Андријана Андреева

Комплетно се разоткривам кога создавам нови креации

Моја инспирација е утро исполнето со надеж, љубов и вера

Креативниот печат кој нашите уметници го оставаат во своите дела отсекогаш бил, е и ќе биде една од позитивните карактеристики на нас Македонците. Преку изложбите, уметниците достојно ја претставуваат земјава пред нашата и пред светската јавност. Една од нив е и Андријана Андреева која неодамна, на изложба во „Ко-Ра”, заедно со Владимир Благојевиќ ги претстави своите нови дела.



Во кој миг се роди идејата за заедничката изложба „Со тебе во мене?"

Во мигот кога љубовта ќе ти обзнани дека сè е во сè, чувство кое не може да се преточи во зборови, започнува патувањето...Преку цртежот и мини скулптурите во сребро ја раскажав мојата средба со љубовта. Со неа во мене, сите тие љубовни креации се пораки кои секако, сакав да ги споделам.

Намерно или случајно се споивте со Владимир?

Со Владимир се познаваме одамна. Освен што сме другари, ние се препознаваме и на креативен план. Неговиот авторски печат асоцира на моменти кои и кај мене будат инспирација. Така започна креативниот дијалог на тема „Љубовта е”.

Колку време го подготвувавте накитот, т.е. вашиот дел од изложбата?

За изработување на колекцијата накит, насловена „Со тебе во мене” ми беше потребен подолг временски период. Еден дел од цртежите беа готови еден месец пред изложбата, а другиот дел се цртежи кои егзистираат од пред една деценија. Тие отворија нови циклуси и се надоврзаа на приказната „Со тебе во мене”.


Од кога се занимавате со оваа креативна дејност?

Со ликовниот израз се занимавам цела деценија, додека со дизајн и изработка на накит од сребро се занимавам последниве пет години. Целата креативност некако се канализираше преку обуката за филигран, кога и посилно ја почувствував потребата да се разоткривам.

Уметноста ви е начин на егзистенција или хоби?

Дизајнот и изработката на накит ми се изворот на егзистенција, но недоволен. Оттаму, и потребата да се претставам и со цртежите, а понатаму и со сликите на платно. Високото образование ме става во рамките на социјалната политика, социјален работник со ниту еден ден работен стаж. Но, големата љубов кон креативниот израз ме однесе во уметничките води. Комплетно сум отворена. Творам-играм со сè што ме инспирира.

Какви материјали користите?

Во најголем дел работам со сребро и полудраги камења, но и со дрво, глина, смола, механизми од стари часовници... Материјалите се природни и комуникацијата и реализацијата со нив тече мазно, љубовно, хаха.



Кој ги буди идеите во вас?

Секое утро се поздравувам себе си со мислата: „Утрото носи радост”! Тоа е мојата инспирација, утро исполнето со надеж, љубов и вера.

Несомнено со таква мисла биле и комитите кои на денешен ден пред 111 години го почнале Илинденското востание и ја создале Крушевската република, прва на Балканот!

Секако, секако. Денешниот 2-ри август е потсетник на она што било и што како аманет е оставено на нас идните генерации. Освен што е голем национален празник, денот за мене е многу инспиративен. Ова е ден кога се слави и името Илија кое го носат неколку мои драги луѓе.

Го празнувате ли Илинден?

Како и секој ден, за мене денешниот ден е празник. Посебноста ја прави моментот што на моите споменати пријатели ќе им го честитам именденот. Сигурно ќе следи заедничка средба која за мене секогаш е можност за нов инспиративен почеток.

Финансиски дали и колку е исплатлива креативната работа?

Искрено, се уште не е исплатлива и е далеку од тоа. Но, сатисфакција ми е задоволството кое зрачи од консументите на моите креации. Спокојот кој ме обвива во моментите на творештво, љубовта кон работата го надополнува она што недостасува.

Според кои параметри ја одредувате цената на вашиот наки, вложен труд, материјал, итн...?

Се трудам да се придржувам до советите што ги добив на обуките за менаџмент. Тоа значи да се опфатат сите аспекти кои учествуваат во процесот на изработка. Воедно, сум и флексибилна. Задоволството на љубителите на моите креации е и мое задоволство.

Каде го претставувате вашиот накит, како е достапен?

Во моментов си имам катче во виртуелниот свет под псевдонимот Ani Soro на Facebook и веб страна www.sorojewelry.weebly.com. Сите кои ќе посакаат продуктивна средба, слободно нека повелат, добродојдени се! Изложбите кои ги организирам (како последнава во галеријата Ко-Ра во Домот на градежници) се продажни и се можност за директна средба и дружење со почитувачите на моите дела.



Колку боите и формите се израз на вашата креативна возбуда и инспирација?

Боите и формите се главните двигатели кои ја раздвижуваат лавината од креативни и возбудливи бранувања на душата ми. Изворот на секреативното е непресушен.

На вашата визит карта, личните податоци ги краси максимата „Мајсторството доаѓа кога ќе ја вратиме контролата врз сопственото внимание, целосна моќ врз своите избори”. Коментар!
Таа максима на Дон Жуан ме води, ме подучува како поуспешно да пливам во мајсторските води. Со вниманието сега и тука, ние сме креатори на сè она што е и сè она што некогаш ќе биде. Има само една вистина која гласи: „Љубовта е сè во сè!”.


И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...