Борис Цветановски

Не правам паузи, зашто „тоа“ чувство сакам да трае

Гитарата е отров кој влегол и не може да излезе од мене

Минатата сабота, сосема случајно после дождот шетав низ Старата скопска чаршија. Во еден од клубовите имаше жива свирка. Вниманието ми го предизвика вокалот на едно црнокосо момче кое со силен жар ја пееше „Let me entertain you”. „Борис и неговиот бенд стоеше на рекламниот плакат”. Намерно останав до крај за да го запознам и да му се заблагодарам за прекрасната атмосфера. Иако уморен, насмевката значеше дека е расположен за интервју кое следува во продолжение!



Како започна твојата музичка приказна?

Првите акорди на гитара ги фатив пред започнување на средното училиште, за време на летниот распуст. Едноставно бев фасциниран од моќта на инструментот. Подоцна сфатив дека тоа е „отров” кој влегол и не може да излезе од мене.

Се случи тоа намерно или случајно?

На една од домашните забави кои тогаш ги организиравме снема струја. Тоа се случи само неколку дена по мојот прв допир со гитарата. Ги знаев само А-мол, Г-дур, Ц-дур и Е-дур, но сепак решив да се пробам. Забавата излезе незаборавна, а куражот од моите пријатели ме натера да не се двоумам дека сум на добар пат.

Со оглед на фактот дека ќе бидеш иден стоматолог, дали медицината или музиката ти е приоритет ?

Приоритет ми е моето основно занимање - стоматологијата. Петта година сум на Стоматошкиот факултет во Скопје и дополнително изведувам пракса.

А, што е со музиката?

И таа е тука, не ја оставам. Во моментов интензивно работам на мојот прв соло албум во студиото „Кактус”.

Значи дека твојот дневен распоред е полн со активности?

Да, да. Секој час е исполнет со некоја активност и постојано сум ангажиран. Како пример ќе наведам дека секое утро трчам на кеј, речиси секоја вечер излегувам со пријатели и буквално секоја вечер многу малку спијам. Доволни ми се неколку часа сон за да наутро бидам свеж и за да енергично го започнам денот.

Дали на твоите настапи секогаш имаш бенд кој те следи?

Да, тоа е мој кавер бенд кој ме следи на сите настапи кои се најчесто по клубови.

Најголем дел од вечерашната програма беа енергични песни, фанк, поп, рок ен рол, од различно време и од различни простори. По кој критериум ги бираш песните?

Пред директно да одговорам, сакам да споменам дека за секој настап имам голем репертоар на песни. Но, што ќе пеам во моментот кога сум на сцена одлучуваат моето расположение, енергијата која ја носат луѓето со себе и насмевките на девојките во публиката кои постојано ги следам со поглед.



Истовремено пееш, свириш и танцуваш? Не ли ти е тешко и нели премногу се трошиш?

ПЕАМ ОД СРЦЕ! Кога сум на сцена заборавам на сè и уживам во моментот. Никогаш не правам паузи, бидејќи сакам тоа чувство да трае. Впрочем, музиката ми е изолација од секојдневието. Најважно ми е да се забавувам. Кога човек се забавува, не размислува дали се троши.

Енергичен си, забавен, насмеан. Какви други квалитетни особини поседуваш?

Благодарам за комплиментите! Но, не би можел сам да зборувам за своите квалитети. Ги ценам оние кои го препознаваат она што се трудам да го направам.

Планови со музиката?

Наскоро, конечно ќе биде објавен мојот прв албум. Снимањето на материјалот е во последна фаза. Се работи за осум песни-парчиња душа, кои никогаш до сега не се слушнати и изведени јавно. Комплетен автор сум јас, а албумот е фузија на повеќе музички стилови со акцент на фанк, поп и рокенрол. Во студио работам интензивно една година и важно ми е што материјалот е отсвирен во живо, од врвни професионални музичари. Посебна благодарност упатувам до продуцентот Горан Милошески. По промоцијата ја очекуваме реакцијата од публиката.

Спојката стоматологија и музика?

Музиката е нешто неделиво од мене. Инспирацијата за создавање музика ја пронаоѓам во секојдневието, што за мене е стоматологијата. Дијаметрално различни, но неразделни светови за мене. Стоматологијата ме инспирира во музиката, а музиката ме инспирира во работата. Впрочем и борерот, исто како и гитарата е инструмент, ама создава не толку пријатен звук, хаха.

Имам претчувство дека ќе бидеш стоматолог кој ќе пее и на тој начин ќе го брка стравот кај пациентите од одењето на забар

(Се смее) Па, вечерва дојде на настап и ме виде и слушна во живо. Атмосферата беше супер. Сега сите кои беа вечерва тука  ги чекам на преглед на забарска столица. Е, во ординација ќе го видите мојот перформанс. Не кажувам каков ќе биде, нека биде изненадување.

Во името на ИДИВИДИ ти благодарам за  времето кое го одвои за ова интервју

Ми беше задоволство и благодарам за можноста за прв пат да дадам интервју за еден од моите омилени македонски портали.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...