшто не го прави тоа. Со тоа сакам да кажам дека никогаш не сум размислувала и никогаш не ми паднало на памет дека нешто губам со мојот ангажман во „Борка”. А што добив? Лекција. Да, лекција за тоа колку не си го цениме животот, колку се заморуваме со непотребни глупости додека не сфатиме колку пропуштаме и колку дозволуваме времето да не одминува и животот да не поминува... И сфаќаш дека животот треба да се живее со полни гради. Колку големо богатство претставува здравјето на човекот, а не си го цениме, се додека не почнат проблемите. Колку можеме да бидеме силни и да се спротивставиме на еден таков непријател како што е ракот, и покрај неизвесностите, и покрај болката и скршената верба, а сепак, како феникс да се издигнеме над себе. И да, добив еден рој прекрасни луѓе кои имаат неверојатна храброст и кои ми е чест што ги познавам.

Од каде црпите инспирација за сè што правите?

Ах, не знам.. Црпам инспирација од сè, од насмевката и постоењето на ќерка ми, моето сè...од музиката...од љубовта, тагата, среќата, болката, од книгите, патувањата, луѓето... Едноставно, од животот. Животот е мојата инспирација.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...