
|
 |
Избори 2008
|
|
Државната изборна комисија одлучи на 29 јуни да се прегласува на четири гласачки места
Скопје, 17 јуни (МИА) - Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука на 29 јуни да биде повторено гласањето во четири гласачки места во Шестата изборна единица. Ќе се прегласува во три избирачки места во Голема Речица, каде што гласањето воопшто не започна, и во едно во село Седларево во општина Желино, каде гласањето беше прекинато повеќе од три часа.
Претседателот на ДИК Јован Јосифовски рече дека гласањето ќе се повтори бидејќи бројот на избирачите, кој изнесува околу 3.000, влијае врз добиените пратенички мандати.
ДИК, исто така, ќе достави барање до општинските изборни комисии да поднесат извештај за нивната работа и работата на избирачките одбори со цел да се добие информација за тоа кој од изборните органи работел незаконски и да биде покрената дисциплинска постапка.
Врз основа на известувањата од Советот за радиодифузија, ДИК донесе решение за покренување прекршочна постапка до надлежните судови за МТВ 1, МТВ 2 и Сител кои го прекршиле членот 77 од Изборниот законик. Тие на 20 мај емитувале прилози за испитување на јавното мислење.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Избори 2008 |
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|