д-р Драган Илиевски, специјалист по семејна медицина

Превенирајте ги, зашто не постои лек за хроничните болести

Секој човек треба што повеќе да се смее

Во светот постојат над стотина хронични болести. Тие се водечка причина за смрт, работна неспособност и инвалидитет. Најчести хронични болести се: кардиоваскуларните, дијабетес (шеќерна болест), хронична бубрежна болест, астма. Ризик фактори кои ги предизвикуваат се: хроничниот стрес, гените, начинот на живеење и исхраната.



Покрај смртноста која ја предизвикуваат, зошто на хроничните болести денес треба да им се пријде со големо внимание?

- Важноста, а воедно и најголемиот проблем кој го предизвикуваат хроничните болести е промената на дотогашниот начин на живот на пациентот. Треба да се нагласи дека кај некои болести таа промена е драстична и со тоа во голема мерка се намалува квалитетот на живот. Тоа кај некои пациенти може да делува како шок. Оттаму, најважно е да се научи превентивно да се делува во однос на нивната појава. На тој начин ќе се спречи или ќе се одложи појавата на хроничните болести. Дополнително, хроничните болести во голема мерка го оптоваруваат и здравствениот систем на земјата.

На некој начин треба да бидеме чекор пред болеста?

-Точно, треба да ја фатиме таа предфаза на болеста. Тоа не е болест која треба да ја лекуваме со фармацевтски препарати, туку со додатоци во исхраната, како што се природните лекови и антиоксидансите.

Кои од додатоците во исхраната ги препорачувате?

- Во мојата секојдневна пракса, како превенција, најчесто ги препорачувам: витамин Ц, витамин Е, селен, цинк, бета каротен или комплексните формули кои се моќни имунoмодулатори и имуностимулатори кои се на природна база.

Покрај додатоците, што треба да опфаќа исхраната кај пациентите со хронична болест?

д-р Драган Илиевски, специјалист по семејна медицина

- При појава на хронична болести многу е важен режимот на исхрана. Јасно е дека треба да се внесува свежо и квалитетно овошје и зеленчук, но уште поважна е количината и бројот на дневните оброци. Се препорачува почесто јадење, повеќе оброци, но количински тие треба да не се многу обилни за да не дојде до прејадување. Тоа посебно се однесува на лицата кои се во фаза на преддијабетес, термин кој е нов и го применуваме во секојдневната пракса.

Преддијабетес е состојба или болест?

-Тоа е состојба која доколку соодветно и ненавремено не се третира може да премине во болест.

На што конкретно се однесува оваа состојба?

- Се однесува на оние лица кај кои нивото на гликоза, т.е. шеќер во крвта не е доволно високо за да се постави дијагноза за дијабетес за да се почне со терапија, ниту пак е нивото ниско за да не се преземе нешто. Овие лице се во некој вакум, меѓупростор и затоа потребно е почесто нивно контролирање и соодветно следење.

Со оглед дека работите како семеен лекар во Вашата ординација и имате искуство од секојдневната пракса, како пристапувате кон пациентите?

- Кон секој пациент пристапувам индивидуално, зашто здравствената култура на секој пациент е различна. Кога станува збор за хронична болест се обидувам на пациентот да му ја презентирам во поблага форма за да понатаму навлеземе во деталите. Нагласувам дека со хроничните болести се зема и соодветна медицинска терапија. Тоа не се лекарства кои се земаат од денес за утре или за еден месец, туку тоа е доживотна терапија. Покрај терапијата треба да се земаат додатоци во исхраната кои може само да помогнат, т.е. да го подигнат нивото на имунолошкиот систем. Не помалку важно е и редовното практикување физичка активност. Според интересот, тоа може да биде возење велосипед, ролерки, пливање, пешачење или качување по скали.

Кога треба да се почне со превенција на хронични болести?

- Од најмала возраст, зашто многу од овие болести се наследни. Сигурно дека некоја хронична болест нема да се јави во детска, училишна или млада возраст. Превенцијата значи одложување или воопшто никогаш да не се појави некоја хронична болест. Со намалување на ризик факторите најголема придобивка ќе има пациентот, а со тоа и ние како доктори и општеството во целина.



Освен физичка активност, внесување свежо овошје и зеленчук и елиминирање на штетните навики, што друго опфаќа превенцијата?

-Редовни превентивни прегледи, активен социјален живот, дружење и комуникација со луѓе. Постојано активирање на мозокот, во смисла на учење нов јазик, нови нешта, решавање крстозбори, судоку. Последно, но не помалку важно е секој човек што повеќе да се смее, да одвојува време исклучиво за себе во смисла да си купи некој предмет, нешто што го посакува, како на пример ново парче гардероба, книга, парфем, обувки, итн.

На тој начин секој би можел да живее подолго?

-Па тоа нели сите го посакуваме? Важно е да се нагласи дека на тој начин секој би живеел поквалитетно и би ги одложил евентуалните компликации од хроничните болести или тие воопшто и нема да се појават. Вистински благослов е ако некој доживее старост без компликации, т.е. да може сам да ги извршува основните потреби.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...