Трагична смрт во Холивуд: Загина ѕвездата од „Fast and Furious“

Тажна вест го потресе Холивуд. Во 40-та години од животот во страшна сообраќајна несреќа загина популарниот американски актер Пол Вокер, ѕвездата на филмовите од серијалот „Fast and Furious“. Пол Вокер загинал во сообраќајна несреќа во саботата околу 15:30 часот по локално време во Санта Кларита, северно од Лос Анџелес.

Полицијата во Калифорнија ја потврди сообраќајната несреќа и првично изјави дека двете лица кои се возеле во автомобилот марка „Porsche“ загинале откако тој се запалил по удар во близина на патот.

Пол и неговиот пријател починале на самото место. Неговиот пријател, кој најверојатно го управувал автомобилот, изгубил контрола врз Porsche-то поради брзото возење, удрил во дрво, па во бандера, а на крај спортскиот автомобил се запалил.

Извори велат дека Вокер требал да присуствува на добротворен настан за поддршка за жртвите од тајфунот во Филипини, „Reach Out Worldwide“. Пол и неговиот пријател го земале новото Porsche GT на пробно возење. Несреќата се случила во текот на ова пробно возење, а брзината најверојатно е клучниот фактор за несреќата. Исто така, извори велат дека жртвите биле толку многу изгорени, па истрагата ќе потрае неколку денови пред да можат да се идентификуваат телата.


Изгубив пријател: Bill Townsend ја постираше фотографија од него со Пол Вокер снимена неколку часа пред трагичната смрт во сообраќајна несреќа во Калифорнијa

- Со навистина тешко срце ние мора да потврдиме дека Пол Вокер почина денеска во трагична сообраќајна несреќа, додека беше на пат за добротворниот настан за неговата организација Reach Out Worldwide“, се вели во соопштението на актерот на кое излезе на неговата Facebook страницата.

Херојoт на циклусот филмови "Fast and Furious" зад себе ја остави својата ќерка Медоу Реин која неодамна наполни 15 години.



Новото продлжение на филмот „Fast and Furious 7“ беше снимано оваа есен, а неговата премиера беше планирана за следното лето.

Веста за неговата смрт се прошири на интернет, а смртта ја потврдија и неговите пријатели и колеги актери преку Facebook и Twitter.



Трагичната несреќа била снимена од случајни минувачи:





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби