четврток, 08.01.2009

  IDIVIDI Мени
Избори 2008

Јосифовски: Позитивна вкупната оценка за изборите одржани на први и 15 јуни

Скопје, 15 јуни (МИА) - Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 1 јуни и на денешното повторено гласање освоила 481.602 гласови, Сонце - Коалицијата за Европа 233.362, ДУИ 125.997, ДПА 83.678, ПЕИ 14. 473 и ПДП 5.209 гласови, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Јован Јосифовски.

Одѕивот на гласањето на ниво на цела држава изнесува 57,16 осто. Јосифовски ги соопшти податоците на ДИК добиени од 2.972 избирачки места односно 99,87 отсто, од вкупно 2.976 во шесте изборни единици во Македонија. На предвремените избори, според ДИК, излегле на гласање 1.015.034 избирачи од вкупно 1.779.116 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Бројот на важечки гласачки ливчиња изнесува 986.798. 

Јосифовски оцени дека денешното прегласување помина во мирна фер и демократска атмосфера во најголемиот дел од избирачките места.

- Република Македонија на ова повторно гласање успешно го положи тестот што требаше да го положи и сметам дека вкупната оценка за изборите одржани на први и на 15 јуни е позитивна. Со тоа Република Македонија покажа и докажа дека може и мора да спроведе фер и демократски избори, рече вечерва претседателот на ДИК Јосифовски.

Повтореното гласање денеска се одржа на 183 избирачки места, од вкупно предвидените 187, и тоа во првата, втората и во шестата изборна единица. Одѕивот на гласачите изнесуваше 48,90 отсто, соопшти Јосифовски.

Вкупно, ДУИ денеска освои 38.642 гласови, додека ДПА 32.133.

Во првата изборна единица одѕивот на гласачите на 28 -те избирачки места изнесувал 54, 74 отсто. Најмногу гласови освои ДУИ 7.822, додека ДПА доби 5.863.   

Во втората изборна единица обработени се податоците од повтореното гласање во 40 избирачки места, каде излезноста изнесуваше 49,03 отсто. ДУИ освои 10.551 гласови, додека ДПА 5.620.  

Во шестата изборна единица на 115 избирачки места одѕивот на гласачите бил 47,28 отсто. ДУИ освоила 20.269, а ДПА 20.650 гласови.


МОСТ: Констатирани неправилности во Бојане, Радуша, Челопек и Теново
Прегласувањето без посериозни проблеми, одѕивот до 13 часот 25,64 отсто
МВР приведе едно лице под сомнение дека го попречувало изборниот процес во село Бојане
ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 10 часот е 9,5 отсто
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Топ стории за последните 7 дена од
Избори 2008
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи