петок, 09.01.2009

  IDIVIDI Мени
Избори 2008

МОСТ: Прегласувањето мирно, регистрирани неправилности во постапката на гласање и броење

Скопје, 30 јуни (МИА) - Граѓанската асоцијација МОСТ оценува дека вчерашното повторно прегласување на предвремените парламентарни избори било мирно, но оти повторно се забележани неправилности во постапката на гласање и броењето на гласовите.

Набљудувачите на МОСТ утврдиле дека на гласачките места 2445 и 2446 во село Бојане, општина Сарај прегласувањето било привремено прекинато поради упад на неовластени лица кои украле и оштетиле дел од гласачкиот материјал. На гласачкото место 2458 во село Радuша, општина Сарај, од девет часот избирачкиот одбор работел само со три члена, затоа што претседателот и заменикот  го напуштиле гласачкото место.  На избирачките места 2039 во Челопек и 2047 во Теново општина Брвеница забележани се по неколку лица кои гласаат повеќепати. На гласачкото место 1995 во село Вејце, општина Тетово, гласањето било на кратко прекинато поради обид за семејно гласање. Случаи на семејно гласање и на незапазување на тајноста при гласањето биле забележани на избирачките места 504 и 505 во Чегране.

Повторното прегласување на предвремените парламентарни избори МОСТ го следеше со 21 акредитиран набљудувач, распоредени на сите избирачки места на кои се гласаше.


МОСТ: Констатирани неправилности во Бојане, Радуша, Челопек и Теново
Прегласувањето без посериозни проблеми, одѕивот до 13 часот 25,64 отсто
МВР приведе едно лице под сомнение дека го попречувало изборниот процес во село Бојане
ДИК: Одѕивот на прегласувањето до 10 часот е 9,5 отсто
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
Прегласување на 15 избирачки места во изборните единици 1 и 6
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Топ стории за последните 7 дена од
Избори 2008
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи