„Силата беше со него“....

Како можам да одберам омилен Star Wars филм?

Енди Ворхол рекол: „Во иднина секој ќе ги добие своите 15 минути слава“. Метју Мјат ги ужива своите 15 минути, но за разлика од останатите „селебрити“ личности тој доби вниманието поради случајно супер дело кое го направи минатиот месец. При рутински лет врз Беркшир областа во Англија тој сними фотографија која ги возбуди сите фанови на Star Wars. Идивиди имаше задоволство да поразговара со Метју Мјат, за неговата авантура, фотографијата која стана вирална за само неколку часа и се разбира Star Wars.

Господине Мјат, Вие сте фото-репортер моментално вработен во BBC. Но, во септември додека летавте над екс кралската воздухполовната база Greenham Common над Беркшир, Англија успеавте да снимите нешто што ги возбуди фановите на Star Wars. Вие всушност ненамерно ги снимивте  Millennium Falcon леталото на Хан Соло и X-Wing, едно од леталата на „Алијансата на бунтовниците“, во фаза на подготвока за претстојниот филм Star Wars film- Episode 7. Која беше целта на вашиот лет врз екс базата во Беркшир и базирано на истиот ќе можете да ни кажете (на нас фановите) дали тоа што го снимивте е самиот сет на кој се снима филмот или е само место каде што се моделираат макетите? Прашувам бидејќи Pinewood филмските студија се во близина на воздухопловната база врз која ја направивте фотографијата, а дел од самата продукција ќе биде и таму.
 

Причината за летот беше само за да направам фотографии за компанијата наречена AirBourne Aviation. Полетавме и заминавме на север за да снимиме неколку фотографии каде што се’уште имаше сонце, а локацијата која ни изгледаше најдобра беше Greenham Common. Можам со 100% сигурност да потврдам дека тоа е филмскиот сет на Star Wars- Episode 7. Главната продукција и фотографија на филмот е во Pinewood точно, но од тоа што го видов, Greenham Common базата е направена да биде филмскиот сет за базата на „бунтовниците“. Од тоа што го видов, се работи на моделирање и правење сетови, да не изгледа како нуклеарна воена база, што всушност е.

Со одглед на факот што откривте детали од Episode 7, кој е фидбекот кој го добивте од јавноста во изминатиов период? Дали имаше било каков фидбек од Disney студиото кое стои зад филмот или пак можеби ПР агенти, спин доктори и адвокати кои работат за Disney за да ве спречат да ги објавите фотографиите?

Генералниот фидбек беше многу позитивен од фановите на Star Wars. Да, имав неколку коментари на Twitter дека сум бил не-фер кон филмот ,но тие се 0.01% од коментарите кои ги добив. И, да во право сте, веќе ме информираа дека некој од Disney филмското студио, се обидувал да стапи во контакт со мене. Дури ми оставил и УРГЕНТНИ пораки, но ги игнорирав тие повици до сега... хахаха...

Дали сте фан на Star Wars? И кои се вашите очекувања за Star Wars Episode 7, со оглед дека сега филмот е режиран од Џеј Џеј Абрамс и дел од актерите во оригиналната трилогија (Харисон Форд, Кери Фишер и Марк Хамил на пример) ќе се вратат и ќе се спојат со новата генерација на актери?

Огромен фан сум на Star Wars. ОГРОМЕН!!! Паметам како спиев пред моето локално кино, во обид да добијам подобри билети за Star Wars- New Hope во 1977-ма година. Star Wars се дел од секој од нас. Тие се дел од нашата ДНК, а сакале или не и Џорџ Лукас е дел од нас исто така. Фантастично е што old school актерите сега се враќаат повторно за новиот филм. А, ако ме прашувате мене, требаше одамна да го направат тоа.

Кој е вашиот омилен Star Wars филм? Знам дека е тешко да се одговори, но еве мојот е Empire Strikes Back, а прашувам бидејќи сум во исто време и филмски рецензент, па ме интересира како филмски фанатик и рецензент.

Ау, тоа е злобно прашање хахаха. Како можам да одберам омилен? Уф, да размислам... Empire ми изгледаше како долг трејлер за The Return Of The Jedai, да бидам искрен, но никогаш не го преболев интрото во првиот, New Hope. Тоа беше WOW момент за мене како дете. Моментот кога прв пат го видов на платно, засекогаш ќе остане во мене. И да одговорам на прашањето. Немам омилен Star Wars поединечен филм, туку тоа е оригиналната трилогија од 70-те и 80-те како целина ми е омилена.

Дали планирате да се вратите и да снимите уште фотографии над базата? И ако е така, што планирате да најдате на следната посета?

Да, планирам да се вратам и да снимам уште фотографии. Кој знае можеби ќе ги „фатам“ и дел од актерите како глумат додека го снимаат филмот. За жал, мометнтално има забрана за летање над базата и никој не може да лета и да види што се случува. Забраната беше издадена по само неколку часа откако мојата фотографија стана вирална на Twitter, а не знам до кога ќе трае. Се прашувам зошто хахахаха....

Со каков авион летавте врз Greenham Common базата?

C42 авион - спортски модел со две седишта.

Да позборуваме за момент и за самата професија. Фото-репортер. Кој е најпредизвикувачкиот дел од самата професија, а кој дел е најмногу ве исполнува?

Најпредизвикувачкиот дел е обидот да се биде на вистинското место во вистинското време. Вестите се менуваат од минута во минута и никогаш не седат на исто место два пати по ред. Она што најмногу ме исполнува е да направиш фотографија која никој друг не ја снимил и да знаеш дека ти ја имаш екслузивно. Тоа не се случува често, а некогаш не ни знаеш дека си ја снимил, како што беше тоа со Star Wars фотографијата.

Дали во досегашната кариера сте имале можност да снимате на Балканот или поточно во Македонија?

За жал не. Патував до сега низ повеќе држави па дури и воени зони, но никогаш не сум бил испратен во досегашната кариер на Балканскиот полустров. Навистина штета бидејќи мислам дека е прекрасно место.

Моментално сте вработен во BBC. Каде беше последната задача за снимање фотографии која ја направивте пред ова интервју и каде ќе биде следната?

Последната беше  на Даунинг Стрит 10 во Лондон. Имам супер фотографии од премиерот Дејвид Камерон како пречекува гости, а следната задача ќе биде на Јамајка. Кога навистина не знам. Чекам во секој момент телефонот да заѕвони и да почнам да се пакувам..

Господине Мјат, ви благодарам на времето кое го одвоивте за Идивиди и со нетрпение ќе ги очекуваме следните фотографии од Star Wars сетот.

Ви благодарам и на вас.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...