
|
 |
Избори 2008
Кичево осамна со албански знамиња
Кичево, 14 мај (МИА) - Партиски знамиња на ДУИ и знамето на Република Албанија осамнаа денеска на бандерите низ кичевските улици. Од локалната власт велат дека никој од нив на побарал дозвола за поставување на знамињата што значи дека тие се нелегално поставени.
Според законските прописи истакнувањето на знамиња за одбележување на празниците е обврска на општината, додека секое друго истакнување на знамиња на јавни градски површини е забрането.
Од одделението за правни и нормативни работи на општина Кичево најавија дека политичките пратии ќе бидат информирани дека својата партиска иконографија ќе можат да ја истакнуваат само дента пред закажаните митинзи на градскиот плоштад во Кичево. Секое друго истакнување на знамиња ќе биде санкционирано, а истите ќе бидат отстранети.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|