
|
 |
Избори 2008
|
|
Трајко Славески на средби со граѓани во населба Ченто
Скопје, 13 мај (МИА) - Трајко Славески носителот на листата во втората изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ во рамките на предизборната кампања попладнево имаше средба со граѓаните во скопската населба Ченто.
Славески го посети локалниот пазар каде во средбите со граѓаните се запозна со проблемите со кои тие се соочуваат, а одржа и минимитинг кај основното училиште „Крсте Мисирков“
Тој се осврна особено на економската програма на Коалицијата „За подобра Македонија“ и најави продолжување на реформите што во последниве 20-тина месеци ги спроведе Владата на премиерот Никола Груевски. Славески, меѓу другото, посочи на намалените даноци, субвенциите во земјоделството, инвестициите во спортот и образованието, нагласувајќи дека програмата „Преродба во 100 чекори, надградена и проширена“, најголемото внимание посветува токму на економијата.
Покрај Славески пред присутните се обратија и кандидатите за пратеници од оваа изборна единица Благородна Дулиќ, Саве Савески, Кираца Тутевска и Авдија Пепиќ.
Славески и градоначалникот на општина Гази Баба, Коце Трајановски, денеска отворија ново детско игралиште во населбата Ченто.
Вечерва тој ќе одржи митинг и во скопското село Стајковци.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Избори 2008 |
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|