БАЛКАНОТ Е БУРЕ БАРУТ

Македонците се потполно „луди“ и отворени луѓе

Со Лука Тралиќ Shot од Elemental разговараше Бојан Бошковски

Тие се еден од најпознатите бендови во регионот. Публиката ги обожава, многу медиуми се плашат да ги емитуваат нивните спотови, а нив само ги интересира да прават добра музика низ која ни кажуваат се што им лежи на срце. Тие се Elemental, бенд кој според MTV е еден од најдобрите музички состави на Балканот, но и во Европа.

Што сè ви се случува во последно време?

-Уф... Веднаш тешко прашање! Па, многу работи би можеле сега да ги наброиме кои што се случија во последните неколку месеци, но во главно тоа беа приватни ситуации на членовите на бендот, па поради тоа тие тајни нема да ви ги откриеме. Инаку ново е тоа што започнавме со проби за новиот материјал, но тие сега се ставени на чекање бидејќи Рими си го повреди зглобот на една проба. Потоа малку концертно паузиравме и тоа на крај се добро излезе бидејќи сите ги наполнивме батериите. Летово имаме многу концерти, патувања, дружби... Сè на се се случија многу работи!

Elemental е многучлен бенд. Ве има седум и сите сте врвни музичари. Сепак, сите имаме впечаток дека сте една многу ускладена екипа која работи совршено. Во што е тајната?

-Постои само една тајна – ние во прв ред сме добри пријатели и супер се сложуваме. Од тоа потоа настанува музиката која заедно ја свириме. Успеавме во животот да го споиме убавото и корисното. И покрај сè ние многу добро се забавуваме!

Долго сте на музичката сцена. Со текстовите многу лесно ги погодувате болните точки во регионот, не ги банализирате работите и доста внимание обрнувате на пораките кои ги праќате. Дали сметате дека музиката може да го смени светот?

- Ова е често прашање кое сите ги интересира. Музиката сама по себе не може да смени ништо. Но, затоа во комбинација со останатите друштвени промени може дури и да помести планини. Ние не се надеваме да бидеме гласноговорници на некого, ниту пак да започнуваме револуции. Плод сме на своето време, израснати сме на некои други музички (и не-музички) влијанија и едноставно сме ја вклопиле музиката во своето секојдневие. Сакаме да мислиме, но и да ги натераме другите да мислат дека со останатите друштвени промени музиката може да биде дел од модерното друштво.

Младите се трудат да се пробијат на музичката сцена, истражувајќи се низ стихови, рапуваат во импровизирани студија, пред зграда или на некоја клупа. Како вие се пробивте на сцената?

- Реми и јас своите први музички чекори ги направивме во рамки на загрепската хип-хоп сцена во деведесеттите години на минатиот век. Wow, ова минатиот век ми звучи некако многу старо. Toa е всушност нашиот бекрауд. Останатите од бендот имаат рок историја. Со оглед на различните музички влијание, од старт не се оптоваруваме со ограничување на стилот, туку едноставно правевме музика која и самите ние би сакале да ја слушаме. И кога тоа го постигнавме, тогаш започнавме да свириме уште повеќе, повеќе да уживаме и да твориме. Целиот бенд некако стана едно, добивме некоја сигурност и понатаму сè беше полесно...

Како со неколку збора би ја опишале состојбата на балканската музичка сцена денес?

-За Балканот велат дека е „буре барут“. Па така е и на музичката сцена! Има одлични бендови и изведувачи со многу иновативен нов звук. Како што никој нема пари, тие музичари измислуваат начини како да снимат и да го промовираат тоа што го творат и свират. Така имаме една добра сцена која навистина знае да изненади со нешто ново. Зборувам за сите земји во регионот. Супер е!

Како изгледаат вашите проби, концерти, турнеи? Кој секогаш доцни, кој е мамурен, на кој не му се свири и радо би одел на пиво?

- Признавам, јас сум оној кој сака на секоја бензиска или паркинг покрај патот да пие кафе. Џон (нашиот тапанар исто)! Ние влечеме на таа „кафеџиска“ страна. Ма, всушност секое патување е нова авантура. Во почетокот знаевме да испиеме премногу по свирка и патувањето за дома да стане хорор ден подоцна. Сега сме малку подисциплинирани.

Во кој жанр би го сместиле Elemental?

- Во ниту еден! Со оглед дека вокалните делови се 80 отсто рап, тогаш најверојатно би спаѓале во хип-хоп, но ние за тоа не размислуваме. Некако се ова што го правиме е „crossover“, a „crossover“ не е жанр како таков, туку тој е една мешавина на сите жанрови. Најлошо е да се скриете под некоја сенка и да се држите до правилата кои некој ги има зададено. Ние се вртиме околу сè и го правиме она што сакаме да го правиме и што мислиме дека е добро!

Дали би можеле да ни наведете музичар или пак група која врз вас имала најмногу влијание со кратко објаснување зошто?

- Ги има многу. Мене особено прво ме воодушевија The Roots, тоа беше кога бев уште млад и неискусен. Ги гледав во Минхен некаде во 99-та и тоа ме промени бидејќи видов како бенд може да звучи сосема поинкау од она што сме навикнати да го слушаме. Тука влијание имаа и други музичари, но не се сеќавам баш сега кои бидејќи слушам многу музика. Сепак, The Roots беа оние кои навистина ме воодушевија.



Какво е вашето досегашно искуство со Македонија?

- Најдобра храна на Балканот. А освен тоа, вие имате потполно луда публика и многу отворени луѓе.

Што е најчудно што ви се случило на концерт?

- Најчудно... хм... О, да некој лудак нè повика на сеанса со  ибогаин (некој вид на наркотик)… Друго што ми останало во мисли е моментот кога Реми на бина доби заб за подарок.

Кој е последниот добар албум кој сте го преслушале?

- Знаете што, ретко слушам цел албум кој е добар. Сите до сега се ориентирани на објавување добри и силни синглови и помлитави албуми. Но, ете во последно време преслушав два добри музички албуми кои од првата до последната песна развалуваат. Тоа е Wait на домашните PipsCips&Videoclips, додека од странските тоа е Lazaretto на Џек Вајт.



Што планирате за во иднина?

-Да свириме и свириме. Додека тоа добро го правиме ќе продолжиме да го правиме. Можеби ќе испробаме нови жанрови, можеби ќе продолжиме да го правиме истото... кој знае!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...