Не сум виновен за тоа што сум роден во фамилијата Хес

Големиот товар на моето презиме

Минатиот месец, (поточно на 27-ми јануари) светот одбележа 70 години од ослободување на озогласениот концентрационен логор Аушвиц од страна на Црвената армија. Седум декади подоцна, јубилејот беше одбележан со посебна комеморација, а дел од преживеаните од самиот логор се вратија на местото на кое се случуваа дел од најголемите ужаси познати на човештвото.

Сепак, едно лице кое беше присутно таму исто така носеше со себе и дел од историјата. Да, тој беше од другата страна на историјата, но со полно право да биде во југот на Полска. Името на тоа лице е Рајнер Хес.

Внукот на Рудолф Хес. Да, тој Рудолф Хес. Командатот на самиот концентрационен логор кој во двата мандати (од мај 1940-та до декември 1943-та година, а потоа од мај 1944-та до јануари 1945-та година) директно бил одговорен за смртта на над 1 милион луѓе. Сакав интервјуто да го направам и објавам пред 27-ми јануари, но не зависеше само од мене. Морав да се прилагодам на агендата на Господинот Рајнер Хес, па по неколку неделно чекање тој да се врати од Полска и одговори на прашањата, конечно се случи и тоа. Додека ги чекав одговорите, неколку пати ми помина низ главата какво мора да е чувството да знаеш дека твој  предок, роднина, дедо е директно одговорен за ужасната смрт на милиони недолжни лица. Дали чувствува срам поради „гревовите“ на дедо му? Вина можеби? Или нешто друго?

Се обидов во мојот мозок претходно да сфатам како му е на овој човек веќе 49 години од неговиот живот. Сега семеен човек со сопствен бизнис. Татко на 4 деца (две ќерки и два сина), од раговорот дознав дека требало да помине многу време и сечење на „папочната врвца“ со токсичното семејство Хес за да дојде до менталната и емоционалната состојба во која што е сега. А за нашиот разговор по повод 70-годишнината на солободувањето на Аушвиц подолу....

Господине Хес, добар ден. Ви благодарам уште еднаш за можноста да позборувам со Вас. Изминатиот месец бевте присутни во Полска на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Тоа беше вашата 10-та посета (поправете ме ако грешам) на Аушвиц. Какви емоции искусивте и доживеавте изминатиот месец, кои беа вашите активности на јубилејот по повод солободувањето на концетрациониот логор и дали самата посета беше тешка за вас?

Оваа беше мојата 15-та посета на Аушвиц, и верувајте беше емоционална како и останатите 14. Гледањето на преживеаните затвореници како шетаат низ кампот, каде ги изгубиле роднините (родителите, браќата, сестрите) и каде страдале пред ослободувањето на кампот од страна на Црвената армија. Јас бев таму со неколку мои пријатели и потомци на екс Наци официјални лица како мене. Дел од нив беа и Михаел Верле (внук на Отмар вон Вершурер) и Брајан Борман (внук на Мартин Борман). Ние дојдовме само да им оддадеме почит на преживеаните. Како и претходно дојдовме со најдобри намери.

Да се навратиме малку наназад. Кое беше вашето знаење за вашиот дедо Рудолф додека растевте? Како беше дискутиран тој (и неговите активности) во вашето детство и како дознавте за неговата историја во Аушвиц додека бил командант на концетрациониот камп?

Сите активности на мојот дедо во Аушвиц беа добро чувана тајна додека растев. Повеќе беше славен како воен херој и како добар командант во моето семејство, а вистината за тоа што го правел во Аушвиц доаѓаше постепено низ годините. Не е лесно да дојдеш до висината во моето семејство. Никогаш не ми помогнаа во моето истражување и никогаш не зборуваа за тоа што се случувало во Аушвиц. Првиот кој ми ја кажа вистината беше шоферот на мојот дедо, кој беше и наш семеен пријател. За тоа што била неговата работа во Аушвиц. Леополд Хегер се викаше, и беше симпатизер на Нацистичката идеологија се до неговата смрт во 1986-та година. Додека растев т.н. „добри стари пријатели“ на дедо ми доаѓаа кај нас на гости. Во тајност без никој да знае се разбира.

Во моето истражување, поточно во едно ваше постаро интервју споменавте дека сте единствениот член од вашето семејство кој јавно зборува против се повеќе растечката крајна десница. Активизам кој предизвика да бидете игнориран и осудуван од фамилијата, особено по комплицираното детство со вашиот авторитативен татко. Каков е вашиот однос со членовите на вашето семејство сега?

Детството ми беше како да живеам под целофан. Фамилијарен аутизам го нарекувам тој период од мојот живот. Пораснав со стари правила и глупава Наци идеологија имплементирана од татко ми, а наследена од неговиот татко. Секој ден беше персонална казна за нас децата и за мајка ми. Еднонасочна улица. Татко ми создаваше правила и моравме да ги почитуваме. Но, во 1985-та година ги прекинав сите контакти со моето семејство. Не само поблиското семејство. И пошироката Хес фамилија, а и сите „Наци пријатели“. Не бев способен да живеам во толкаво негирање и глорифицирање на масовните убиства кои мојот дедо ги наредил како да е воен херој. Едноставно не можев повеќе.

Во изминатиот период, додека се подготвував за интервјуто, имав можност да го погледнам документарниот филм „Hitler's Children“ во кој земавте учество и Вие, заедно со повеќе други потомци на Наци официјални лица. Но, во него од вас и останатите учесници често протекуваа мисли на вина, срам поврзани со товарот на семејното минато. Генерации и генерации на потомци по Втората Светска војна. Кое е вашето мислење, сега толку години по „Hitler's Children“? Дали вашето мислење и перцепција се променети?

Не не. Моите мисли и чувства за тоа никогаш не се променија. Јас не чувствувам вина. Подобриот збор за да го објаснам тоа што го чувствувам е срам, но не и вина. Не сум виновен за тоа што сум роден во Хес фамилијата.

На вашите патувања (како тие во Аушвиц изминатиот месец, а и во Израел пред неколку години) често се среќавате со прежиевани од Холокаустот. Каква е реакцијата на личностите кои ги среќавате, и каква е вашата реакција кога ќе се претставите? Дознав дека сте ја истетовирале Давидовата ѕвезда на градниот кош, а носите и приврзок подарен од личноста која го преживеала Холокаустот. Многу моќен, емоционален и хуман гест, морам да признаам.

Постојат повеќе начини да се оддаде почит на жртвите од Холокаустот, а и на преживеаните. Секој треба да си го пронајде начинот на кој најмногу му одговара, но всушност приврзокот му го даде внуката на една од преживеаните личности кои ги сретнав во Аушвиц.

Вие сте исто така „посвоениот внук“ на Ева Мозес Кор, преживеана од Аушвиц. Ми беше мило да дознаам дека всушност таа ви пристапила, дека ве контактирала по толку години, а ви понудила прошка, пријателство и добрина.
          – Имаше потреба за љубов и семејство какво што никогаш не го имал,  изјави Кор за вас.

Да вистина е. Но, не беше легално посвојување, повеќе емоционално да го наречам. И ми претставува чест што е така. Но, има и поголема порака во станувањето на „член на семејството Кор“. Можеме да изградиме мостови без разлика, на бојата на кожата, религијата, етничката припадност, сексуалноста... Но, тоа кажува колку таа е способна да прости. Јас сè уште не можам тоа да го направам за моите татко и дедо.

Јубилејот од ослободувањето на Аушвиц беше топ тема во светските медиуми. Како беше пренесена 70-годишнината од ослободувањето на Аушвиц во германските медиуми и како се третира Холокаустот сега во речиси сите аспекти од општеството? Образованитето, медиумите, јавноста, политиката, невладините организации....

Резонанцата од Холокаустот во Германија до ден денешен е голема, но третирана со „ракавици“ и внимателно се следи секоја активност на нео-нацизам од јавноста, медиумите па дури и индивидуите. Бидејќи постои уште таква активност.

За крај да позборуваме малку и за вашата сегашност. Кажете ми малку повеќе за вас. Имате и сопствена кетеринг компанија во Штудгарт. Исто така низ годините успеавте да надминете и серија здравствени проблеми, за сега да посветите и дел од вашето време едуцирајќи ги младите од Германија за опасностите од нацизмот. Каков е вашиот живот сега на возраст од 49 години?

Три срцеви удари и еден мозочен. За среќа сега сум комплетно здрав, посветен на семејството и работата. Но, можам да кажам дека едуцирањето сега е целодневна професија за мене. Важно е да ги едуцирам младите од Германија за опасностите од екстремизмот и нео-нацизмот, бидејќи еден ден можеби некој од нив ќе дојде на позиција да ја води државата. Исто тоа го правам за историјата да не се повтори. Има премногу омраза во светот и таа расте секој ден, па затоа сметам дека треба да ги држам очите отврено на младината за тоа.

С.Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...