
|
 |
Избори 2008
|
|
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Скопје, 28 јуни (МИА) - На 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6 утре ќе има повторување на прегласањето од предвремените парламентарни избори. На три избирачки места ќе се прегласува по одлука на Врховниот суд, а на 12 по одлука на ДИК.
На овие избирачки места во двете изборни единици се запишани 14.551 гласач или 0,82 проценти од вкупниот број избирачи во Република Македонија. Во првата изборна единица ќе се прегласува на четири избирачки места со вкупно 3.778 гласачи, а во шестата изборна единица на 11 избирачки места со 10.773 гласачи.
Во Сарај, во првата изборна единица, ќе се прегласува на четири избирачки места и тоа на две со одлука на ДИК по приговори на ДПА, и на две со одлука на Врховниот суд по жалби на ДПА.
Во шестата изборна единица ќе се прегласува на три избирачки места во Брвеница, на две во Желино и на четири избирачки места во Тетово од кои во три гласањето е поништено по службена должност со одлука на ДИК, а на едно по приговор од ДПА. Во Желино на едно место гласањето го поништи ДИК по службена должност, а на другото по приговор од ДУИ и ДПА. Во Брвеница гласањето на едно место ќе биде повторено по одлука на Врховниот суд по жалба на ДПА, а на две со одлуки на ДИК врз основа на еден приговор на ДУИ и на еден на ДПА.
Од 13-те жалби што ги поднесе ДПА до Врховниот суд во врска со одлуките на ДИК за прегласувањето од 15 јуни, Судот прифати три, а од четирите што ги поднесе ДУИ ниту една. Жалбите на ДПА се однесуваа на 80 избирачки места, а на ДУИ на шест избирачки места.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Избори 2008 |
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|