Грав и чварки за мир во куќа

Љубовта со Македонија е обострана и искрена

Со членовите на Bad Copy разговараше Бојан Бошковски

Ајс, Тимбе и Виклер во интервјуто за ИДИВИДИ открија за љубовта кон Македонија, која е тајната на нивниот успех кој трае веќе две децении, како и за најчудната работа која што им се случила на концерт.

Еден од најдобрите балкански хип хоп состави, Bad Copy викендов доаѓа во Македонија, поточно во Пробиштип на Aqua Park Fest. По подолга дискографска пауза, во која секој од нив се посвети на соло проектите, Ајс, Виклер и Тимбе се враќаат за да ја здрмаат сцената на Балканот со новите песни кои откриваат дали е виновна љубовта, или можеби пивото, што е поопасно од скокање на глава во плиткото на Ада и зошто лименката се крсти во фрижидерот кога ќе го види Ајс да купува жолт сок. Друштвените мрежи побудалеа од споделувањето на нивните нови песни, а македонската публика ќе има шанса во живо да ги чуе во петок на главниот стејџ на Aqua Park Fest во Пробиштип.

Кога ќе се помисли на Bad Copy, обично веднаш се знае дека се говори за хип-хоп трио кое успешно владее на сцената. Која е тајната?

- Грав и чварки за мир во куќа. Кога ќе дојдеме во Скопје јадеме „Кај Чамо“, таму знаеме да го видиме Раде Шербеџија и тоа така оди. Тајна нема, си го фураме филмот.

Со оглед дека сте присутни на сцената повеќе од две децении, како ја гледате музичката сцена во времето кога ја започнавте својата кариера и денес?

- Гледаме дека многу групи од тоа време повеќе не постојат. Ние пак немавме што друго да правиме и ете  денеска го работиме истото од тогаш. Ако во следните 10 години не смислиме нешто попаметно, тогаш ќе го правиме истото што го правиме сега и сме го правеле во минатото. Добро ќе се забавуваме и ќе правиме одличен хип-хоп.

Помина скоро година дена од вашето последно издание „Krigle“. Какви се до сега реакциите на јавноста на новиот материјал и дали публиката веќе си пронајде некои нови фаворити?

- Нашата публика одлепува на Esi Mi Dobar, Ljubav Ili Pivo, Metalac и Idemo Odma. Ма супер е сè. Можеби малку е неблагодарно да кажеме, но овој албум ни беше „зицер“, со оглед дека пет години ништо не работевме заедно и луѓето беа гладни и жедни и така се излезе супер. Мислам дека мал број од песните не си ја најдоа својата публика. Колку и да бидеме трули цел концерт, имаме песни кои секогаш ќе ја кренат публиката, за на крај таа да каже дека сме направиле партали!



Како изгледаат вашите проби и патувања за некоја турнеја или концерт? Кој секогаш доцни, кој е мамурен, на кој не му се пее, кој би одел на пиво, кој на некоја журка?

- Виклер секогаш доцни, но секогаш оправдано. Ајс рапува толку многу и гласно што би ги избркал сите пред нас, а Тимбе има 2 настапи годишно на кои скока, но тоа во Пробиштип нема да се случи бидејќи се повреди играјќи одбојка во вода и сега десната страна му е фатена. Сите обично сме мамурни до првата бензинска пумпа, потоа мирисот на бензин не тера да се размрдаме и да побараме дали тука има ладно пиво.

Постојат ли некои изведувачи со кои би сакале да настапите (а да не се од вашиот жарн, хип-хопот)?

- Уфф да, први се Man At Work, после оние што ја пеат Dreadlock Hollyday, да и Џејсон Донован (ако не ви текнува кој е веднаш на YouTube пишете Sealed With A Kiss), како и вашиот најдобар DJ, DJ Goce.

Дали би можеле да ни наведете музичар или група која ви оставила најголем впечаток?

- Еднаш пејачот на Divlji Kesten пропадна низ бината. Тоа е моментот кога некој музичар ни оставил најголем впечаток.

Што е најчудното што ви се случило на концерт?

-Сè работеше, не го пцуевме тонецот и ги знаевме сите текстови.

Koj од вашите последни настапи ви е посебен и зошто?

- Оној во Младеновац затоа што беше откажан.

Што мислите, како луѓето го сфаќаат тоа што вие го прозивате целиот систем низ шега?

- Ние не прозиваме никого, можеби го фураме тој бунтовнички став, но не сакаме да се замериме со структурите на власт кои во еден момент би можеле да ни платат настап за 10, 15 илјади евра.

Кое е вашето досегашно искуство со Македонија?

- Љубовта е обострана и искрена.

Планови за во иднина (buducnost)?

- Не следиме фудбал во Црна Гора, но мислиме дека Будучност оваа година ќе биде прва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...