Тркало на животот: 1-минутен психолошки тест

Тркалото на животот е најкраткиот тест на личноста кој го користат многу психолози, а претставува генијална алатка за брз визуелен приказ за тоа како ви оди во 8-те најважни аспекти од животот.



Ќе ви одземе само 1 минута, а визуелно ќе ви покаже колку лесно се движи вашето животно тркало, односно колку сте избалансирани, кои се вашите силни страни, а на што треба да поработите.

8-те најважни сегменти од кои се состои животот на секој човек се: љубов (во романтична смисла); кариера (креативен и интелектуален напредок); личен развој (психолошки развој, емоции, духовност); здравје; односи (пријатели, семејство); хоби, забава и релаксација; животен стил (живеење, благосостојба, квалитет на живеење и околина) и финансии.

Сите знаеме колку е важно да се одржува рамнотежата во сите животни полиња. Во спротивно доаѓа до акумулирање на стрес и потиснување на негативни емоции што со текот на времето може да доведе до проблеми во односите, депресија и органски заболувања.

Како функционира овој тест?

Земете лист хартија и прецртајте (или испринтајте) ја сликата прикажана подолу:



Проценете го вашето задоволство на секој овој сегмент од животот за изминатиот период (месец, 6 месеци, години) на скала од 1 до 10.

Потоа спојте ги точките (оцените) со линија по тркалото на животот и погледнете кој облик сте го добиле.

Дали е тоа голем правилен круг, коцка или некој помал чуден облик?

Значи, го добивте визуелно вашето лично тркало на животот, а заедно со него добивате и преглед за тоа на што треба да обрнете поголемо внимание. Очигледно, потешко се добива што поправилен и поголем круг.

Не очајувајте доколку кај вас нема ниту една 10-ка во полињата, или доколку не сте добиле голем и правилен круг, туку некоја мала коцка или друга форма. Тоа е само почеток на вашиот подобар живот.

Психолозите уверуваат дека со редовно анализирање на овој животен круг, односно со освестување за квалитот на сите 8 аспекти на вашиот живот, можете да постигнете значаен напредок и дека вашето животно тркало ќе станува уште потркалезно и ќе врти како подмачкано.

Правете ја оваа вежба секој месец за визуелно и лесно да го следите вашиот напредок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби