Али Волака

Гените откриваат разлики и сличности меѓу луѓето

Врските помеѓу Македонија и Турција датираат одамна. Соработка постои на многу полиња, а интересот за нејзино проширување е постојан. Потврда на оваа е и Али Волака докторанд од познатиот истанбулски факултет за Судска медицина, отсек форензика. Во моментов работи на својата докторска теза „Испитување на фреквенцијата на гените на турската заедница што живее во Република Македонија”.



„Испитувањето на ДНК фреквенцијата е тема која е интересна и за прв пат се работи на територијата на Република Македонија. Присуството на соодносот меѓу растот на населението и природната селекција не претставува откритие. За тоа пишувал уште Чарлс Дарвин. Со испитување на фреквенцијата на гените може да се дешифрира човечката ДНК и тој сооднос да се прикаже со бројки. Турската популација која останала да живее овде и сите промени кои со текот на годините по пат на природна селекција настанале, се цел на оваа теза со која ќе се направи споредба на Турците од Турција и Турците во Македонија. Истовремено, порастот на населението претставува одличен поттик за генетскиот развој и усовршување и е предизвик за негово истражување. Ќе се споредат разликите и сличностите, и колку е турската генетика задржана, промената или изгубена, бидејќи на овие измени делуваат повеќе фактори. Ова е научно истражување интересно за ова подрачје во кое долго време владееле Турците и оставиле своја трага во многу сегменти од секојдневното живеење”.

Што е неопходно за реализирање на Вашата докторска теза?

За ова испитување ни се потребни примероци од ДНА на Турци од Македонија кои не се блиски роднини помеѓу себе. До сега имаме согласност и собрано примероци од 60 луѓе. За комплетно да се реализира целта, потребни ни се уште 140 примероци. Многу ќе бидам благодарен ако наидеме на соработка и помош во периодот кој следува. Затоа и неодамна бев овде и по втор пат имав можност да уживам во вашата прекрасна земја.

Од каде потекна идејата и до какви сознанија дојдовте на терен?

Идејата постои одамна, т.е. уште од 2012 година кога за прв пат дојдов овде. Фактот што Македонија пет века била под турско владеење и што тука се уште живеат Турци беа доволен мотив кој прерасна во идеја да ја започнам работата на оваа тема за сличностите и разликите и фреквенцијата на гените на турското население од ова поднебје.

Колку се различни или слични Турците овде со Турците во Турција?

Со испитување на фреквенцијата на гените може да се дешифрира човечката ДНК и тој сооднос да се прикаже со бројки. Турската популација која останала да живее овде и сите промени кои со текот на годините по пат на природна селекција настанале се цел на оваа теза со која ќе се направи споредба на Турците од Турција и овдешните Турци. Тоа е и темата на мојата теза. Таа е едно подлабоко истражување заради научно докажување кое е поврзано со генетиката. Се надевам дека со резултатите кои ќе бидат добиени кон крајот на месец мај ќе можеме да ги споделиме заклучоците кои ќе послужат за криминалистичка и популациона идентификација.

Кои нешта Ви се допаднаа во Македонија?

Во Македонија ми се допадна природата, темпераментот на луѓето, храната која речиси е иста со нашата типична турска кујна. Имав прилика да посетам повеќе градови и села и навистина можам да кажам дека Македонија има убавини и добри луѓе по темпераментот слични на нас. Позитивно и пријатно сум изненаден од убавата храна, од луѓето и од гостопримливоста и отвореноста за комуникација и соработка.

Пред да дојдете, што знаевте за земјава?

Не смеам да се пожалам дека не бев запознаен со Македонија, зашто напротив, знаев многу нешта. Мојата пријателка која е Турчинка и живее во Скопје е и причина и поддршка за мојата докторска теза. Со нејзина помош ги откривавме селата во кои живее исклучиво турско население, Јуруци кои имаат посебни обичаи и начини на живеење, а кои години наназад останале непроменети.

После двете посети овде, што прво има кажувате на луѓето кои се интересираат за Македонија?

За сите кои не биле во Македонија топло им ја препорачувам Вашата земја, зашто Македонија е земјата со преубава природа, добра храна и гостопримливи луѓе!







Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...