понеделник, 30.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Избори 2008

ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратенички места, „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ 1

Скопје, 29 јуни (МИА) - По денешното повторно прегласување на предвремените парламентарни избори 2008, ВМРО - ДПМНЕ освои 63 пратенички места, Коалицијата „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно место, соопшти вечерва на прес - конференција претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифосвки.

Од вкупно запишаните 14.551 избирач на 15-те гласачки места во изборните единици 1 и 6 каде што се прегласуваше, гласале 6.010 избирачи или 41,30 отсто.

Според Јосифовски, веќе почнаа да течат роковите за поднесување приговори и жалби.

Прегласувањето се одвиваше без посериозни проблеми и инциденти, освен во скопското село Бојане каде на две избирачки места, поради нерегуларности, привремно беше прекинато.

Во 19 часот беа затворени 13 од вкупно 15-те избирачки места. Гласањето продолжи во село Бојане онолку колку што траеше прекинот.


ДИК го поништи прегласувањето на уште три избирачки места во ИЕ 6
ДУИ и ДПА поднесоа 24 жалби до ДИК за гласањето на 15 јуни
Државната изборна комисија одлучи на 29 јуни да се прегласува на четири гласачки места
Седница на Државната изборна комисија
Стејт департмент: Прегласувањето спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни
ОБСЕ/ОДИХР: Прегласувањето ја подобри сликата за изборите, останува оценката дека не беа запазени одредени стандарди (ДПЛ)
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи