Приказна за прераскажување
Јасмина Главинче, „Визарт“

Љубов од садлива хартија

Природата се восприема со срцето. Приказните на оние кои умеат да го прават тоа, треба да се слушнат, запомнат и да се прераскажуваат.



Токму таква е приказната на дизајнерката Јасмина Главинче, раскажана преку нејзиното креативно чедо – „Визарт“ (WizArt). Како што навестува самото име, „Визарт“ говори за волшепството што во себе го крие уметноста, проткаено низ боите на природата...

Која е твојата лична релација со природата? Што е она кај неа што те придвижува, плени, инспирира?

Природата ја поистоветувам со архетипот мајка. Пред сѐ, кон неа гледам со огромна почит, таа е мојот најголем херој и пример за следење. Есенцијалноста на таа парадигма, ми овозможи да сфатам дека движечката енергија не пулсира само во нас, таа е во постојана синергија со сѐ она што нѐ опкружува. Таа ме натера длабоко да се осознавам себеси и своето битисување... да ги видам, слушнам и доживеам миракулите... Планетата Земја е како вселенски број кој постојано патува низ универзумот, ние не сме нејзини патници ние сме екипажот.

Изгубениот допир со природата



Живееме во модерен свет, свет на консумеризам, комјутери.. Кога наеднаш човек ќе помисли колку неправедно сме ја запоставиле природата и колку малку правиме за неа, доаѓа вашата приказна за садливата хартија... за никулец кој значи надеж дека можеме да се промениме. Кажете ни повеќе за тоа... Како дојдовте до идеја да творите користејќи ја садливата хартија?

Фундаменталниот проблем е морален. Нашиот удел е повеќе од значаен и само ние самите сме одговорни за своите акции. Животот не е себично задоволување на нашите основни потреби. Слепиот консумеризам и нашата ноншалантност кон третирањето на отпадот води само кон пропаст и неодржлива иднина. Пресудно е да се освестиме и да го вратиме изгубениот допир со природата во урбаната градска средина во којашто живееме.

Најлесен начин и навистина добар старт да го сториме тоа е да почнeме со нешто толку едноставно, како што е создавање сопствени градини.

Се вклопува ли градинарството во модерниот животен стил?

За оние што не знаат, садлива хартија е...

Рачно изработена, рециклирана хартија, во која при процесот на изработка се вметнува семе. На готовиот лист може да се печати, со што таа станува продукт (картичка, бележник за книга, нотес и сл.). Кога продуктот ја губи својата утилитарна намена, не се фрла во канта за отпадоци, туку се засадува во саксија или во двор, под тенок слој земја. За само неколку дена, со често полевање, семињата (од цвеќиња, зачини, чаеви, па дури и зеленчук и овошје) ќе почнат да ‘ртат и да се развиваат. Значи не само што не создава отпад (хартијата е биоразградлива), таа „оживува“. Се претвора во растение кое разубавува, враќајќи го изгубениот контакт со природата.
Градинарството како да не се вклопува во нашиот животен стил. Како да постои верување дека одгледувањето растенија е „забавно“ само за бабите кои мислат дека iPad е модерна даска за сечкање. Но, „металниот“ свет е поблиску до утопија отколку мала зелена градина.Само едно засадено семе може да го промени начинот на размислување, а една мини домашна градина може да ти го промени животот. Таа е вистинска зона без стрес, не само што додава убавина во домот, и во твојата чинија, тоа е допирлив продукт на сопствена креација, вајање со, а не против природата.

Кој е главнито виновник за ваквиот став?

Главниот „виновник“ за ваквите мои аспирации е хартијата со семе која ја изработувам. Нејзината еколошка мултифункционалност ме плени и освои од самиот почеток. Јас не сум нејзин изумител, но повеќе од доволно е што ја открив и успеав да ја имплементирам кај нас. Историјата за неа е навистина нејасна, но верувам дека идејата може да е стара колку и самиот начин на изработка (околу 2.000 години).

„Телеграма од природата“

Садливата хартија ја користите за создавање на вашите дела. Ќе ја видиме во облик на постерчиња, маркери за книги, нотеси, а секако и оригинални новогодишните честитки, кои сега, во ова предновогодишно доба, го тераат човека со носталгија да се присети на детството... Какви пораки пренесуваат изработките?

Хартијата до ден денес е интегрален дел од нашиот живот. Од книгите кои ги читаме до хартиените пакувања кои секојдневно ги фрламе, без да се запрашаме колку природни и енергетски ресурси се трошат за нејзина изработка. За разлика од обичната, садливата хартија е продукт на рационално третиран отпад. Не создава ѓубре, ја збогатува атмосферата со кислород а, освен сопствената порака по кој било повод, пренесуваш и еколошка порака која секој ја восприема со силно воодушевување. Илустрациите кои ги аплицирам на хартијата, се личен дизајнерски потпис... се трудам да бидат едноставни, весели и да го илустрираат мојот светоглед.

Еден вид телеграма од природата?

Да, пораките што ги пренесуваат моите изработки се дирекна телеграма од природата. Она што веројатно сакам да го кажам е дека ние не сме единствените жители на оваа планета, дека немаме поголеми права од кој било жив организам, дека човекот и без љубов би овенал како растение без вода и сонце, дека возењето велосипед го ослободува умот, го јакне телото, но и го разбиструва градот.

Хартијата ја декорирате и со „туѓи инспирации“?

Освен со мои дизајни, хартијата ја декорирам и со илустрации од Тања Оае, архитект и илустратор чиј духовен и визуелен сензибилитет го сметам за близок до својот и премногу искрен. Отворена сум за соработка со секој кој би сакал да ја презентира својата работа преку овој несекојдневен медиум.

Координати за... љубов



Човек за празниците има потреба да подари, да сподели и израдува... Што сѐ љубителите на убавото и корисното можат да купат кај вас? Каде можат да се најдат вашите дела? Дајте ни ги координатите за... љубовта

Моите дела моментално можат да се нарачаат преку фејсбук страницата на „Визарт“, а често сум присутна и на базарите за уметнички ракотворби во Скопје. Доколку сте индивидуа или компанија која сака на еколошки и креативен начин да ја искаже својата свесност и посветеност кон животната средина, лесно ќе ме пронајдете.

Ц. Беличанска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...