недела, 22.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Избори 2008

ДПА поднесе 13, ДУИ четири жалби до Врховниот суд

Скопје, 22 јуни (МИА) - Во врска со одлуките на Државната изборна комисија за повтореното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, одржано на 15 јуни годинава до Врховниот суд ДПА вчера поднела 13 жалби, а ДУИ четири, соопшти денеска ДИК.

Жалбите на ДПА се однесуваат на 10 општини во изборната единица 6, по една жалба за општините Врапчиште, Зајас, Осломеј, Гостивар, Јегуновце, Желино, Теарце, Брвеница и по две жалби во општините Боговиње и Тетово, со вкупно 80 избирачки места. Една жалба се однесува на 18 избирачки места во општината Сарај во изборната единица еден.

Жалбите од ДУИ се однесуваат на четири избирачки места во општините Гостивар, Тетово и Брвеница во изборната единица шест и за две избирачки места во општината Сарај во изборната единица еден.

Врховниот суд на Република Македонија треба да донесе решение во рок од 48 часа од приемот на жалбата. ДПА жалбите ги доставила во 18 часот, а ДУИ во 19 часот и 20 минути.


ОБСЕ/ОДИХР: Прегласувањето ја подобри сликата за изборите, останува оценката дека не беа запазени одредени стандарди (ДПЛ)
Миловановиќ: Прегласувањето спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни
ОБСЕ/ОДИХР: Прегласувањето ја подобри сликата за изборите, останува оценката дека не беа запазени одредени стандарди
МОСТ: Прегласувањето мирно со одредени нарушувања на процедурата за гласање (ДПЛ)
ДИК: „За подобра Македонија“ 63 пратенички мандати, „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА - 11 и ПЕИ еден
МОСТ: Прегласувањето мирно со одредени нарушувања на процедурата за гласање
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи