ТАЈЗИ

Преку стихови ќе се борам за подобро утре

Вечерва во Универзалната сала со почеток во 21 часот ќе се одржи првиот голем солистички концерт на Тајзи. Публиката ќе има можност концертно да ги слушне песните од првиот албум „Нешто поинакво”, но и да се запознае со новите песни (Пишано е, Чувај ни га Боже, Дај ми само еден ден...). На една од последните проби, ИДИВИДИ разговараше со Тајзи.



Со какво чувство си Тајзи, непосредно пред концертот?

Одлично. Возбудувањето е огромно, зашто сум полн со адреналин и едвај чекам да се видам со сите луѓе кои ја респектираат и слушаат мојата музика. Ја користам оваа прилика, преку ИДИВИДИ да ги поканам вашите читатели на мојот прв соло концерт во Универзална Сала во Скопје. Ако навистина го сакате ова што го работам, дојдете и докажете ми, а јас ќе како и секогаш ќе пеам од срце и со многу љубов за сите вас!

Имаш ли трема или страв со оглед на фактот дека ќе настапиш пред повеќе илјадна публика?

Генерално немам. Но, имам пријатно чувство и енергија која сакам да ја пратам до публиката која знам дека соодветно ќе ми возврати. До сега сум настапувал со бенд, но овој пат е поинаку. Работевме долго време и потполно сме подготвени. Сакам да откријам дека некои песни се сменети и аранжмански додадовме некој нов звук кој искрено мислам дека ќе ви се допадне.

Колку време се подготвуваше за концертот?

Мислам дека се подготвувам цел живот за да го направам ова. Годинава имав настапи низ целата држава. Мислам дека тоа многу ми помогна за стекнување самодоверба, бидејќи видов многу луѓе кои пеат и се забавуваат на мојата музика, а тоа ме инспирира да работам уште понапорно.

Што програмски ќе понуди концертот?

Присутните ќе ги слушнат сите песни од првиот албум, новите синглови издадени по албумот и уште неколку изненадувања.

Само за ИДИВИДИ ќе откриеш дел од тие изненадувања кои ги чуваш како тајна?

Нема тајни, нема маски! Затоа и правам концерт, публиката го познава тоа. За ИДИВИДИ ќе откријам дека изненадување ќе биде мојот специјален гостин Слаткаристика. Атмосферата ќе ја загрева мојот бенд Pimp the Beat.

Како реагираш на популарноста што ја стекна после разделбата со Скипи?

Не се чувствувам популарен, иако знам дека во некои очи изгледам така. Сепак, тоа е нормално кога се занимаваш со музика. Јас сум нормален како и многу луѓе, сакам викенд, салати, сонце по некоја пијачка и сакам да ширам познанства со позитивни луѓе.

Намерно или случајно реши да продолжиш со соло кариера во препознатливиот стил?

Ништо не е случајно...



Кој е твојот став за субвенционирањето македонска забавна музика и дали те погодија коментарите за твојата субвенционирана песна „Дома си е дома” ? За песната, пред два дена го доби признанието Најпопуларен радиски Аренби/Рап хит за 2014 на радискиот фестивал МАРС.

Ќе го цитирам господинот Аце Русевки: „Што има ја да му мислу, они нека му мислив”, хахахаха. Субвенции ќе добијат сите македонски артисти и тоа е многу убава работа. Сега сите оние кои не можеле да си дозволат убаво видео и добро испродицарана песна тоа ќе им биде овозможено. Знам дека за мене лично и за мојата песна „Дома си е дома” имаше многу различни коментари, па би сакал да објаснам неколку работи. Јас сум пејач кој искрено и многу реално го опишува она што го мисли, гледа и она што сите ние го живееме. Јас низ мала доза на хумор кажувам дека платите ни се ниски и тоа е факт! Не паметам кога кај нас платите биле високи? Дека имаме топла душа? Поправете ме ако грешам! Кажувам дека сакаме иднина тука со тоа што би го кажале јавно и гласно она што го сакаме, она што не си се допаѓа, а не тоа да го правиме на Фејсбук од некоја сендвичара или камион од Германија, Белгија, или од каде и да исмејуваме она што некој со векови го градел за НАС . Имам многу пријатели кои печалат на страна парче леб за својата фамилија и верувајте, многу добро знам како е и како е да се нема. Мене поентата ми беше да го разбудам македонскиот дух за подобро утре. Нормално е дека сите нема да ме разберат и затоа им е најлесно да ме обојат. Но јас верувам во моите стихови. Многу ми е драго што имам многу фанови кои исто така веруваат во мене, зашто сам не би можел ништо да направам.

Која песна најмногу ти ја бараат на настапи?

„Чувај ни га Боже”.

Жени или мажи има повеќе во твојата публика?

Дефинитивно има повеќе жени, хаха. Но, мислам дека ме слушаат и многу мажи кои знаат да почитуваат наша македонска музика и тоа посебно ме радува.

Што ти е цел во кариерата?

Да ја наполнам националната арена „Филип Втори”.

Приватно што сакаш?

Сакам сонце и плажа или планина, не е важно. Бидејќи поминувам многу време во гужви додека работам, слободното време го користам да си одморам мозок со моите најблиски.



Имаш девојка?

Моментално не.

Повеќе сакаш да заведуваш или да бидеш заведен?

Сакам кога е обострано. Имам еден стих во новата песна кој вика „Усните можат, но окото не лаже не” и тоа е така. Нели очите се огледало на душата, хаха.

Во една од твоите песни пееш дека не живееш за другите. За што живееш?

Живеам за да видам свет без расна, класна, верска и најмалку партиска поделба. Живееме во свет на лаги и измами сервирани од луѓе кои секојдневно многу вешто ги носат своите маски. Дојден сум да сменам, и преку стихови ќе се борам за подобро утре.

Планови после концертот?

Ќе си фатам девојка за „озбилно”, така што сите заинтересираниииииииииииииииии... Малку да се насмееме, хаха. После концертот ќе продолжувам со работа на својот втор албум и на нови песни. За другото, со Господ напред и со публиката до мене одиме напред, па видете што ќе се случи. Чао ИДИВИДИ, ви благодарам за разговорот и се гледаме вечер!





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...