Зафир Хаџиманов

Од љубов и од Зафир не се бега

Воопшто не ме изненадува интересот за моите песни

Зафир Хаџиманов или само Зафир и се е јасно! Дипломиран актер кој во себе успешно обединува повеќе уметности: театарска, филмска, музичка, литературна. Иако потекнува од Тиквешијата, најголемиот дел од животот го поминал во Белград. Пред десетина дена, на родната Македонија и го подари албумот албумот „Како Вардар-Најдоброто од Зафир Хаџиманов” кој содржи 19 композиции.

Како се чувствувате на промоцијата на Вашето ЦД?

Пресреќен! Овој ден е посебен за мене, зашто со мене се луѓето кои ме сакаат почитуваат и за кои и јас ги имам истите чувства.

Намерно или случајно го промовирате албумот „Како Вардар-Најдоброто од Зафир Хаџиманов” во годината кога прославувате 70 години живот и 55 години работа?

Неслучајно, туку намерно, хаха. Со оглед на фактот дека во мојата кариера имам издадено само еден албум, сакав за овој мој голем јубилеј да објавам нов албум кој ќе биде прв издаден во мојата родна Македонија. Целата организација ја завршија моите соработници од „Пасворд продукција”. Албумот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а е издаден под етикетата на „Пасворд Продакшн“. Со купување на неделникот Теа модерна, албумот беше бесплатно достапен во 10.000 примероци.

Беше ли доволно на едно ЦД да се собере најзначајното од изминатите 70, т.е. 55 години?

Не, не беше доволно, зашто идејата не беше таква. Албумот е само симболичен подарок за моите обожаватели. Можевме да издадеме најмалку две ЦД-а, но толку ни беа финансиите, што се вели толкаво ни беше чергичето. Да има правда и материјални можности, за ваков јубилеј би биле објавени собрани дела во вид на најмалку пет ЦД-а со моја музика, пет ДВД-а со мои филмски и тв настапи и три книги со моја поезија и проза. Да не зборувам дека одбележувањето би било во најелитната сала во градот со десетина врвни македонски и поранешни ЈУ ѕвезди како гости и голем ревиски оркестри сето тоа со кореографија, хор и балет.

Ве изненадува ли фактот што по толку години интересот за Вашите песни е многу голем. Впрочем и новите генерации наизуст ги знаат и пеат: „Како Вардар”, „Од љубов не се бега”, „Љуби ме и главата горе”, „Пуста била“, песни со кои неколкупати победувавте на тогашниот Скопски фестивал?

Може ќе звучи нескромно, но воопшто не ме изненадува интересот за моите песни. Тој израз од тоа време има посебен жар, енергија која понесува. Ми се допаѓа што моите песни и мојата работа ја ценат насекаде и од широк круг на публика. Како пример, ќе ви кажам дека многу млади луѓе со моите песни го започнуваат заедничкиот брачен живот. На своите свечени прослави или свадби како прва песна со која се означува почетокот на свеченоста многу често е „Од љубов не се бега”.

Какво е чувството што семејно сте потомок и истовремено претходник на врвни музичари?

Голема чест е што сум роден во семејство со музичко педигре. Мојот татко Васил бил прв исполнител на македонска забавна музика, а мојот син Васил ја продолжува нашата фамилијарна традиција. Фактот што синот Васил твори и креативно се изразува во друг музики жанр е потврда на талентот кој го имаме и со генерации се пренесува кај нас во фамилијата.

Како кантавтор сте напишале и отпеале многу песни. Која Ве прави посебно горд?

Тоа е песната која во дует ја пеам со мојата сопруга Сенка, „Љуби ме и главата горе”. Мој е текстот на песната и навистина сум горд на тој текст и на песната во целина.

Каков изгледа Вашето секојдневие во Белград, Ве служи ли здравјето?

Водам активен живот, шетам, читам, се дружам и настапувам. Здравјето ме служи, не се жалам. Единствено левото око заради повреда ми откажува, но среќа што го имам десното кое се уште ме служи и на него добро гледам.



Се одморате ли редовно?

Цел мој работен век постојано работам, т.е. немам работно време. Би рекол работам и кога спијам, хаха.

Но, кога бевте на годишен одмор напишавте едно од Вашите најзначајни дела, мјузиклот „Ало будење”.

Да, да точно. За време на годишен одмор во Пореч го напишав мјузиклот кој го режираше мојот голем другар Коле Ангеловски. Со „Ало будење” настапувавме низ цела поранешна СФРЈ и постигнавме огромен успех. Од тој мјузикл е и големиот хит „Од љубов не се бега”.

Ви ја честитаме Новата 2015 година и Ви посакуваме уште многу години полни со здравје и весели мигови со песна.



Многу Ви благодарам на честитките! На читателите на ИДИВИДИ исто така им посакувам здравје и секако, од љубов да не куртулите!

И.Н



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...