Мачкини очи, гламур и посвежи комбинации со интензивни бои

Освен што е последен ден од годината, последните часови од 31 декември го означуваат свечениот дочек на Новата година. За секој што некаде оди или ќе прави домашна забава најважно е да биде сè, само обичен не. За да се постигне оваа или некоја потајна цел потребно е да се одбере и да се усклади соодветна шминка, гардероба и фризура. Мачкини очи, свежи бои облека, црвен кармин,... ИДИВИДИ ви предлага како тоа да го направите преку стручни совети и предлози на Рина Меговска Алексиќ и Никола Ефтимов и Сергеј Варошлија.

РИНА МЕГОВСКА АЛЕКСИЌ, шминкер

Колку е важна шминката за новогодишната ноќ?

Новата година е еднаш во годината и затоа треба соодветно да се подготвиме за прослава. Шминката игра многу важна улога во целосниот впечаток што некој сака да го остави.

Дискретна или нагласена шминка?

Сето тоа зависи од личноста, местото на прослава и актуелните тренодви.

Кога се ќе се земе во предвид, каков тип на шминка препорачувате?

Ако се прославува дома, моја препорака е шминката да биде што поприродна. Тоа ќе се постигне со природни песочни и праскови нијанси. Доколку жените прославуваат во кафуле, препорачувам „Cat eyes”. Овој мачкин изглед во моментов е голем тренд. Се нагласуваат очите со многу „eye liner”, со малку основна сенка и нежни усни или црвен кармин. За оние кои ќе бидат во дискотека препорачувам „Metallic look-Smokey eyes”. Овaa шминка или „make up“ е најпопуларна кај младата популација. Трпи игра со бои, зачаден изглед каде најмногу доминира црната боја. Притоа, може малку да се додаде светкав изглед за да можеме да направиме повпечатливи очи. Со оваа комбинација оди некој понежен руж за усни за да шминката не изгледа премногу нападна.

Ја користам приликата на сите кои го читаат ИДИВИДИ да им посакам луда забава на 31-ви декември и незаборавна Нова 2015 година!

НИКОЛА ЕФТИМОВ, моден дизајнер



Каква препорака имате за жените и мажите за новогодишната ноќ?

Можам да зборувам од лично искуство, па за новогодишната ноќ би препорачал, доколку тоа не е усилено, луѓето да бидат во друштво на саканите, да се обидат да се опуштат, развеселат и да бидат благодарни што исчекориле уште еден дел од патот. Крајот на годината, постојано го користиме за анализа на сработеното во претходниот период, но таа ноќ сите би можеле да си дозволиме малку луцидност, многу насмевки и афирмирање на позитивни мисли за себе и нашата околина. Кога прашањево би се однесувало на генерални препораки во однос на облеката, тогаш би кажал дека истата опуштеност во однос на прославата, би можела да рефлектира и на изгледот. Луѓето не мора да се оптоваруваат со купување на скапи модни парчиња, во услови на криза. Сметам дека тоа не е ниту етички, па доколку славениците не се во можност да набават нова облека за новогодишната прослава, доволно е да си скратат нешто ситно од редовните трошоци и да се почестат со некој симболичен детаљ.

Кои бои се актуелни за двата пола?

Традиционално, за зимата се врзуваат земјените нијанси, неутралните тонови итн, но веќе сезони наназад, дизајнерите постојано предлагаат посвежи комбинации со интензивни бои. Иако постои мноштво од трендови, од оваа група на бои, би ги издвоил жолтата и портокаловата, а во друга група би ги ставил неколкуте актуелни нијанси на сината и зелената.



Сметате ли дека изгледот и впечатокот што некој сака да го остави зависи од локацијата каде ќе се дочека Новата година?

Иако мојата работа е тесно врзана за модните тенденции, сепак, би сакал да нагласам дека е непотребно робувањето и буквалното следење на она што е актуелно, можеби поточно, буквално исчитување на предлозите што доаѓаат од модните писти, уредниците на модните списанија итн. Луѓето треба да ги изберат одредениот тип облека и модни изгледи единствено доколку резонираат со нивната суштина. Се разбира, ова не важи за официјалните средби, во кои се почитува одреден код на облекување, но надвор од ваквите настани, според личното наоѓање, типот на забавата, локацијата итн, би требало да најдат решенија кои не би изгледале насилено на оние што ги носат. Доколку би требал да дадам поконкретни предлози, секогаш се интересни игрите на црните фустани во комбинација со проѕирни делови и збогатени со впечатлив накит. Подеднакво игриви се парчињата облека во некоја од актуелните бои, недоследниот и меѓусезонски изглед, впечатливите чанти, а додатоците од вештачко повеќебојно крзно секогаш даваат на свежина. Алтернативата на фустаните, можат да бидат убаво скроените панталони или здолништа, во комбинација со топ, кошула, сако итн.

Кај мажите, повторно во зависност од типот на прославата, интересни можат да бидат темните сакоа со контрастни ревери и младешки стајлинг, комбинациите направени со пеперутка вратоврска, дури и со кошула од деним, блузи со впечатливи печатени мотиви, и зошто да не, можно е некое парче со блескава апликација или детаљ. Сепак, станува збор за Нова година.

На сите читатели на ИДИВИДИ им посакувам убав помина за новогодишната ноќ и се најдобро во Новата 2015 година!

СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА, ФРИЗЕР - СТИЛИСТ

Какви фризури и бои се во тренд?

Во 2015 се враќа трендот на речиси еднобојни коси, а омбрето ќе излезе од мода. За дамите карактеристични ќе бидат брановити фризури полни со волумен. А за момците...Препорачувам да престанат да се потстрижуваат од страна кратко, а горе долго, хаха! Тоа веќе не е во тренд! И за мажите исто како и за жените во 2015 тренд ќе бидат подолги коси. Долгата коса се враќа на голема врата.

Тогаш како да се усклади фризурата со шминката и облеката?

За новогодишната ноќ препорачувам минималистички, но гламурозен изглед, надополнет со црвен кармин.

Изборот на фризура зависи од карактерот на личноста или од местото каде ќе се дочекува Новата година?

Фризурата зависи исклучиво од стилот на личноста, а не од локацијата. Треба да се изгледа посебно, а не шаблонски. Секој треба својот изглед да го координира со сопствената внатрешност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...