вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008

Носителот во двојката од коалицијата „Сонце“ Мансијевски на мини-митинзи во три кумановски населби

Куманово, 13 мај (МИА) - Носителот на листата во втората изборна единица од коалицијата „Сонце -коалиција за Европа“, Јован Манасијевски и кандидатите за пратеници од таа единица денеска одржаа три мини-митинзи со жителите од населбите Тоде Мендол, Перо Чичо и Гоце Делчев.

Манасијевски на кумановци им вети анти-инфлаторна политика и брзо интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.

- Во Македонија никогаш немало инфлација од 10 отсто. Дури и Албанија има инфлација од 4 проценти и куповната моќ на нивните граѓани е повисока од куповната моќ на Македонците, рече Манасивески.

Тој го критикуваше носителот на листата во двојката на коалицијата „За подобра Македонија“, Трајко Славески дека од солидарниот фонд на пензионерите зел седум милиони евра.

- Не му се доволни милијарда и 300 милиони евра во Буџетот па мораше на пензионерите да им ги земе и парите од фондот, а потоа неговата партија да се фали пред граѓаните дека ги зголемила пензиите, рече Мансијевски.

Тој се осврна и на односот на ВМРО-ДПМНЕ кон најголемата општина во држвата, бидејќи, како што вели, за две години не издвоила ниту денар за Куманово.

Пред жителите на трите населби зборуваше и кандидатот за пратеник од „Сонце“, Иван Анастасовски кој рече дека неговата партија излегла од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, поради невлегувањето на Македонија во НАТО како и поради недонесениот Закон за стечајци.

Пред кумановци се обратија и кандидатите за пратеници Оливер Спасовски, Виктор Цветковски, Велимир Кузмановски и Александра Ѓорѓиевска кои презентираа дел од изборната програма на коалицијата „Сонце“.


МОСТ: Констатирани неправилности во Бојане, Радуша, Челопек и Теново
Прегласувањето без посериозни проблеми, одѕивот до 13 часот 25,64 отсто
МВР приведе едно лице под сомнение дека го попречувало изборниот процес во село Бојане
ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 10 часот е 9,5 отсто
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Топ стории за последните 7 дена од
Избори 2008
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи