Скопје е дел од мојот живот, а Parni Valjak ми е сè што некогаш сум посакувал

Parni Valjak или балканските Rolling Stones, оваа година прославуваат 40 години успешна кариера. Момците од групата непрестајно се трудат да ги израдуваат своите обожаватели со нови песни, но и умеат да им вметнат нов „шмек“ на оние познатите стари хитови, имаат неверојатна енергија која знаат како да ја одржуваат.



Токму за нивниот роденден, Parni Valjak ќе одржат голем концерт на 6 јуни, во спортската арена Борис Трајковски. Ве повикуваат заедно да се забавувате, а воедно и да го прославите нивното постоење. За време на нивната посета во Скопје, имавме можност да си помуабетиме со нашиот Аки Рахимовски, кој ни сподели мошне интересни работи за неговиот живот, но и за кариерата на Parni Valjak.

Како се чувствувате кога доаѓате во Скопје? Дали ви се будат безброј спомени?

Јас веќе 19 -20 години живеам во Загреб, а кога доаѓам тука нормално e дека ми се враќаат спомени, со оглед на тоа дека овде го поминав моето детство. Тука ми се корените, сите пријатели, моите роднини, едноставно Скопје е дел од мојот живот.



Кога имам време се обидувам да дојдам со мајка ми и со моето семејство. Обично преку лето, кога почнуваат годишните одмори знам да одвојам 10-15 дена, но и секоја слободна прилика што ја имам се трудам да ја поминам во Скопје.

Која e приказната на едно младо момче кое свири во локален бенд да премине во една легендарна група како што е Parni Valjak?

Кога се формираше групата ме повикаа да испеам нешто, но тогаш не знаев дека Parni Valjak ќе прерасне во вака популарна група. Сепак, многу верував во себе. Со сите од бендот прво станавме добри пријатели, а потоа едноставно запливавме и во  музичките води. До ден денеска сум добар пријател со момците. Човек треба да верува во тоа што го сака, за да постигне успех.



Дали сте размислувале за поуспешна кариера во Македонија?

Овде имав кратка кариера со групата Торр скоро три години, но потоа заминав во Загреб и се случи тоа што се случи.

Кој ви е омилен македонски пејач?

Од нашата генерација има многу големи пејачи, како што се Џафер и Влатко Стефановски, но мислам дека Тоше остави огромен белег во нашите срца и само сакам да кажам „Те сакам Тоше“ и ништо друго.



Која е тајната на Parni Valjak за 40-годишна успешна кариера?

Мислам дека секој кога ќе влезе во музичките води или ја има музиката во себе или ја нема. Тоа е уметност која треба да се почитува, а не да се продава. Тоа е сосема искрен пристап кон она што го работиме, затоа што тоа не е една обична работа, туку е една креација, една уметност. Кога слушам некоја песна, ги затворам очите и си создавам некоја слика во моите мисли за да знам дали е добра или не. Можеби токму тој пристап е нашата тајна.

Со оглед на трендовите кои се наметнуваат во песните, како се обидувате да останете свои и со препознатлива енергија?

Тоа е само работа на пристапот. Valjak има свој ракопис, па кога ќе го слушнете инструменталниот дел знаете дека е Valjak, кога ќе го слушнете вокалот тогаш сигурни сте дека јас пеам, односно повторно Valjak. И тоа е нешто што не се постигнува преку ноќ, туку со долго време откако ќе направите еден бренд, за кој се трудите вечно да живее. Бреднот се постигнува со многу труд и работа. Ние сме работеле и во реге варијанти, со симфониски оркестар и во unplugged верзија, затоа што со музиката треба креативно да си играш. Токму во unplugged верзија некои од нашите песни, станаа уште поголеми хитови. Ако сакате некоја песна повторно да ја обработите, мора малку да го сменете пристапот за песната да добие ново кожувче.



Сте размислувале ли некогаш дека еден ден ќе бидете балканските Rolling Stones?

Ова е голема чест и благодарен сум. Rolling Stones имаат 50 годишна кариера, ние 40 години, па изгледа како да трчаме зад нив. Фала му на Господ што трчаме, а не сме ги стигнале, затоа што ако ги стигнеме, тогаш готово е со Roling Stones.

Кои се следните планови откако ќе заврши турнејата?

Сега сме сконцентрирани на нашата прослава и тоа во текот на цела година имаме концерти во овој регион. Веќе идната година имаме закажани концерти во Америка, во дел од Европа, како и Австралија, каде што никогаш не сме биле, за да не слушнат во живо и оние кои живеат таму.



Кој е најголемиот концерт, кој најмногу му се допаднал на Parni Valjak?

Има многу фази, а мене фазите на unplugged верзија ми се омилени. Нашите песни звучеа предобро, затоа што тоа е акустичен пристап. Звуците на гитарата, на тапаните и на вокалот беа вистински предизвик. Откако се случи целата хемија со таа верзија, одеднаш почнавме да полниме големи сали со 20.000 публика, иако unplugged се свири во мали сали. Исто така, на пример, во Белград во рок од два дена успеавме да наполниме две белградски арени, а по 20 дена повторно се распродадоа картите. Најголемиот концерт ни бил во Ушче, со 80.000 публика. Луѓето доаѓаат на концерт заради музиката и концертот. Се радуваме кога тие кои доаѓаат на концертите се сакаат и шират само позитивна енергија, а тоа е суштината на нашите концерти.

Дали Sve još miriše na nju?

Колку што гледам никогаш не ни престанало.

 

И. Витановска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...