„Тероризам“

Среќен роденден МНТ!

2015 година, Македонскиот народен театар го одбележува својот 70. роденден и по тој повод два и пол месеци театарот, и ние со него, празнуваме!



Дел од настаните во чест на седумдесегодишнината се гостувањата на сцената на МНТ на ансамбли од другите професионални театри од земјава, националните театри и независните продукации и академии до земјите-пријателки, гостувањето со претставата „Вечната куќа“ на театарскиот фестивал во Будимпешта и трите премиери пред крајот на пролетната сезона. Првата од нив, претставата „Тероризам“, својата премиера ја имаше на 16 ти април.

„Тероризам“ на малата сцена



Премиерата на претставта во режија на актерот и режисер-дебитант Јордан Симонов по текст на браќата Олег и Владимир Пресњакови „Тероризам“, на малата интимна сцена на МНТ беше дочекана со смеа, видно раположение во публиката и неизбежно гласен аплауз на крајот. Замислете за миг ситуација во која пред некое ваше важно патување добивате SMS порака со следната содржина: „Почитувани, Аеродромот е затворен, вашиот лет е одложен.“ Токму вака, прераскажано во наш манир започнува летот кон едно неизвесно патување поделено во 5 сцени, 5 одлични приказни. Дејствието кое до самиот крај го купува љубопитсвото на гледалиштето, екипата од 13 актери подеднакво заслужено го оправдуваат изборот на Симонов кој своитe колеги удобно ги распоредил по следниов ред на летање:



,,Аеродром“ со Гораст Цветковски, Никола Ацески, Салвиша Кајевски и Ќире Ѓоревски,

„Спална соба“ со Николина Кујача и Сашко Коцев,

„Клупа“ со Звездана Ангеловска и Марија Новак,

„Соблекувална“ со Кире Ѓоревски, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев и Александар Микиќ,

„Авион“ со Гораст Цветковски, Никола Ацески, Салвиша Кајевски и Драгана Левенска.

Разговаравме со двајца од тринеасеттемина патници во оваа претстава.

Гораст Цветковски

Имате ли порака до публиката, зошто треба да ја погледнат „Тероризам“?

Во принцип, публиката треба да гледа претстави, секакви, но конктерно „Тероризам“ ја препорачувамм затоа што е духовита, убаво и пред сѐ искрено направена. Без какви било предрасуди и пресија од кого било во екипата. Сите работевме со ќеиф.

Дали неверството го оправдува она што вашиот лик го мотивира да го „одигра“ на сцената?

Сцената „неверство“ е карика од синџирот. Целата претстава е околу тоа како секој се тероризира себеси. Конкретно, ликот кој јас го толкувам се тероризира да не задоцни, се тероризира со страв од летање, немање WiFi, немање батерија на мобилниот, се тероризира со помислата дека жена му има љубовник, терор му е и помислата дека баба му може секој момент да го отруе, дека нема авторитет на работа. Јас лично, освен за бабата, со сите останати работи сум се борел. Човечки е да се сомневаш во себе, но глупаво е и таа една третина од живот (нели, 8 часа спиење, 8 часа работа,) да се помине во постојана грижа за нешто кое можеби и нема да се случи.



Каква иднина му предвидувате на „Тероризам“?

Светла иднина исполнета со полни гледалишта на малата сцена. Многу дебати и разговори во врска со претставата. По некое гостување, по некоја караница, сѐ за да остане најдоброто на сцената.

Колку во оваа претстава можеме да се насмееме, а колку вистински да се замислиме што нѐ очекува на следниот авионски лет?

Претставата не може да се „преживее“ без искрено смеење, и тоа не потсмевање туку вистинско, залауфано смеење. Во поголемиот дел е така, но има делови (тамам дозирани) кои малку пофилозофски гледаат на суштината... Во тие „ досадни“ моменти даваме можност гледачот да се препознае во некој од нашите ликови.

Никола Ацески

Дали и зошто „Тероризам“ е поинакво од вашите досегашни театарски искуства на сцената на МНТ?

Поинаква е заради предизвикот да се создаде комплетен лик, со оглед на фактот што играм само еден аспект на тој лик.

Како функцинира вашиот лик во овој текст, како жртва или како некој кој има полза од дадената ситуација?

Ако тргнеме од тоа дека хероите биле жртви на божицата Хера, и секое нивно дејство е во полза на дадената ситуација , јас мојот лик го играм како херој.

Претставата ја обработува темата за тероризмот околу нас и во нас самите, која е вашата дефиниција за анти-тероризам?

Секој акт на спротивставување на оној кој нанесува зло на другите. Самата претстава ја има таа позиција.

Зошто „Тероризам“?

Затоа што е едно од најпознатите и најизведуваните дела на браќата Пресњакови познати како писатели, сценаристи, режисери, продуценти и актери.



Изведена е премиерно во Московскиот Арт театар во 2002, а потоа следуваат гостувањата на театарските сцени во Лондон, Шведска, Полска, Норвешка, Шпанија, Ирска, Естонија, Тајван, Австралија, Чиле, Бразил, Канада и на Бродвеј. По околу 13 години патување насекаде низ светот стаса и во Македонија каде што Јордан Симонов како магистерски труд се одлучи да ја постави на сцената на МНТ, и не погреши.

Не колебајте се да ја погледнете „Тероризам“, претставата во која ќе се исплашите, ќе се насмеете, препознаете и... длабоко ќе се замислите!



Рашела Г.

Интервјуто е преземено од магазинот на Т-Мобиле - Мој клуб. Во најновиот број читајте интересни содржини од областа на технологијата, мобилните телефони, интервјуа, занимливости....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...