четврток, 08.01.2009

  IDIVIDI Мени
Избори 2008

МОСТ: Прегласувањето мирно со одредени нарушувања на процедурата за гласање

Скопје, 16 јуни (МИА) - Граѓанската асоцијација МОСТ во прелиминарниот извештај за прегласувањето на предвремените парламентарни избори оценува дека денот на прегласувањето бил мирен со силно присуство на полицијата и со сериозни нарушувања на процедурата на гласање на одредени избирачки места.

- Набљудувачите на МОСТ забележаа значителен број случаи на семејно гласање, гласање во име на друг, гласање без соодветна документација и повеќекратно гласање. Најголем процент од избирачките места со вакви нарушувања се во Изборната единица 6, рече претседателот на МОСТ Дарко Алексов на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека прегласувањето ги спречи и изолира насилите однесувања на криминалните групи поради силното присуство на полицијата но, како што кажа, не придонесе за значително менување на впечатокот за целосната слика на изборите во сферата на спроведување на процедурата на гласање.

- Во споредба со 1 јуни не е забележан притисок како врз избирачките одбори така и врз гласачите, а бројните набљудувачки тимови и присуството на полициските сили им овозможија на избирачките одбори комплетно да ја контролираат процедурата и да ја преземат одговорноста за регуларноста на изборите, рече Алексов, истакнувајќи ја одлично завршената работа на МВР.

Тој нагласи дека ДИК постави нови стандарди на заштита на избирачкото право со бројот на гласачки места во кои не беа прифатени резултатите од 1 јуни, но нагласи дека сепак мора пропустите во сопствената администрација како од прегласувањето така и од изборите на 1 јуни да ги посочи и најригорозно да ги санкционира.

Прелиминарната оценка за прегласувањето МОСТ ја изнесува врз основа на извештаите добиени од 310 набљудувачи распоредени на 86 проценти од избаричките места на кои се прегласуваше.


МОСТ: Констатирани неправилности во Бојане, Радуша, Челопек и Теново
Прегласувањето без посериозни проблеми, одѕивот до 13 часот 25,64 отсто
МВР приведе едно лице под сомнение дека го попречувало изборниот процес во село Бојане
ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 10 часот е 9,5 отсто
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Топ стории за последните 7 дена од
Избори 2008
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи