Нагости во...
www.preplet.mk

Дом на фантазијата

„Преплет“ е креативно студио во срцето на Дебар маало. Уметничка „адреса“ на две млади дизајнерки - Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска каде што се вдомила фантазијата. Ова инспиративно катче на градов му влева урбан, велеградски шмек; впечатлив влез во еден поубав и поведар свет.



Замислен како место каде што можат да се најдат најразновидни дизајнирани производи, накит, аксесоари за домот и уште многу други мали детали, „Преплет“ си задал себеси да разубавува, но и гласно да говори за уникатноста, за стилот... Сето тоа исклучиво на македонски јазик и со кирилични букви!

На почетокот беше...

Како се роди „Преплет“ и каква приказна раскажува?

„Преплет“: Идејата за „Преплет“ се роди за време на нашите студентски денови, кога, всушност, се запознавме и ние двете. Многу наши интереси и стилови од областа на дизајнот се поклопија и за кратко време сфативме дека заедно како тим совршено се сложуваме. Така, најпрво почнавме со изработка на плетен накит и учествувавме на повеќе изложби и фестивали. По завршувањето на студиите направивме една непланирана пауза, работејќи во сосема различни области. За среќа, таа пауза ни овозможи уште повеќе да си ги осознаеме стилот и правецот во којшто сакаме да се движиме, па така новиот и вистински „Преплет“ се роди пред година и пол во форма на креативно студио со многу производи кое секојдневно работи на нови и нови нешта...

Торбички, рамки за слики, шолји, постерчиња, накит, нотеси... Вашите уникатни дизајни ги разубавуваат девојките, го разубавуваат домот и нашето најблиско опкружение... Што сè креирате? Во што најмногу уживате? Во кој дел од процесот?

Во нашето студио можат да се најдат најразновидни дизајнирани производи, како и аксесоари за домот и уште многу мали детали кои се тука за да ја поттикнат позитивната мисла и да ни го разубават денот. Прво нешто што креираме е пораката која сакаме да ја пренесеме. Секогаш кога подготвуваме нова колекција почнуваме од пораките и целосно се посветуваме на секој одделен производ. Внимателно одбираме која порака на кој производ најмногу ќе соодветствува и според стилот на пораката ја одбираме техниката потребна за аплицирање врз производот. Токму поради ова, не можеме да издвоиме кој дел од процесот ни е омилен, ниту пак, можеме да избереме омилен производ, на сите сме им целосно посветени и она што најмногу нѐ радува и нѐ исполнува, моментот на најголемо уживање е оној кога ќе ги видиме крајните производи наредени во нашето студио.



Будење на креативноста

Што е она што ја буди вашата креативност? Фантазијата, моментите споделени со пријателите, филмовите, погледот кон минатото, кон иднината... Или, можеби, задлабочувањето во себеси?

Кога се работи за креативност и инспирација, тука никогаш не може да се каже дека има некое одредено правило. Бидејќи кај нас се работи за производи кои пренесуваат одредена порака и емоција, креативноста ја наоѓаме буквално во сѐ. И дома, во највообичаените обврски, во изреките кои случајно ќе ги слушнеме од некој обичен минувач, низ секојдневните разговори со пријателите и, нормално, од секојдневните чувства и емоции кои ги доживуваме. Насекаде околу нас лебдат безброј убави зборови, македонски изреки кои несвесно ги користиме, симпатични фрази со двосмислено значење и уште милион едноставни реченици кои можат да нѐ допрат. Ние само се обидуваме да фатиме дел од нив и да ги презентираме во форма во која секој би можел да се пронајде на свој и индивидуален начин.

Уникатниот спој на традицијата и модерното, на ретро и современиот изглед, е склопот кој зачинет со вашата посебност ги прави Преплетовите дизајни единствени и оригинални. Колку македонскиот човек денес е желен за уникатност и е подготвен да ја искаже својата (или да ја препознае и признае) туѓата индивидуалност?

Ние во овој „Преплет“–проект, можеме слободно да кажеме дека влеговме многу храбро, но и со многу прашалници за тоа како ќе реагираат луѓето на нашата работа. Бевме желни да покажеме еден нов стил и концепт на работа кај нас, што надвор од земајава е веќе добро познат. Знаевме дека луѓето се веќе запознаени преку интернет со вакви мали креативни студија, со дизајнирани предмети и интересни графички дизајни, ама не бевме сигурни во врска со навиката и изборот да купуваат такви нешта во секојдневието. На крај, со гордост можеме да кажеме дека имавме одличен одзив уште од самиот почеток и тој сѐ повеќе расте. Нашето студио има сѐ поголем избор на предмети за домот и сѐ повеќе насмеани лица во него. Благодарни сме им на сите наши фанови кои нѐ следат и редовно доаѓаат во нашето студо да проверат што сме создале ново и да си купат подароче за себе или за свој близок.


Почит кон јазикот и писмото

„Гаранција“ за подобар свет

Кога ќе го посети вашето студио, човек има чувство дека зачекорува во еден поубав, посреќен и поведар свет, а со секое купено парче може да понесе со себе дел од него, да сподели среќа, да измами насмевка...Дали дизајнот и убавото можат да бидат „гаранција“ за подобар свет?

Наша цел е преку пораките и дизајнот да им го разубавиме денот на луѓето, и тоа не само на оние што ќе влезат во нашето студио, туку и на оние кои редовно нѐ следат на социјалните мрежи. Целта е да најдеме момент за себе, да се насмееме и опуштиме. Има многу работи кои нѐ опкружуваат и влијаат врз нас и врз нашето расположение, но ако си дозволиме да се опкружиме себеси со позитивни мисли и ако еден дизајн успее да измами насмевка на нашето лице, тогаш дефинитивно дизајнот и убавото можат да бидат „гаранција“ за подобар ден, подобар свет!

Пораките на вашите дизајни испишани со кирилични букви не само што оддаваат почит кон македонскиот јазик туку искрено го прегрнуваат сето она што е наше, што на сите ни е блиско... И заедничко... Која е најгласната порака која сакате да му ја соопштите на македонскиот млад човек?

Стилот што почнавме да го градиме за „Преплет“ е нашите предмети секогаш да соопштуваат порака на македонски јазик и на кирилица, порака која тешко може да се преведе на странски јазик, затоа што најчесто е разговорна и баш поради тоа може да создаде силни врски меѓу нас. Би направиле комбинација на две пораки кои можат да се најдат во нашето студио, вредна за споделување со вашите читатели: „Насмеј се гласно, не под мустаќ, затоа што животот е куп среќни моменти!”

Што планира „Преплет“ за во иднина?

Како што веќе напоменавме, „Преплет“ е место во кое се создаваат дизајни и пораки кои имаат за цел да ни го разубават денот. Планот за во иднина е да најдеме што е можно повеќе начини преку кои овие пораки и дизајни ќе можат да допрат до што поголем број луѓе. Да продолжиме да креираме позитивни моменти во секој дел од животот. „Преплет“ и понатаму ќе се стреми да го преплетува животот со убавина.



Текст: Ц. Беличанска

Фотографии: Б. Ќосева

Интервјуто „Дом на фантазијата“, е преземен од магазинот на Т-Мобиле - Мој клуб. Во најновиот број кој излегува наскоро читајте интересни содржини од областа на технологијата, мобилните телефони, интервјуа, занимливости....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...