Врвот е достигнат и сакаме да остануваме таму

Настапот во Карнеги Хол врв во нашата досегашна кариера

За Гаро Јуниор и Диран или Тавитјан Брадрс секој нов проект е нов предизвик. Влегуваат со полн жар, позитивна мисла и свежа енергија што кај слушателите остава уникатен впечаток од музичкото доживување. Неодамна во Новиот Македонски народен театар одржаа два концерта на кои го промовираа новиот албум „Tavitjan Brothers play classics”. Со истата програма се претставија и во најпрестижната концертна сала во светот, Карнеги Хол во Њујорк.

Од каде идејата за ваков концерт на кој ќе свирите класични дела, но во поинаков аранжман?

Со оглед на фактот дека јас и Гаро имаме класично академско образование, сериозната музика ни е блиска и сме големи љубители на великаните на сите епохи на сериозната музика. По шест години работа на најпродаваниот македонски проект „Македонското срце чука во 7/8”, почувствувавме потреба за стилска промена и освежување во музицирањето, така започна се...

Со секоја карта посетителите добија примерок од новото ЦД. Што тоа содржи?

Двата концерти беа промоција на нашиот нов албум со наслов „Tavitjan Brothers play classics”. На него се наоѓаат 9 од најпознатите дела на гореспоменатите великани на сериозната музика како Болеро од Равел, Турски марш од Моцарт, Лебедово езеро од Чајковски и др. на начин како ние ги гледаме и импровизираме врз нив.

Врз која основа се бирани композициите?

Јас и Диран го правевме изборот многу внимателно со неколку критериуми во предвид. Сакавме да направиме селекција на познати теми од најзначајните композитори од повеќе музички епохи, но притоа да самите композиции бидат погодни за обработка , рехармонизација и импровизација врз нив и пред сè, да одговараат на нашиот вкус и сензибилитет. Тука се најдоа Бах, Моцарт,Чајковски, Равел, Рахманинов, Шопен, Лист, Хачатуриан итн.



Дали и овој пат аранжманите се ваше заедничко дело?

Да, како и во секој проект досега, аранжманите се плод и студиозна работа на двајцата. Од селекцијата до финалниот продукт и нивната изведба се трудиме заеднички да придонесеме подеднакво во уметничкиот израз како и во креативниот процес.

Колку време вежбате, како течеа подготовките и дали освен свирењето имавте посебен режим на исхрана, живот, физички активности?

Кога сте ја избрале музичката професија, таа станува ваш животен сопатник. Не постои фиксно работно време. Меѓутоа, минимумот време поминат на еден инструмент музицирајки или пак работејќи на музика во часови дневно би бил шест до осум. Уживаме во природа, здрава храна, обожуваме планини и водени површини како и патувања кои не исполнуваат и прават баланс во уметничкото трошење, бидејќи тоа знае да биде екстремно исцрпувачко за духот и телото. Затоа, мораме да внимаваме на себе и да се трудиме да водиме здрав живот.

Двата преполни концерта во Скопје би рекол дека беа увертира, најава и загревање пред вашиот настап во најпрестижната сала во светот Carnegie Hall во Њујорк. Како поминавте?

Двата однапред распродадени концерти во новиот театар во Скопје за нас беа едно од најубавите концерти во нашата кариера. Тука го добивме најискрениот аплауз и воодушевување што за нас е најголемото задоволство. Тоа беше зелено светло за тоа што следуваше потоа – Карнеги Хол...во срцето на Менхетн...во центарот на светската култура. Концертот беше спектакуларен. На располагање ги имавме најврвните инструменти, перфектна акустика и преполна сала која не го криеше задоволството за време на нашето музицирање.

Можам да кажам дека настапот во оваа сала е врв во нашата досегашна кариера. Со самиот факт дека тука настапувале најголемите светски уметници почнувајки од Ролинг Стоунс, па се до Мајлс Дејвис, Колтрејн, Пинк флојд, Дјук Елингтон , Јо јо Ма и стотици врвни уметници од светската сериозната музика. Концерт во оваа престижна сала е највисоко постигнување во музичката кариера на еден светски уметник. Во публиката меѓу другите беа и ѕвезди како Роберта Флек (легендарен вокал која е изведувач на светски познатиот хит „Killing me softly”), Омар Хаким (тапанар на Дефт панк, и Ведр рипорт), потоа Рејчел З-пијанистката на Питер Габриел, па се до високи дипломатски и бизнис лица кои е невозможно да се сретнат во секојдневни услови: Претседателот на стопанската комора на Менхетн, Г-дин Палтровиц, потоа Г-дин Сафра–претседател на најголемата национална банка во светот Сафра Банк, па се до Амбасадорите на Русија, Турција, Србија, Црна Гора, Чешка, Македонија и Ерменија, Американско-еврејскиот комитет итн. Сето тоа за нас претставуваше голема чест.

На чија покана се случи вашиот настап во најпрестижната концертна сцени во светот?

Поканата стигна по нашиот концерт во Блу Ноут пред неколку години, кој е најреномираната џез локација во светот. Таму бевме забележани од продуценти на Колумбија и Мунџун рекордс кои подоцна ни понудија концерт во Карнеги Хол.

Кој ве придружуваше на сцената?

Настапивме заедно со Горан Гешовски со целовечерна солистичка концертна програма т.е. со нашиот нов проект кој го изведувавме на концертите во Скопје. На крајот од концертот имавме и специјални гости, џез легендата Розена Витро и Морис Плежр кои со нас изведоа по една композиција како и Софија Кнезевиќ – препознатлив џез вокалист од Србија. На наше огромно задоволство публиката не врати на три биса.

Знаеме дека паралелно со сите активности, го подготвувате третиот дел од албумот „Македонското срце чука во 7/8”? Само за ИДИВИДИ откријте ни до каде сте со работата?

Третиот дел на албумот е во тек. По успехот кој го имавме со претходните два дела во минатите шест години, видео спотовите со балканските легенди како: Драгоевиќ, Бадриќ, Масимо, Бебек, Аки, Четковиќ и првиот концерт во нашата историја во арената Филип втори пред околу 70.000 присутни на денот на независноста итн,. сега сме пред можеби најсериозниот проект досега. А тоа е да се донесе македонската традиционална музика до уште поголемо уметничко ниво, да се однесе Македонската песна уште подалеку од Балканот...во светот.



Кои песни и пејачи ќе бидат дел од албумот?

Сеуште е рано за објавување на информации за учесници и песни. Но еве, само за ИДИВИДИ ќе откријам дека една од песните ќе биде „Си заљубив едно моме”. Досега селекцијата на пејачите беше наш избор. Но, по првиот дел некои од балканските легенди сами почнуваа да не контактираат и да нудат свое учество, бидејќи беа одушевени од проектот. Тие ја почитуваат македонската музика, а воедно и нас како уметници. За тоа сме им неизмерно благодарни!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...