Вук Митевски

Сакам да останам искрен кон тоа што го создавам

„Крвта не е вода” не само изветвена фраза, туку факт кој функционира во пракса. Доказ за тоа е и малдиот креативец Вук Митевски кој заедно со сестрите Теона и Лабина е дел од продукцијата „Сестри и Брат Митевски“. Зад себе има богато искуство во повеќе области на уметноста. Во моментов е актуелен со својот анимиран филм „Алерик” кој беше награден во Диселдорф и Дортмунд. На филмскиот фестивал во Италија „L’Aquila Film Fest L’Aquila Film Festival 2014“ ја освои наградата за најдобар анимиран филм.



Како си Вук и што работиш во моментов?

Одлично и работно. Пред извесно време се вратив од Белгија каде со Теонa работевме на подготовка за нејзиниот нов филм и мојата нова анимација која ќе биде соработка меѓу нас двајца.

Честитки за наградите и успешниот фестивалски живот на Алерик! Како се чувствуваш, сподели некој момент од проекциите каде филмот беше награден!

Пресреќен сум за Алерик. Ова е негова втора година како добива покани од разни фестивали... За жал, немав можност да присуствувам на фестивалите во Германија. Но, таму беа моите германски копродуценти кои ми кажаа дека за време на проекцијата на фестивалот во Диселдорф имало големи овации на публиката, кои ме прават многу горд.

Какво значење имаат наградите за тебе?

Пред сè, наградите се важни за самиот филм. Кога еден филм ќе добие награда тоа значи дека има шанси за уште повеќе покани од други фестивали, а со самото тоа можност за филмот да биде виден од повеќе бројна публика што за мене е најважно.



Како идеја, како настана Алерик и каква порака праќа?

Идејата за Алерик настана уште додека бев на студии во САД. Првично Алерик беше перформанс кој го изведувавме таму, а подоцна се трансформираше во сценарио за анимација која е реакција на времето во кое живееме. На емотивно ниво, Алерик говори за осаменоста, љубовта и гневот на еден млад човек...

Колкав е предизвикот да работиш анимиран филм?

Предизвикот е огромен. Почнуваш во празен простор, нема ништо, а треба да создадеш еден цел замислен свет. Секој детаљ, се треба да биде направено, измислено, создадено. Процесот на создавање анимација е долготраен и макотрпен, но во исто време креативен и интересен. Алерик го работев две години. Само за снимање ми беа потребни дванаесет месеци, зашто во еден ден снимавме не повеќе од две и пол секунди.

Намерно или случајно влезе во жанрот анимиран филм и кои други жанрови те провоцираат за работа?

Па може да се каже дека можеби и случајно го открив овој медиум. Додека работев на еден преформанс на факултет случајно одлучив да пробам да направам кратка цртана анимација која подоцна ме инспирираше да продолжам да ја истражувам оваа форма. Анимација е симбиоза на повеќе медиуми кои отсекогаш ме интересирале: скулптура, сликарство, сценографија и звук. Активно се занимавам со сите кои ги наведов. Не можам да работам во еден медиум. Постојано си играм и претопувам од еден во друг медиум, зашто така се инспирирам и предизвикувам.



Со оглед дека потекнуваш од уметничко семејство, дали е потешко или полесно за создавање сопствена кариера и оставање свој личен печат во творештвото?

Секој од нас има свој стил и начин на изразување, но сите имаме многу слична естетика и сме многу искрени во критиките еден кон друг. Многу е убаво кога имаш луѓе околу себе кои искрено ќе ти кажат што мислат за тоа што си го создал. А што се однесува до оставање свој печат, ќе видиме, времето ќе покаже.

Колку стекнувањето образование надвор од Македонија ти помогнало?

По завршувањето на средно уметничко училиште во Скопје (во класата на Ангел Нацевски), од каде излегов со знаење и енергија, имав среќа да го продолжам образованието во Америка. Се што научив потекнува од слободата која ја имав и ја добив на студиите во Бенингтон. Тие четири години ми дадоа платформа да го создавам тоа што го сакам.

Што правиш кога имаш слободно време?

Слободното време исклучиво го користам да отпатувам некаде. Така се инспирирам и си ги полнам батериите за понатаму.



Идни планови, цел и конечно која е твојата мисија во областа на уметноста?

Комплетна изолација. Почнувам да работам на новата анимација. Најискрено, немам некаква мисија. Само сакам да останам искрен кон тоа што го создавам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...