Рамениот зглоб е изложен на комплицирани биомеханички сили и често е подложен на повреди

Без страв! Повредите на рамото успешно се лекуваат

Заради секојдневните обврски и оптоварувања, рамото е најподвижниот зглоб кај човекот. Болките во рамото се јасен симптом за повреда кој треба сериозно да се сфати и при тоа да се побара лекарска помош. На тема болки во рамо, ИДИВИДИ разговараше со Асс. Д-р Александар Јакимовски од ЈЗУ Универзитетска клиника за ортопедски болести во Скопје кој петнаесет годни посветено, стручно и квалитетно ги решава проблемите на пациентите.



Опишете ни ги карактеристиките на рамото!

Рамото е зглоб со голем опсег на движење. Во неговиот предел се разликуваат вкупно четири зглобови кои делуваат синхронизирано. Сите тие функционираат координирано за да се изведуваат комплексни движења. При тоа, рамениот зглоб е изложен на комплицирани биомеханички сили и поради тоа често е подложен на повреди.

До која година се развива и кога почнува да се троши?

Развојот на рамото започнува уште пред раѓањето и заедно со целиот скелетен систем продолжува со развојот и после раѓањето. Можноста за повреди е во сите фази од развојот и негово користење. Повредите најчесто предизвикуваат болка во предел на рамото и со тоа и болни движења.

Подеднакво ли се оптоварени двете рамена?

Најчесто двете рамена се подеднакво оптоварени, но во некои моменти едното може да е многу пооптоварено од другото. Сепак, во тие ретки моменти можна е и негова  повреда пропратена со моментална болка.

Кои се најчести повреди?

Најчести се повредите кои може да се последица на траума при пад или при сообраќајна незгода, повреди поради преоптовареност на структурите во рамото при секојдневната употреба или при спортување. Од друга страна дегенеративните заболувања на ротаторната манжетна се исто така чести болести во предел на рамото, а луксациите во рамениот зглоб најчесто се последица на овие повреди и потребно е навремено и соодветно лекување.

Причина за споменатите повреди?

Трауматските повреди најчесто се јавуваат како причина за заболување на рамениот зглоб, повреда на коските и лигаментите во пределот на рамото. Спортски повреди или преголема оптовареност на рамото се исто така една од причините. Дегенеративните промени предизвикуваат болки и нарушена биомеханика во пределот на рамото. Сите овие состојби се причина за лекување со оперативни или конзервативни методи.



Која категорија на луѓе најчесто страда?

Најчесто страдаат луѓе во средна возраст кои се активни и работоспособни. Спортистите и пензионерите се исто така погодени од овие болести и повреди. Болки при спиење или болки во рамото при работа се сигурен знак за оштетување на некои негови структури за што е потребна соодветна дијагноза и терапија.

Како се дијагностицираат и третираат овие повреди?

Дијагнозата се донесува од ортопедски хирург кој е со дополнителна обука за лекување на пациенти со проблеми на рамото. Лекувањето има свои специфичности и поради тоа е потребно посебен пристап во терапијата. Операциите бараат детално познавање на ортопедски оперативни техники кои се сигурен и докажан начин на лекување на болестите во пределот на рамото. Тие може да бидат изведени со минимална инцизија (отвор) од 3см или артроскопски каде се употребува посебна артроскопска опрема и истите успешно се изведуваат кај нас.

Треба ли ургентно да се реагира за да лекувањето биде успешно?

Навремено дијагностицирање и лекување на болките во рамениот предел е неопходно за да се добијат добри резултати. Секое одлагање  може да биде опасно по животот на пациентот или да даде лоши резултати од лекувањето, а воедно може да предизвика понатамошно оштетување и потреба од поинакви посложени оперативни интервенции и продолжено лекување на овие пациенти.

Дали оперативниот зафат е единствен начин на лекување?

Не. Со навремено јавување на ортопедски хирург лекувањето, т.е. терапијата може да биде само конзервативна. Но, во одредени ситуации после поставување на дијагнозата може да се јави потреба од оперативна интервенција. Постоперативниот период е многу важен за враќање на нормалниот тек на активности. Тој период зависи од операцијата и може да трае од неколку дена до неколку недели.

Со оглед на фактот што до сега кај нас соодветно не се третирале болките во рамо, што може да ги советувате читателите на ИДИВИДИ?

Навремено и соодветно дијагностицирање на повредата е главен фактор за лекување на болка во рамото. Доколку се јави повреда или болка не треба да се јавува страв, туку веднаш да се побара професионална помош.

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...