Скорсезе-Полански од постарата гарда и Пол Томас Андерсон од помладата

Предизвик е да се режира и глуми во исто време

Владимир Митревски-Ѓуле имаше напорна, но и исполнета есен во Скопје. Низ улиците на главниот град тој го сними „Карма“, најновиот проект кој воедно и го напиша, а имаше и мала улога. „Семејна драма со урбан шмек“, која ја прикажува реалноста на нашето секојдневие. Карма моментално се „крчка“ во пост–продукцијата, а препремиерата ја очекуваме на пролет. Идивиди имаше задоволство да поразговара со режисерот и сценарист на Карма, Владимир Митревски-Ѓуле, а повеќе за самиот филм, инспирацијата и самото снимање подолу.

Честитки за “КАРМА”. Тоа е вашиот 4-ти режисерски проект и трет краток игран филм по ред (другите два беа Помеѓу и Str. Shakespeare's 9/1). Воедно ја означува повторната соработка со Димитрија Доксевски во главната улога. Кога и како започна вашата соработка пред и зад камерата?

- Соработката започна сосема спонтано. Димитрија имаше приказна за која веруваше дека може да прерасне во филмско сценарио. Ми ја испрати приказната, заедно ја разработивме и го напишавме сценариото. Така всушност се роди Шекспирова 9/1, и така започна нашата соработка.

Гледајќи ја премисата на филмот, млад човек и татко чие дете боледува од тешка болест, и по секоја цена да обезбеди средства за да го спаси својот син, прифаќа да учествува во грабеж на банка, воден од неговите пријатели... Помалку ме потсети на 2 одлични филма: Dog day afternoon (во грабежот на банката) и Клопка (во делот до сценариото со болното дете и тоа што сè еден татко е подготвен да стори за да го спаси). Која беше инспирацијата за да го напишете сценариото за Карма и како течеше тој процес?

- И двата филма што ги спомнувате се култни, но истите не беа инспирација за да се напише ова сценарио. Сценариото е базирано на висинита случка која е како приказна различна од актуелното сценарио, но сепак е суштински практично иста. Всушност, сценариото е низа на случки кои се испреплетуваат меѓу себе. Случките сами по себе се инспирирани од нашето секојдневие, но реализацијата е малку стилизирана, онака филмски.

Скопје исто така е централен  дел од филмот. Кои беа локациите кои ги одбравте за Карма и колку траеше продукцијата?

- Филмот беше сниман на повеќе локации во Скопје од кои, Сити мол, Воена болница, улицата пред Градска болница, пазарот во Скопјанка и неколку други локации.

Покрај татковството, должноста да стори сè за да гo спаси синот, кои се други теми ги начнавте во Карма? Криминалот секако... Но во исто време, можеби и реалноста на општеството во кое живееме? Корупцијата? Или како што наговестува и самиот наслов... кармата?

- Сите тие теми се опфатени, но сепак, бидејќи се работи за краток филм, не би сакал да откривам детали. Но, сигурен сум дека публиката ќе ја разбере суштината на филмот и пораката која ја носи.

Покрај тоа што сте сценарист, режисер на Карма, вие имате и улога во филмот. Кажете ни повеќе за неа и за искуството да се режира филм зад камерата и да се глуми пред неа во исто време?

- Дијаметрално е различно од режијата, но сепак е многу интересно искуство. Мојата улога во филмот е многу мала, но сепак беше предизвик да се режира и глуми во исто време.

Кога ќе може да се очекува премиерата на Карма?

- По некои груби пресметки, премиерата на Карма би требало да биде некаде во март. Моментално филмот е во процес на поспродукција.


Кои беа режисерите и филмовите кои извршија влијание врз вас и кои придонесоа да ја одберете оваа професија?

- Има толку многу одлични режисери и толку многу одлични филмови што многу е тешко да се издвојат само неколку. Различни генерации на режисери носат различна магија во филмовите која е карактеристична за времето во кое твореле/творат. Но, сепак би ги издвоил Мартин Скорсезе и Роман Полански од постарата гарда и Пол Томас Андерсон од помладата. Како филмови би ги споменал Chinatown, Goodfellas, Boogie Nights, Magnolia итн.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...