Анета Наковска, пејачка

Сексапилот ми е вроден и зрачи од мене

Не сум заљубена, иако имам и ќе имам додворувачи

Глас, стас, сексапил, харизма, енергија...Сето тоа во го има кај Анета Наковска, која со секое појавување предизвикува внимание. Во комуникацијата со луѓето е отворена, директна и насмеана. Не пати од комплекси и формалности и сака да и се обраќаат неформално, со „ти”. За прв пат таа е пред читателите на ИДИВИДИ.



Добродојде Анета во ИДИВИДИ! Како си?

Добро сум, ма одлично! Всушност за многу краток временски интервал добив две одлични песни (иако жанровски сосема различни) и ете затоа сум баш хепи!

Пред настапот на Валандово не почести со заедничка промоција со Благоја Грујовски. Кажи ни повеќе детали за настанот.

Да, промоцијата беше заедничка и за моја најголема среќа со мојот другар и драг колега Баже. Промовиравме по една нова песна и видео спот. Тој „Се уште те сакам”, а јас „Уште вечерва”. На тој начин ја збогативме македонската фолк музика со две нови песни кои ќе допрат до публиката и ќе го најдат своето место во листата на македонски хитови.

Задоволна ли си од интересот и посетеноста?

Задоволна сум и им благодарам на сите што дојдоа! Имаше колеги, новинари, луѓе кои нè сакаат, дел од нашата публика. Оние кои не можеа да дојдат од оправдани причини, телефонски ми честитаа.

Со оглед на економската ситуација и (не)интересот за народната музика, што недостасува за да оваа ситуација се смени?

Недостасува квалитетна продуцентско-менаџерска куќа која ќе застане зад нас пејачите и соодветен медиум кој ќе ја третира народната музика.

Сепак, државата преку Министерството за култура има интерес за македонската музика преку субвенциите што ги дава.

Секако. Добро е што се даваат субвенции за квалитетна песна и високобуџетен видео спот. Но ете, повторно не видов ниту еден високобуџетен видео спот во нашата фела, иако сумата е позамашна. Се прашувам зошто на толку големи парични средства повеќето видео спотови личат на обични видео записи? Каде одат тие пари...? Хммммм.

Твојата песна исто така е субвенционирана од државата. Ти олесни ли тоа во реализација на целокупниот проект?

Несомнено дека ми олесни во однос на финансиите. Значи, Министерството за култура максимално се труди да го врати сјајот на нашата естрада. Но ете, повторно многу тешко успева во нашата ни државичка.

На јубилејното 30-то издание на Фолк фест Валандово настапи со многу разиграната и весела песна „Да се родат дечиња”. Задоволна ли си од настапот и од организацијата?

Многу сум задоволна од сè што годинава се случуваше во Валандово. Фестивалот блесна во полн сјај, и во однос на песните и во однос на организацијата. Лично од мојот настап сум исто така задоволна, зашто во публиката и зад сцена постојано имав реакции, а и голем број гледачи гласале за мене за што им благодарам! Сакам уште да споменам дека годинава имаше супер дружење со сите, вклучувајќи ги и поискусните колеги кои настапија како гости на фестивалот.

И покрај сè, секогаш се трудиш да предизвикаш внимание со твојот глас и стас.

Не разбирам како вие тоа гледате дека јас само се трудам? Јас би рекла дека само си ја работам мојата работа, она што е во мој домен, а тоа е да снимам песни и видео спотови. Нормално е дека некој треба да ги гледа и да ги слуша моите песни и спотови и тоа „гала“, зарем не?

Што друго е дел од твојот арсенал со кој ја освојуваш публиката?

Мојата енергија, топлина, харизма, интеракција со публиката и тоа како луѓето го чувствуваат и поздравуваат она што им го нудам. Отсекогаш велев дека кај еден пејач гласот мора да е на прво место, па стасот, па потоа сè она што претходно го набројав како важна целина за еден успешен пејач. Е, сега што кај нас постојат такви кои ни го рушат рејтингот со тоа што пеат цел живот, а не научиле да пеат, па се уште рецитираат, а кариерата ја градат на некои други начини, е тоа е друга песна...За среќа, такви нема многу.

А, како го коментираш сопствениот сексапил? Би рекол дека ти не го местиш или штимаш, туку ти е вроден.

Благодарам на комплиментот! Смешно, навистина е смешно, кој може да мести или наштима сексапил, ако не му е вроден? Значи, јас и до грло да сум закопчана, сексапилот ќе зрачи од мене. Да се разбереме, сексапил не е некаква промискуитетна енергија што зрачи од жената, како кај некои што им се гледа во очите дека само една работа имаат на ум и притоа не зрачат со сексапил. Сексапилот е склоп на движења и енергија.

Зборуваме само за работата, но што има кај тебе ново на приватен план, дали си заљубена?

Приватниот план си останува приватен. Кога ќе треба јавно да биде споделен сите ќе знаете! Само ќе кажам дека не сум заљубена. Обожаватели и додворувачи секогаш имало и ќе има, хаха.

Какви мажи сакаш и те привлекуваат?

Пред се луѓе со убава, чиста душа, храбри и стабилни мажи можат да ме привлечат. Тие без емоција во себе (па бил и Бред Пит во прашање) не би можеле да ме задржат крај себе. Сакам мажи кои се доследни на кажаното и се разбира треба физички да ми доликува. Ми значи да е висок, зашто тоа отсекогаш сум го сакала Но, морам на нагласам дека физичкиот изглед за мене никогаш не може да биде пресуден.

Што прво забележуваш кај еден маж?

Најпрво висината и се разбира очите.

Повеќе сакаш да даваш или да примаш комплименти?

Не знам. Не сум човек кој сака ласкање и комплименти, ако не се искрени и ако не се дадени од срце и од моја и од страна на некој друг. Ако не сум сигурна и ако некој не е сигурен во мене не сакам да кажувам ниту да слушам комплименти.

А во однос на критиките?

Критики сакам да давам и да добивам, само ако станува збор за моја блиска личност во која имам доверба. Ова го велам, зашто не секој е подготвен да се соочи со критика и да ја прифати. Можам искрено да кажам што и како некому не му чини и истото го очекувам назад, т.е. сакам да ми се укаже кога за нешто грешам и не сум во право.

Каква музика слушаш?

Најмногу сакам латино музика, поп, рок, класика, а сакам и грчка и турска музика. Премногу измешано, нели, хаха?

Кога имаш, како го минуваш слободното време?

Кога го имам, создавам песни, читам книги, одам на планина, се дружам со моите блиски другарки и пријатели. За сето ова имам многу малку време, бидејќи најмногу сакам да се опуштам во самотија. Постојано правам некои нови работи, проекти,...но секогаш сум најсреќна и најмногу време минувам во мојот дом и во кругот на моето семејство.

Во иднина ќе останеш фолкерка или како порано ќе слушаме и забавни песни од тебе?

Немам ограничувања во музиката, бидејќи ја сакам и забавната музика. Многу добро ми лежи да ја пеам и затоа снимам и ќе снимам песни од секој жанр ако треба! Уште на почетокот на мојата кариера бев препознатлива по тоа што се наметнав со моето специфично пеење, кога со леснотија ја доловував Тереза Кесовија, која знаеме колку бара, колку е специфична за пеење. Можам сè да отпеам и најмногу ме иритира кога ме нарекуваат фолкерка, бидејќи јас сум најмалку тоа. Јас сум пејачка и музичар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...