
|
 |
Избори 2008
|
|
Миловановиќ: Прегласувањето спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни
Скопје, 16 јуни (МИА) - Прегласувањето на 15 јуни на предвремените парламентарни избори беше спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни, вели во писмената изјава до медиумите амбасадорот на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ.
- Одлуката во целост да се прегласува во оние избирачки места каде што изборите на 1 јуни беа одбележани со измама, застрашување и/или насилство, заедно со забележливо подобрената безбедносна атмосфера, им пружија на гласачите можност слободно да ја изразат својата демократска волја. Ги поздравуваме органите на власта задолжени за спроведување на законот, заради нивното ефикасно и професионално однесување, како и заради нивната спремност да го применат законот во случаите на насилство и застрашување во близина на избирачките места, вели Миловановиќ.
И покрај тоа што прегласувањето беше значително подобро во однос на гласањето на 1 јуни, како што истакнува американската амбасадорка, забележани се сериозни нерегуларности на повеќе избирачки места, како полнење на избирачки кутии, организирано семејно гласање и гласање за друг, како и непочитување на утврдената процедура за спроведување на гласање и броење на гласови.
- Ги повикуваме властите и политичките партии да работат заедно за да ги исправат овие слабости на натамошните избори. Властите мораат да продолжат енергично да спроведуваат истраги, судски да ги гонат и соодветно да ги казнат оние, за кои ќе биде утврдено дека сториле изборни измами. Се надеваме дека сите политички лидери ќе се стремат кон спроведување на избори во иднина кои ќе ги задоволат меѓународните стандарди и ќе ги унапредат аспирациите на земјата за интегрирање во НАТО и во ЕУ, истакнува амбасадорката Миловановиќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Избори 2008 |
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|