Скопје ме полни со позитивна енергија

Многу добри емоции, отворени срца, танц и забава, е она што нè очекува на концертот на Тони Цетински што во петок ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“. Хрватскиот пејач, кој неодамна беше во посета на Скопје, e пресреќен што наскоро ќе запее пред македонската публика и ќе може да се забавува со своите обожаватели.

-Прекрасен град, прекрасни луѓе и одлична храна. Секогаш заминувам од Скопје исполнет со позитивна енергија. Гледам дека во последно време се изградиле многу нешта, па затоа е задоволство навечер да се шета низ центарот на градот. Сепак, она што најмногу ме освојува секој пат кога ќе дојдам тука се луѓето, признава Цетински.

За сега е познато дека на концертот освен Тони, ќе се појават Жељко Јоксимовиќ, како и хорот на Златно Славејче и хорот Мирче Ацев. Иако не сака пред време да шпекулира, Цетински верува дека се ќе помине во најдобар ред.

-Никогаш не ги најавувам своите концерт помпезно и спектакуларно. Сакам публиката да зборува за тоа откако ќе замине дома. За мене е најважно сите да заминат среќни и задоволни, додава тој.

Тони Цетински ја започна својата кариера во 90-тите и низ годините прерасна во вистинска балканска ѕвезда која освен во Хрватска, стана позната и во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Зборувајќи за музиката и за тоа што значи истата за него, не заборава да нагласи дека во суштината е љубовта, а не профитот.

-Не ни помислувајте да влезете во овој свет ако не сте сигурни дека целиот живот ќе го посветите на музиката. Живејте ЗА музиката, не само ОД музиката. За мене музиката е целиот мој живот. Секоја музика има свое место се додека има луѓе кои ја сакаат. Не ја делам музиката по жанрови, како што не ги делам луѓето по вера или националност. Постојат добри и лоши песни и добри и лоши песни, вели тој.

И можеби токму затоа неговите песни прераснуваат во големи хитови. Кога станува збор за Цетински, тој не прави компромиси. Досега има изведено повеќе дуети, но за да дојде до една таква соработка секогаш е потребно да ја почувствува вистинската енергија.

-Не гледам на дуетите како на работа што треба да ја завршам. Тие ќе се случат или нема да се случат, а за сето тоа е потребна човечката компонента. Оној КЛИК што едноставно се појавува меѓу луѓето, објаснува хрватскиот пејач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...