Одговорноста е доблест, а не маана!

Во четиринаесеттото учество на изборот за Песна на Евровизија, Македонија по петти пат (во последниве шест години) не успеа да се пласира во финалната вечер. И покрај искрените желби и очекувања, Есма и Лозано со Пред да се раздени не успеаја да се пласираат меѓу најдобрите 26 песни. За настапот на Македонија не треба многу да се коментира. Очигледно е дека имавме врвни пејачи, но она што недостасуваше за комплетен впечаток беше кореографијата и најмногу, песната. Вкусовите се различни и мислењата дека Европа не не сака се излишни. Точно е дека Евровизија и гласањето е непредвидлива работа, но она што е предвидливо е одговорност при изборот на наша песна и соодветно носење на последиците после настапот. Или во една реченица, одговорноста треба да е доблест, а не маана! Сепак, треба да сме горди што Есма е една од најискусните пејачки и по возраст и според искуство што некогаш настапиле на Евровизија и што таа за прв пат запеа на ромски јазик.

Во втората, поквалитетна полуфинална вечер, десет земји обезбедија пласман во големото финале: Унгарија, Грузија, Норвешка, Исланд, Финска, Малта Грција, Романија и изненадувањата Азербејџан и Ерменија. Нашите очекувања речиси се исполнија, со оглед на фактот што само Израел и Сан Марино (кои со оглед на квалитетот на песната) не успеаја да се пласираат во финалната вечер. На тој начин, одредена е листата за настап на утрешното финале во Малме Арената:

Франција, Литванија, Молдавија, Финска, Шпанија, Белгија, Естонија, Белорусија, Малта, Русија, Германија, Ерменија, Холандија, Романија, Обединетото Кралство, Шведска, Унгарија, Данска, Исланд, Азербејџан, Грција, Украина, Италија, Норвешка, Грузија и Ирска.



Со резултатите од полуфиналните вечери, уште еднаш се потврди дека Евровизија и прогнозите се најнеблагодарната и најнепредвидливата работа. Сан Марино, еден од најсеризоните фаворити за победа не влезе во финалето, исто како и Израел, Бугарија...Осум од девет поранешни советски републики, сега држави заедно со петте скандинавски држави ќе имаат многу силно лоби, за гласањето утре. Впрочем, тие сочинуваат една третина од земјите учеснички.

Резултатите од полуфиналните вечер ќе бидат објавени по завршувањето на изборот за Песна на Евровизија. За прогнозите и атмосферата од Малеме, екипата на ИДИВИДИ ќе ве информира директно од Малме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...