Stereo MC’s: Публиката ќе скока во наш ритам

Групата Stereo MC’s е на музичката сцена од 90-тите години. Доаѓајќи од Брајкстон во Англија, успеаа да ги наполнат подиумите за танцување на многу ноќни клубови низ Европа, а публиката ги обожава нивните хип хоп денс звуци. Најголемиот успех го постигаа во 1992 година, благодарение на хитот „Connected“, кој за неполна недела се најде на врвот на топ лиситите во Британија. По овој успех, групата реши малку да стагнира, бидејќи во тој период претрпе многу промени. Сепак, главните членови на групата вокалистот Роб Бирч, тапанарот Овен Роситер и Ник Халам, кој свири на синтисајзер усепаа повторно да се соединат, но овој пат со хитот „Deep, Down & Dirty“. До денес имаат издадено вкупно 11 албуми и неколку преработки, при што британската „Гинисова Рокопедија“ со право ги нарече „големите момци на Британскиот рап“.



Овој пат македонската публика ќе има можност да ужива во нивната андерграунд денс музика на 26 јули во Дојран на D’’Festival. По тој повод разговаравме со фронтменот на групата, Роб, кој ни откри неколку детали.

Како што знаеме првичната група се состоеше само од три члена, Роберт Бирч, Ник Халам и Овен Роситер. Но, со текот на времето Stereo MC’s имаше неколку измени, па кои се моментално членовите на групата?

Во изминатиот период нашата група навистина претрпе промени. Сега групата се состои од мене (Роб), Ник Халам, Кат Кофи, Овен Роситер и сега имаме нова пејачка, Ајна. Стожерот на групата сме јас, Ник и Овен, кои никако не ги напуштаме Stero MC’s, но во изминатиот период повеќе луѓе беа членови. Сепак, убаво е да бидеме флексибилни, да пробуваме различни работи и повеќе стилови.

Ова не е прв пат да настапувате во Македонија. Во 2002 година настапувавте на Скопско лизгалиште. Што мислите за македонската публика?

Тоа беше одамна, но се сеќавам дека имаше навистина многу народ и имавме еден прилично добар настап. Публиката играше во нашиот ритам, а тоа е она што го сака секој музичар.

Дали имавте време да посетите друг град освен Скопје?

Немавме многу време, бидејќи веднаш по настапот сакавме да се одмориме од енергичната атмосфера. Кога имаме настапи надвор од Англија, обично следниот ден по настапот се упатуваме дома, па сигурно и тогаш сме немале многу време за посета на други градови.



Можеби градовите не ги посетивте, но веројатно сте ги пробале нашите традиционални јадења?

Да, во Скопје јадевме многу! Храната ви изобилува со зеленчук и е навистина здрава, а пред сѐ свежа. Јадевме и некоја традиционална храна, бидејќи сакаме да пробуваме нови вкусови.

Сте слушнале ли некогаш македонска музика?

Сигурно сум слушнал македонска музика, но искрено не би знаел сега да издвојам, затоа што Европа е преполна со музички имиња, особено кои творат денс музика. Ние обично слушаме некоја денс или електронска музика, па добро знаете дека текстовите во тие песни се обично на англиски јазик, па сигурно не би знаел да препознаам дека е токму од вашата земја. 

Настапувате на D’Festival во Дојран. Што може да очекуваме од вас?

Овој пат, настапот ќе ни биде поразличен од минатиот пат, бидејќи сега заедно со drum&bass артистот MC Fife Alivе ќе настапиме со DЈ Сет. Обично пуштаме современи андерграунд денс хитови, но јас ќе бидам зад микрофонот и заедно ќе се потрудиме да направиме една убава атмосфера за публиката. Обожаваме да пуштаме андерграунд денс музика со цел сите луѓе кои се можност да дојдат и да уживаат.



Од неодамна објавивте нова песна, „Good Feeling“ , по која излегоа и нејзините две преработки, па дали ќе слушниме некои и од овие нови ремикси на фестивалот?

Преработката Good Feeling е достапна во три миксови и може да слушне и да се симне од нашата официјална веб страна, но сѐ уште се договараме за репертоарот.

Кој концерт или настап до сега ви оставил најдобар впечаток?

Многу добро се сеќавам на еден настап во Глазгов, Шкотска, во едно старо собиралиште и мислам дека секогаш ќе се сеќавам. Публиката скокаше на подот и ги пееше нашите песни уште пред да излеземе на сцена. Атмосферата и чувствата беа неверојатни. Сме настапувале многупати низ Европа. Минатата недела бевме во Австрија на фестивалот Nova Jazz, каде што уживавме заедно со публиката.

Последниот албум „Emperor's Nightingale“ го издадовте пред 3 години. Дали има некои најави за нов албум?

Имаме нови песни кои се достапни на нашата страна, но во текот на годината ќе објавуваме уште песни. Можеби идната година ќе објавиме албум, но пред да го објавиме ќе излезе компилација на плоча од Universal од сите наши досегашни албуми, која би требало да биде достапна за неколку месеци.



Што би сакале да споделите со Македонската публика?

Живејте убаво и весело. Момците од групата Stereo MC’s со нетрпение го очекуваат својот настап во Македонија! Се гледаме!

И. Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...