петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Избори 2008

Премиерот Груевски ги осуди инцидентите и повика на мирни и фер избори

Скопје, 13 мај (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска ги осуди сите инциденти од почетокот на изборната кампања, ги повика партиите да го почитуваат Кодексот за мирни, фер и демократски избори и најави дека ќе бидат санционирани сите предизвикувачи на кои предизвикуваат насилство.

- Ги осудувам сите досегашни изборни инциденти што се случија во изминатите неколку дена, вклучувајќи го и вчерашниот, и ги повикувам сите актери на политичката сцена да го почитуваат тоа што го потпишавме, дека можеме и мораме заедно со Националниот демократски институт и заедно со сите политички партии политичката борба да има своја смисла и да биде борба на концепти и на идеи. Таа не може да се претвори во арена на борба којашто повеќе претставува борба со сила, со мускули или со оружје отколку борба на концепти и на идеи, рече Груевски во изјавата пред Владата на Република Македонија.

Тој порача дека институциите на системот ќе направат се што е во нивна моќ да ги сопрат или казнат оние кои ќе ги злоупотребат изборите и оние кои ќе сакаат да ги претворат во друг вид на арена, а не во политичка.

- Во тој контекст веројатно тоа најдобро го почувствува човекот кој вчера е приведен во полиција, а убеден сум дека тоа ќе го почувствува и вториот по кој се трага по вчерашниот инцидент, додаде премиерот Груевски.

Тој истакна дека по повод инцидентите, денеска разговарал со двајцата главни политички актери во албанскиот блок Мендух Тачи и Али Ахмети, и оти тие изразиле подготвеност да направат се што е во нивна моќ да спречат натамошни инциденти, да влијаат на своите активисти за политичката борба да продолжи како борба на концепти и идеи и да не дозволат името на Република Македонија да го валкаат  некои поединци кои можат да и нанесат штета на државата.

- Сакаме да има фер избори. Се обврзавме на фер избори и во оваа прилика ги повикувам сите политички партии, претседателите на политичките партии, но и раководствата и активистите и оние кои на терен ги прават проблемите, и да порачам дека нема да има партиска заштита за никого независно кој од која партија е и за која партија се борел, независно дали таа е на власт или можеби некоја планира да биде на власт. Сакам да порачам дека партиска заштита нема да има за никого и дека институциите на системот ќе делуваат согласно Уставот и законите, порача премиерот Никола Груевски.


МОСТ: Констатирани неправилности во Бојане, Радуша, Челопек и Теново
Прегласувањето без посериозни проблеми, одѕивот до 13 часот 25,64 отсто
МВР приведе едно лице под сомнение дека го попречувало изборниот процес во село Бојане
ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 10 часот е 9,5 отсто
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Топ стории за последните 7 дена од
Избори 2008
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи