Ален Хасановиќ, пејач

Позитивна трема имам и секогаш ќе ја имам

Приватно, Ален Хасановиќ многу сака да се дружи со другарите. Најмногу на свет го сака своето семејство, затоа што тоа е вистинското богатство што еден човек може да го има. Професионално е на чекор до дипломирање на Факултетот за музичка уметност во Скопје и јавно промовиран како прв кандидат за победа во шоуто „Звезде Гранда”.



Поздрав Ален! По подолго време повторни си во Скопје, како се чувствуваш?

Здраво до читателите на ИДИВИДИ и благодарам за поканата за интервју. Моментално сум во Скопје и супер се чувствувам. Тука студирам и слободното време кое ми останува го користам за дружење со пријателите, да одам на факултет и да ги завршам зададените обврски.

Неодамна настапи во шоуто „Звезде Гранда” со песната „Како моја мати” од Здравко Чолиќ. Колку си задоволен од настапот и интерпретацијата?

Искрено, чувството е многу убаво. Од минатата недела кога настапував ми се сменија многу работи во животот. Добив многу позитивни коментари, нови пријателства, итн.

Твојот квалитет со право ја дигна цела поранешна СФРЈ на нозе. Очекуваше ли такви реакции?

Искрено не очекував. Пред да настапам имав малку страв, затоа што пред настапот бев во Турција, таму пеев на една приватна забава и гласот малку ми беше зарипнат, се плашев да не згрешам нешто или гласот да не ми зарипне уште повеќе. Фала му на Господ се испадна во најдобар ред, а се надевам дека така и ќе продолжи. А, за реакциите...да очекував, но не во толкав број и со толкав позитивни коментари, супер и благодарам до сите што ме поддржаа и што тоа ќе го прават и понатаму.



Имаше ли трема?

Знаете како, таа мала и позитивна трема ја има секој. Дури и кај најголемите ѕвезди кои имаат долгогодишна кариера. Некои од нив не го кријат тоа, бидејќи знаат дека секое излегување пред јавноста е нов предизвик, ново доживување. Тремата постои и секогаш ќе постои, затоа што таа позитивна трема ми помага да се докажам повеќе во тоа што најдобро го знам и умеам.

Потешко или полесно е да се пее во ѕид, зашто на почетокот ти не ја гледаше публиката?

Мислам дека е многу полесно. Но, искрено мене ми беше сеедно, затоа што уште пред „Звезде Гранде“ имав големо искуство од многу други телевизиски шоуа на кои бев учесник. И со ѕид и без него ми беше исто. Морам да признам дека адреналинот се крева заедно со видео ѕидот. Тоа е нешто посебно, нешто за кое не може да се зборува, туку мора да се доживее.

Намерно или случајно се пријави?

Искрено, не сакав да се пријавам на ова шоу, затоа што бев учесник на многу други шоуа во Македонија. Ми се смачи веќе. Но, по иницијатива на татко ми и еден мој близок пријател, реков е ајде уште овде да пробам, па што сака нека биде. После првиот настап, реакциите на публиката се зголемуваат и тоа ме радува.

Со какви амбиции одиш понатаму со оглед на фактот што веќе си прозван како прв кандидат за победа?

Се надевам дека ќе поминам и во следните кругови. Како и сите учесници, морам да кажам дека конкуренцијата е навистина многу голема, има многу добри пејачи и од машките, а исто така и од женските групи. Со Господ напред, се надевам дека ќе си го остварам својот сон. Но, и да отпаднам од шоуто, јас никогаш нема да се откажам од музиката, бидејќи имам одличен тим кој работи со мене. Ќе продолжам и понатаму да пеам и да работам со музика, затоа што музиката е мојот живот.

Како дојде до избор на песната?

Таа песна отсекогаш ми била убава. Морам да признам дека не сум ја пеел никогаш на ниеден настап. Прв пат ја отпеав на „Звезде Гранд” и на крајот се беше фантастично, исто како да сум ја пеел милион пати претходно.

Што следува понатаму?

Сега се подготвувам за следните кругови. Се двоумам кои песни да ги пеам, затоа што многу ми се вртат во глава. Секогаш ги бирам оние најтешките, затоа што ако еден перач сака да го покаже она што го знае, треба да одбере тешка песна преку која во целост ќе го истакне својот потенцијал. На овој начин секој човек може да го чуе тоа и ако притоа се има успешен настап и се биде како што треба, 90% oд коментарите ќе бидат позитивни.

Од кога почна да пееш?

Желбата за пеење се појави уште како многу мал, некаде на 6 или 7 години. Истовремено почнав да свирам и клавир, по што се запишав во средно музичко училиште во Битола. Денес сум апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и набрзо треба да дипломирам. Секој ден морам многу да вежбам и да се надоградувам себеси, затоа што еден човек никогаш не може да знае сè, а воедно треба да се труди да го извлече максимумот од себе.

Кој е твој најзначаен настап до сега?

Настапи сум имал многу, како и учества на фестивали. Неодамна победив на „Канео фест” во Охрид, каде се закитив со уште 3 први награди: за аранжман, интерпретација и текст.



Иако си многу млад, веќе имаш изграден музички стил. Во целост е усогласен со брадата со што твојата интерпретација добива на тежина.

Благодарам за коментарот! Искрено, мислам дека брадата добро ми стои. Но, изгледам и посериозно затоа што себе си се гледам како музичар во вистинска смисла на зборот и мислам дека жените повеќе сакаат мажи кои имаат брада. Нели, преку брадата се искажува машкоста.

Повеќе сакаш да пееш брзи песни или балади?

Јас сум човек кој музиката ја дели на добра и лоша, а не на селска и градска. Слушам секаква музика, кратко кажано слушам сè што е добро и квалитетно. Најмногу сакам да пеам балади. Имам забележано дека луѓето повеќе ги сакаат баладите, затоа што повеќе уживаат во нив и исто како и јас во нив се пронаоѓаат.

Како ти минува слободното време?

Слободното време го минувам во прошетки, да се видам со луѓето што ги сакам и нормално, на Фејсбук, каде следам само добри и позитивни работи. Имам девојка која многу ми значи затоа што секогаш е тука за мене и ми помага околу сите работи.

Планови по завршувањето на шоуто и дипломирањето?

Немам посебни планови. Сега сум на „Звезде Гранд” и најмногу внимание посветувам таму, затоа што сакам да успеам во она што го работам и што ми е цел во животот.



И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...