ЏАМБО АГУШЕВИ

Не сме спортисти, но сепак сме светски шампиони!

Сите наши настапи се вредни за паметење

Џамбо Агушеви е трубачки оркестар кој доаѓа од Струмица. Тие се вистински македонски бисер кој својот полн сјај го покажува на секој настап, без оглед дали е во Македонија или некаде низ светот. Огромниот број награди и признанија неодамна го надополнија со првата награда и титулата Светски шампиони во Франција.



Ви благодарам што ја прифативте поканата за интервју за ИДИВИДИ!

-Ние ви благодариме на интересот да разговарате со нас!

Како сте?

- Одлично, расположени и опуштени со оглед на тоа што е лето и поголем дел од времето сме дома.

Неодамна предизвикавте огромна радост кај нас Македонците. Имено, станавте трубачки светски шампиони, ако можам така да се изразам. Честитки за првата награда!

- Да, да може така да се изразите. Иако не сме спортисти, може со спортски вокабулар да се каже дека станавме и сме актуелни светски шампиони. Станува збор за светско натпреварување на трубачи кое се одржа во француското место Доле. Како претставници на Македонија, го освоивме првото место и првата награда од жирито.

Имавте ли силна конкуренција?

- Да. Ваквите натпревари по правило се многу силни и квалитетни со оглед на тоа што учествуваат оркестри и трубачи од целиот свет. Голем дел од нив се многу квалитетни и затоа конкуренцијата е многу силна. Имаше оркестри од: САД, Колумбија, и од земји од Африка и Европа.

Какво беше чувството кога ве прогласија за победници и кога ве повикаа на бината да ја примите наградата?

- Тоа чувство не се опишува со зборови. Како што рековме имаше одлични оркестри, но сепак верувавме во нашиот квалитет кој со децении го носиме и го пренесуваме од генерација на генерација. Кога не прогласија за победници сите не облеа позитивна енергија и задоволството веднаш се виде по изразот на нашите лица. Оваа награда е само потврда на континуитетот кој го имаме години и години наназад.

Што освен оваа светска награда е актуелно кај вас во моментов?

- Вредно работиме и го подготвуваме новиот албум. Повеќе детали сега нема да откриеме, зашто наскоро подготвуваме големо изненадување за нашите обожаватели. Сето тоа официјално ќе биде објавено преку медиумите.

Џамбо Агушеви е оркестар кој повеќе настапува во странство отколку во Македонија. Задоволни ли сте со тоа?

- Секако дека сме многу задоволни што постојано има работа, т.е. настапуваме. Тоа е доказ дека публиката не почитува и не сака. Можеби треба повеќе да настапуваме во Македонија, но сепак ние секогаш сме посебно расположени кога настапуваме некаде низ нашата земја. Фактот што сме почесто во странство е наша желба да ја доближиме нашата музика и македонската култура пред што поширок број на луѓе ширум светот.

Ве заморуваат ли патувањата, сакате ли почесто да сте дома, покрај своите?

-Секако, но се е подредено на работата. Иако некогаш се долги и исрпувачки, патувањата се дел од нашите активности. Голема поддршка имаме од нашите најблиски и од нашиот искусен водач Џемал. Тој не советува и учи како полесно да ги поднесеме патувањата и како да ја освоиме публиката.

Освен во Франција, кои настапи годинава заслужуваат внимание да ги споменете?

-На 23-ти март годинава настапивме во најголемиот град во светот, Мексико Сити во рамки на фестивалот „Festival del Centro Historico“. Фестивалот се одржува од 1985 година на главниот плоштад во Мексико Сити. Сите наши настапи се вредни за паметење, но сепак овде ќе ги споменеме и настапите во Тирана по повод Светскиот ден на Ромите и настапите во рамките на нашата европска турнеја во: Хрватска, Словенија, Италија и Босна и Херцеговина.

Кога ја споменавте БиХ, вие со оваа држава настапивте на Светското првенство во фудбал во Бразил. Кажете ни повеќе детали за тоа?

-Точно така. Џамбо Агушеви како Македонци настапија во Бразил, ама за екипата на БиХ. Поточно, нашиот оркестар беше дел од навивачката песна за репрезентацијата на БиХ. Патувајќи низ земјата, имавме прилика да се сретнеме и да се дружиме со групата Дубиоза Колектив. На еден нивен настап заедно изведовме нивна песна. Потоа, следеше настап на фестивалот „Сарајево Севдах фест”. По фестивалот, со групата Диванхана ја снимивме славната севдалинка „Звјезда тјера месеца” која со видео спотот кој го снимивме беше поддршка, т.е. навивачка песна за репрезентацијата на БиХ во Бразил.

Покрај новиот албум, што планирате во периодот кој следува?

- Интензивирање на настапите и соработките со интернационални докажани музичари. Деталите и овој пат ќе ги објавиме кога ќе бидат потврдени. Во меѓувреме, слушајте ја нашата музика и уживајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...